Ивана (28) од Прилеп прави косплеј костими: „Се изработуваат и за една недела, но за најтешкиот ми требаа 6 месеци“

Најсложен дел беше изработката на Deathtrap – робот поголем од мене, кој го направив да се движи со помош на тркала и механизам управуван со далечински управувач.

ivana-28-od-prilep-pravi-kosplej-kostimi-07.JPG

Мој омилен косплеј е Rayne од BloodRayne, бидејќи има посебна носталгична и сентиментална вредност за мене.

ivana-28-od-prilep-pravi-kosplej-kostimi-04.JPG

Дали ги чуваш сите костими што си ги направила?

Да, повеќето костими ги чувам бидејќи зад секој од нив стојат многу часови работа и убави спомени.

Колку е прифатен овој тип на уметност кај нас? Дали луѓето генерално го сфаќаат сериозно или уште го гледаат како најобично маскирање? Од друга страна, дали има многу косплеери и дали нивниот број се зголемува?

Косплејот сè уште не е целосно прифатен како форма на уметност кај нас. Многу луѓе, сè уште го доживуваат како обично маскирање.

Сепак, ситуацијата постепено се подобрува. Сè повеќе настани се организираат во Македонија, а интересот кај младите расте, што придонесува за развој на локалната косплеј заедница.

ivana-28-od-prilep-pravi-kosplej-kostimi-03.JPG

Неодамна победи на UBCC. Кажи ми нешто повеќе за натпреварот и за костимот што го носеше.

На UBCC (Ultimate Balkan Cosplay Championship), организиран од Urusai Con, учествуваа претставници од седум балкански држави: Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Словенија.

Секој натпреварувач беше избран преку национален косплеј натпревар во својата држава.

ivana-28-od-prilep-pravi-kosplej-kostimi-08.JPG

Ова беше прво издание на натпреварот и ми претставува огромна чест што ја освоив титулата Ultimate Balkan Cosplay Champion.

Костимот со кој настапив го изработував околу два месеци, а во процесот вложив многу труд, внимание на детали и љубов кон самиот карактер.

ivana-28-od-prilep-pravi-kosplej-kostimi-09.JPG

Дали си учествувала и на други натпревари или планираш во иднина?

Да, претходно сум учествувала на повеќе косплеј натпревари, меѓу кои и оние организирани во рамки на A1 Game Fest од страна на A1 и GGTV.

Во иднина дефинитивно планирам да продолжам да се натпреварувам, да создавам нови костими и да ја претставувам Македонија на што повеќе регионални и меѓународни настани.

ivana-28-od-prilep-pravi-kosplej-kostimi-02.JPG

Што би сакала да се промени во врска со косплеј културата во Македонија? Што недостасува кај нас?

Би сакала косплејот во Македонија да добие поголема поддршка и признание како форма на уметност и креативно изразување.

Иако во последните години има позитивни промени и сè повеќе настани, сè уште недостасуваат специјализирани продавници за материјали, работилници и поголеми настани каде косплеерите можат да ги покажат своите вештини и да разменуваат искуства.

ivana-28-od-prilep-pravi-kosplej-kostimi-10.JPG

Исто така, би сакала да има повеќе можности за едукација и соработка меѓу косплеерите, како и поголема поддршка од компании и институции кои ја препознаваат вредноста на ова хоби.

Македонија има многу талентирани косплеери, а со подобри услови и повеќе можности, сигурна сум дека нашата сцена може уште повеќе да се развива и да биде препознаена и надвор од границите на државата.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Софија Спирова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ивана од Куманово е девојка со „храбар“ моден стил со експлозија од бои - не сака да се вклопи, туку... „Носам облека што ме прави среќна. Во мојот ум, класичниот леопард принт е „неут...
Каде е денес Боби Андонов, момчето родено во Австралија, кое ја претставуваше Македонија на Јуниор Е... „Моите родители потекнуваат од мали села околу Струмица. Секогаш бев тажен ...
Деми од Холандија се пресели во Македонија: „Мајка ми е Македонка, татко ми е Србин, а Шабан Шаулиќ ... „Во Холандија сè е поиспланирано и луѓето имаат брз живот. Гледам дека тоа полек...
Аспен (26) од Аризона се пресели во Македонија: „Јазикот го научив сама, тука го најдов својот мир“ „Готвам македонски јадења барем трипати неделно, постојано пробувам нови рецепти...
Еден ден со д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург: „Станувам во 5h, возењето мотоцикл ми е из... „Станувам во 5 часот затоа што сакам денот да почне мирно, а не хаотично. Не ми ...
Ивана од Куманово е креативна девојка - работи како продукт и индустриски дизајнер, обожава природа ... „Уште од мала ме привлекувале мода, естетика, шминка и уредување на простори. Во...

Најчитани неделава