Ива и Марјан Арсоски, фит пар: „Бевме на обука за полицајци во Идризово, таму се вљубивме, денес имаме 2 деца“
- Детали
- четврток, 02 јули 2026
„Се запознавме пред десет години и прво што нè спои беше работата, односно во тоа време сè уште не бевме вработени, туку бевме на обука за полицајци, на полициската академија во Идризово и од тогаш до денес сме заедно“, вели Ива Дрндаровска Арсоски (34) полициски службеник за љубовта со Марјан Арсоски (33), самостоен инспектор во МВР.

Ива Дрндаровска Арсоски (34) полициски службеник од 2019 година е во брак со Марјан Арсоски (33), самостоен инспектор, двајцата вработени во Министерството за внатрешни работи.

Претходно биле во врска 3 години, и веќе речиси една деценија се заедно, а имаат и два сина.
Професијата, но и љубовта кон спортот и здравата исхрана ги поврзуваат.
За нивната љубовна приказна Ива споделува за CRNOBELO.com:
„Се запознавме пред десет години и прво што нè спои беше работата, односно во тоа време сè уште не бевме вработени, туку бевме на обука за полицајци, на полициската академија во Идризово, и од тогаш до денес сме заедно.

Уште во тоа време кога бевме на почеток од нашата врска и двајцата вежбавме во теретана и покрај истата професија, интересот за фитнесот дополнително нè спои.
Особено во делот за исхраната и здравите навики бидејќи навистина е тешко да се постигне баланс, доколку само еден од партнерите има интерес за тоа.

Јас сум инаку вегетаријанец 10 години и од месо јадам само риба.

Инаку секое утро ни започнува со чаша вода, свежо исцеден лимон и зелен чај, па може сè друго потоа, и затоа погоре спомнав колку е полесно кога имате исти интереси, бидејќи секако ова некој мора и да го спреми уште од вечерта, па тука се надополнуваме - кога може тој, кога можам јас.


Но, морам да признаам дека повеќе тој е во кујна отколку јас, и најзаслужен за сите фит торти и колачи кои ми ги подготвува бидејќи од благо само „healthy“ (здрави) благи работи јадам.
