Брачен пар од Скопје изработува кул саксии и украси од стари гуми: „Сопругот ги обликува и штрафи, јас ги цртам“
- Детали
- сабота, 18 јули 2026
„Изработуваме најразлични украси и саксии од рециклирани гуми, како што се бубамари, желки, лебеди, филџани, чајници, магаренца со приколка, бунарчиња... Процесот започнува со сечење и обликување на старите гуми, нивно прицврстување со штрафови, а најубавиот дел е цртањето“, вели Наташа Стаменова за својот мал креативен бизнис со сопругот Аце.

Наташа Стаменова (42) и нејзиниот сопруг Аце Стаменов (46) од Скопје, родители на 3 деца, веќе шест години се занимаваат со изработка на украси од рециклирани гуми.
Аце ги изработува и обликува украсите, а Наташа ги фарбам и ги украсувам со различни цртежи и детали.

Наташа за CRNOBELO.com споделува:
„Изработуваме најразлични украси и саксии од рециклирани гуми, како што се бубамари, желки, лебеди, филџани, чајници, Миниони, магаренца со приколка, бунарчиња, лалиња, детски столчиња и многу други креативни изработки.

Секој украс е уникатен и изработен со многу труд и внимание.
За изработка на еден украс обично се потребни два до три дена.

Процесот започнува со сечење и обликување на старите гуми, нивно склопување и прицврстување со штрафови.
За тоа користиме алати за сечење и брусилка за железо.

Откако ќе се заврши основната форма, украсот се чисти со разредувач, а потоа започнувам со фарбањето.

Користиме мрсни бои за железо, а за работа ми се потребни разредувач и четки со различни големини, вклучувајќи и мали четки за ликовно цртање.

Најпрво нанесувам еден слој боја, потоа украсот се остава еден ден да се исуши, па нанесувам втор слој.

Кога и тој целосно ќе се исуши, следува најубавиот дел - цртањето на деталите и украсувањето. Најчесто користам бела, црвена, жолта, зелена и сина боја.
