Брачен пар од Скопје изработува кул саксии и украси од стари гуми: „Сопругот ги обликува и штрафи, јас ги цртам“
Работата со изработка на украси е многу интересна, но бара љубов, трпение и внимание.
Веруваме дека сè што се создава од срце изгледа прекрасно.

Освен што создаваме убави украси за дворови и градини, со нашите изработки придонесуваме и за заштита на животната средина преку рециклирање на старите гуми и разубавување на околината.

До оваа идеја дојдовме сосема случајно кога на нашите деца во училиште им беше зададена задача од рециклирачки материјал да изработат саксија.

Тогаш решивме да искористиме стара гума и да направиме нешто поразлично и интересно.



Резултатот ни се допадна, а позитивните коментари од семејството, пријателите и соседите нè мотивираа да продолжиме.

Така, од еден мал училиштен проект се роди нашето хоби, кое со текот на годините прерасна во вистинска страст и креативна семејна приказна“.





©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело