На одмор со Кристина во Сикиа, на вториот крак во Грција: „Шетаме по различни плажи, децата не тргаат без суп-даска“
Самото место Сикиа, како што кажав погоре е селце, но со дух, весело и раздвижено.
Има неколку таверни, слаткарница, маркети, гиро, сè што ви е неопходно.

Самата плажа Sykia beach е огромна и има голем простор за сопствена опрема, но и околните плажи кои не се толку големи, на секоја од нив има и бич барови со лежалки, но и дел каде што можеш да ставиш сопствена опрема.

Вториот крак е пребогат со преубави плажи, со тиркизно море и го препорачувам за со деца.
Има многу плажи како во заливчиња, мирни, плитки, без ветер, баш она што им е потребно за уживање на децата.

Би ги издвоила плажите, Toukolimnionas, Klimataria, Tigania, Agridia, Paradise Kavourotripes Beach.

Па, искрено цените ме изненадија, за разлика од првиот крак каде што во мај плаќавме две лежалки по околу 20 евра, тука на скоро сите плажи беа две лежалки од 5 до 7 евра.

Цените на кафе се движеа од 3,5 евра, па нагоре, гиро 5 евра, хамбургери од 5 до 10 евра, цезар салата околу 10 евра.

Можам да кажам дека сега навистина е полесно кога децата се малку поголеми, цел ден сме на плажа, децата уживаат во вода, само добро друштво да имаат и мама и тато имаат прав одмор“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело