Војо Иванов: Живеев 10 години со крокодил!

Доколку не го познавате лично, сигурно сте го сретнале некаде низ Скопје. Најчесто во парк или Зоолошката градина, момчето од Тафталиџе за кое цело Скопје знае дека животните му се пасија.

vojo-ivanov-ziveev-10-godini-so-krokodil-01.jpg

Како се справува со толку животни, зошто се определил за ова, каков е животот со крокодил и многу повеќе, дознајте од нашиот мал пикник со Војо Иванов.

Како почна целата оваа приказна?

Точно време нема, цел живот прибирам животни. На роденден подароци добивав папагал, риба, демек случајно нели, а јас договарав со другарите да ми купат, а моите да не знаат. Бев често во парк и во зоолошка градина, подоцна некаде во тинејџерски период, на свои 13-14 години, почнав да работам во Зоолошката градина како волонтер и таа пасија порасна.

vojo-ivanov-ziveev-10-godini-so-krokodil-03.jpg

Какви сè животни имаш чувано?

Веројатно пасија ми се егзотични животни. Пораснав со кучиња, мачиња, срни најдени од ловџии и некако паралелно ги истражував нашите, но секогаш ми биле цел на интерес оние егзотичните. Многу сакав диносауруси, едно време копнеев дека ќе бидам и археолог, па ќе можам да истражувам.

Велиш копнееше за диносаурус, кое е тоа животно кое сакаш да го чуваш, а сè уште си немал прилика?

Едно од моите омилени е животното Окапи, еден вид на жирафа, минијатурна жирафа која е откриена доцна, прилично доцна за така голем вид на животно.

vojo-ivanov-ziveev-10-godini-so-krokodil-04.jpg

Кое е тоа животно кое што си го чувал, а барало голема обврска? Секако дека секое едно е обврска нели...

Секогаш кога имате бебе животно без оглед на кој вид се работи, бебе подразбира една специфична нега, каде вие имитирате родител. Значи во случајот јас влегувам во главата на мајка срна и треба да знам што на оваа срна ѝ недостасува. Секое бебе е предизвик, но минатата година имав исклучителна прилика да се грижам за свое бебе носорог, една уникатна прилика да може да работам со животно кое е диво и припаѓа на природата и таму остана. Неговото име е Шаву, инаку тој беше ѕвездата на документарниот филм кој го снимив таму за Африка.

Како почнува твојот ден? Колку време ти е потребно да ги подготвиш сите, за да го стартуваш својот ден?

Па да, тешко е. Морам да признаам дека во последните години си го запоставив својот живот, социјалниот, културниот живот, ама кога имате една голема пасија и работа поврзана со живо битие тогаш тоа не може да се организира. Секогаш денот почнува со топлење на млеко, со една рака правиш кафе, одмрзнуваш риба, вариш јајца, а сето тоа е нормално, секое утро.

vojo-ivanov-ziveev-10-godini-so-krokodil-09.jpg

Што сè чуваш во моментов?

Во принцип последниве години многу се фокусирав на мојата работа со чување на туѓи миленици, нели пет ситер, за Скопјани, кога патуваат некаде. Секогаш кога одат на одмор, треба да се сетат на мене. И да, сè уште чувам рептили.

Како се снаоѓаш кога станува збор за чување на твоите миленици, а ти не си дома?

За среќа имам добар тим на луѓе, во први редови е татко ми, тука се и Владимир, тука е и еден нов „сопартиец“ Ненад, така да една убава фамилија.

vojo-ivanov-ziveev-10-godini-so-krokodil-08.jpg

Имаш ли недоразбирање со соседите?

За среќа имам голема поддршка од нив, ама па и не сум омилен во маало. Сепак во изминативе години поминаа мало мече, 5 штркови, орел, мршојадци и сето тоа на втор спрат во Тафталиџе, па и не е многу романтично. 10 години со мене живееше крокодил во соба, имав цимер крокодилка која од поново време живее со својот партнер во Зоолошката градина во Скопје, нејзиното име е Кристина. Прилично откачена фамилија, многу често кога пазариме со татко ми и знае да спомне: Имаш ли месо за крокодилот? И сите што пазарат, сите нè загледуваат, хахаха.

Што би им препорачал на луѓето кои сакаат да чуваат миленици, ама немаат доволно време?

Нека не земаат. Не сакам да ме сфатат погрешно, не препорачувам рептили за било кого. Треба да сте карактер на човек кој сака да ги следи рептилите во сите нивни изданија, а сите изданија и не се баш најидеалната глетка. Не е ова пудлица која ја чешлате и шетате, ниту пак срната треба да биде Ваш домашен миленик. Јас се определив да го работам ова, а секој оној кој сака да земе домашен миленик, нека се консултира прво, секако може да ме контактира мене.

vojo-ivanov-ziveev-10-godini-so-krokodil-10.jpg

Автор: Сања Стојковска
Фото: Костадин Калошев
(c) CRNOBELO.com

Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
„Пред 45 години успеав да ја заведам единствената жена која посакав да ми роди деца“ – Жељко Самарџи... „Во брак сме 45 години и заедно пребродивме многу убави, но и тешки животни моме...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg