Животот на една стјуардеса: Марија Угрова открива детали од прва рака

Таа вели дека упорноста се исплати кога станува збор за вашата работа од соништата и никако не смеете да се откажете додека не го реализирате тоа што го сакате.

marija-ugrova-ni-raskazuva-kako-izgleda-zivotot-na-edna-stjuardesa-01.jpg

Марија Угрoва од Штип го живее својот сон. Има 22 години и работи како стјуардеса за авиокомпанија во Оман.

Таа вели дека токму тоа е нејзината работа од соништата затоа што отсекогаш ја интересирале патувањата, запознавањето на други култури и стекнување на искуства преку работење со луѓе од целиот свет.

Марија во интервју за Црнобело открива зошто се одлучила токму за оваа професија и како изгледа животот на една стјуардеса:

Колку време се занимаваш со оваа професија, која е најдобрата и најлошата страна да се биде стјуардеса?

Во оваа професија сум речиси една година. Прво имавме обука четири месеци, а потоа откако ја добив лиценцата за летање почнав со работа.

Најдобрата страна на ова професија е сто секој ден се будиш во нова држава а лошата страна е што си далеку од семејството и твојата татковина, а, исто така, и физички е малку тешка работата бидејќи може да се случи еден лет да трае и по 9, 10 часа.

marija-ugrova-ni-raskazuva-kako-izgleda-zivotot-na-edna-stjuardesa-02.jpg

Како изгледаше твоето интервју за работа? Какви критериуми беше потребно да исполниш?

Критериумите за работа се многу едноставни - треба да бидеш висок/а над 160 сантиметри и да можеш да достигнеш 212 сантиметри на прсти со испружени раце.

Тетоважи и пирсинзи не се дозволени на видливи места.  Треба да имаш солидно познавање на англискиот јазик, а секој друг јазик е плус.

Моето интервју беше во Албанија, Тирана и се состоеше од 3 круга. Првиот беше физички преглед во врска со висината, тежина и тетоважи.

Вториот круг беше тест по англиски од 60 прашања и во третиот круг може да те прашаат апсолутно сè, односно општи прашања за да видат колку добро го владееш јазикот.

marija-ugrova-ni-raskazuva-kako-izgleda-zivotot-na-edna-stjuardesa-06.jpg

Работиш за авиокомпанија со седиште во Оман... Колку животот таму е поразличен од животот во Македонија? Дали постојат ограничувања во поглед на правата на жените?

Живеам во државата Оман, поточно во главниот град Мускат. Има голема разлика помеѓу луѓето во Македонија и тука.

Жените и мажите имаат традиционални облека, која ретко може да се види во другите држави.

За нас, луѓето кои што доаѓаме од други држави сè е нормално. Се облекувам исто како и во Македонија, не постојат посебни правила.

Немаме никакви ограничувања како жени и мислам дека токму Оман е најслободната држава за живеење од арапските држави.

Кои се топ 3 најубави градови во светот според тебе?

Најубави градови според мене се: Сингапур, Куала Лумпур и Дар ес Салам.

marija-ugrova-ni-raskazuva-kako-izgleda-zivotot-na-edna-stjuardesa-05.jpg

Ако сме за одлична храна најдобро е да одиме во...

Доколку сте љубител на морската храна, најдобро е да ги посетите Танзанија, Филипините и Малезија.

Ако сакаме одлична архитектура најдобро е да одиме во...

Европските држави и нивната архитектура не би ја менувала за ништо на светот. Па, доколку сакате да уживате во архитектурата би требало да ги посетите Милано, Лондон, Манчестер и Минхен.

marija-ugrova-ni-raskazuva-kako-izgleda-zivotot-na-edna-stjuardesa-03.jpg

Ако сакаме луда забава најдобро е да одиме во...

Најдобра забава дефинитивно има во Манила.

Ако сакаме рајски плажи најдобро е да одиме во...

На Бали и Индонезија.

marija-ugrova-ni-raskazuva-kako-izgleda-zivotot-na-edna-stjuardesa-07.jpg

Најубавата работа која ти се случила за време на некое патување е...

Имав еден лет од Доха за Мускат. За време на летот едно мало девојче ме нацрта на лист хартија. Тоа беше толку мил потег што засекогаш ќе го паметам.

Држава во која со задоволство се враќаш одново и одново е...

Дефинитивно Сингапур... Целиот град/држава е многу добро урбанистички среден и има многу зелена површина. Но, лошата страна е што цените се многу високи.

marija-ugrova-ni-raskazuva-kako-izgleda-zivotot-na-edna-stjuardesa-04.jpg

Кои се најиритирачките работи кои ги прават патниците во авионите?

Најмногу ме иритира кога за време на служењето на храната сакаат да одат во тоалет, а јас морам постојано со количката да се поместувам напред-назад. Може да почекаат да заврши послужувањето.

Дали стјуардесите имаат добри работни услови и до која возраст би можела да се замислиш да се занимаваш со оваа професија?

Работните услови се многу добри, имаме платено сместување и превоз. Не е тајна дека стјуардесите заработуваат многу пари. Ќе потврдам дека е така.

Би сакала да се занимавам со оваа професија до одредена возраст, а потоа да завршам факултет и да се занимавам со нешто друго. Со оваа професија можете да се занимавате само додека сте млади и додека немате основано ваше семејство.

На оние кои сакаат небото да им биде „канцеларија“, но немаат храброст, што би им препорачала?

Додека не  пробаат нема да знаат. Сите што имате желба за оваа професија пробувајте и не се откажувајте.

Ниту јас не успеав од прв пат. Имав неколку неуспешни интервјуа, но на крајот се исплатеше сè.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана од Битола: „Партнерот ме запроси на 18 години, сите нè осудија, но чувствата не бираат ниту годи... „Кога партнерот ме побара за жена, имаше премногу негативни коментари, предрасуд...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапит... „Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерс...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Симона Петреска, мотиватор и животен тренер: „На минатото треба да гледаме како на учител, а во живо... „Во еден период мислев дека постојам само за да ги задоволам луѓето кои беа прис...
Вероника Караколева, оперска пејачка: „Не јадам 3-4 часа пред настап, избегнувам комуникација за да ... „Толку ми е силна љубовта кон музиката што не можам да се замислам ниту еден ден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg