Рошин Марфи од Moloko за CRNOBELO.com: „Во Македонија луѓето знаат како да се журкаат!“


Рошин Марфи од Moloko за CRNOBELO.com: „Во Македонија луѓето знаат како да се журкаат!“

Молоко - дуото кое веројатно ве враќа во младоста, во времето на '90-тите и раните 2000-ти години. Извонредниот вокал, Рошин, телефонски ни раскажа што прави по малата пауза од музичката сцена.

roisin-murphy-od-moloko-obozavam-pivo-serii-i-omileno-mesto-vo-svetot-mi-se-bahamite-01.jpgФото: Fraser Taylor

Ја распрашавме како се одвива нејзиниот ден, каква музика слуша низ дома, дали од сопругот - Италијанец научила вкусни рецепти, но и дали Молоко има шанси да се обедини по 25 години?

Ја имавме честа да ни одговори на сите овие прашања:

1. На што работиш периодов? Каков ти е распоредот на дневни активности?

Одам на турнеи, работам на нова музика... Секако, им се посветувам и на моите две дечиња.

2. Во последниот сингл Incapable рефренот гласи: Никогаш не сум имала скршено срце / Дали сум неспособна за љубов? Автобиографски дел или...?

Па... може да се каже понекогаш. Не секогаш, но да.

3. Не си првпат во Македонија. Како би ги опишала луѓето и публиката тука? Дали сме забавни и знаеме да уживаме во журките?

Фантастични. Навистина знаете како да се журкате, ве паметиме, иако помина долго време откако бевме последен пат.

4. Сподели ги со нас најубавите спомени од детството во Ирска...  

Имам прекрасни, посебни спомени од Ирска. Моите родители секогаш беа опкружени со многу луѓе, многу забави и музика... Бев многу среќна. Немаше потреба да мислам на музиката, таа беше насекаде околу мене додека растев.

5. Порасна во Манчестер – какво беше журкањето тогаш, а какво е денес? Во што е разликата?

Главно, тогаш немавме мобилни телефони, а тоа прави огромна разлика. Не се чекиравме, не правевме фотографии додека бевме изелзени. Баш неодамна свирев во еден клуб во Берлин каде не дозволуваа да влезеш со мобилен телефон. Тогаш се почувствував баш како на времето.

roisin-murphy-od-moloko-za-crnobelo-com-vo-makedonija-lugjeto-znaat-kako-da-se-zurkaat-2-1.jpg

6. Каква музика слушаш кога си дома?

Слушам секаква музика. Децата сакаат модерен поп, а сопругот ми е Италијанец, па често слушаме италијанска музика. Слушаме и електронска, хип хоп, но некогаш знаеме да пуштиме и класика за децата, кога ќе успееме да ги натераме да ја слушаат.

7. Со сопруг од Италија, научи ли да готвиш добра паста? Кој е твојот омилен рецепт?

Не, бидејќи тој готви постојано. Па, немам научено ништо ново, освен еден нов начин на кој можам да подготвам јајца.

8. Што мислиш дека ќе работеше, ако не ти успееше музичката кариера?

Отсекогаш сакав да бидам визуелен уметник. Веројатно би била фотограф.

9. Омилено место во светот?

Ох, ова е тежок избор... Но, веројатно би ги одбрала Бахамите.

10. Како го поминувате слободното време со децата?

Сакам да одам на одмор и патувања со моите деца, кога се на училиште едвај ги гледам. Па, најубави ми се семејните патувања.

roisin-murphy-od-moloko-obozavam-pivo-serii-i-omileno-mesto-vo-svetot-mi-se-bahamite-02.jpgФото: Fraser Taylor

11. Фиш енд чипс или ресторани со Мишелин ѕвезди?

Ресторани со Мишелин ѕвезди, без мислење.

12. Кафе или чај?

Кафе.

13. Одмор покрај море или на планина?

Не можам да одберам, нема шанса да се одлучам за едно. И двете.

14. Омилен град од цела Италија?

Џенова.

15. Гледаш ли серии? Која ти е омилена?

Да, обожавам серии. Ја знаете Better Call Saul? Таа би ја издвоила за омилена.

roisin-murphy-od-moloko-za-crnobelo-com-vo-makedonija-lugjeto-znaat-kako-da-se-zurkaat-2-2.jpg

16. Спортуваш?

Сакам да пешачам, сакам долги прошетки.

17. Пиво или вино?

Пиво, дефинитивно.

18. Од сите напишани песни досега, на која си најгорда?

Ох, не можам да издвојам. Тие ми се како деца. Тоа е исто како да одберам кое дете го сакам повеќе од другото. Не можам.

19. Обединување на Молоко по повод 25-тата годишнина – дали е возможно?

Не. Ќе морам да бидам кратка, не.

20. Што сакаш луѓето да помислат кога ќе го чујат твоето име Róisín Murphy?

Па... Само среќни мисли.

Рошин Марфи е дел од настанот на годината - A1 World of Music, каде ќе приреди спектакуарно шоу! Важно е да запаметите: 14 септември, пред А1 Арена, влезот е слободен!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски содржини е казниво со закон.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Блогерката Софија Јанева: „Сама си ги планирам патувањата и сакам да г... Софија Јанева (25) од Скопје, на многумина позната по својот Инстаграм профил@ja...
Интервју со Сара Вукелиќ:„Обожавам да цртам јапонски ликови, а можам д... 17-годишната Сара од Скопје црта уште од 4 години, вели дека преку цртањето ги и...
Фотографот Мартин Јовчески: „Ме привлекува ненаметлива убавина и ги за... Мартин Јовчески (32) е ентузијаст фотограф од Скопје, кој во последните три годи...