Леа од Скопје живее во Кенија, а на 14 години издаде книга – „Сакам луѓето да можат да летаат на крилјата на мојата фантазија“

Леа Катарина Павиќ е 14-годишно девојче од Скопје, кое живее и учи во Кенија, заедно со семејството, а нејзиниот интерес кон читањето, премина во моќ за пишување, па таа успеа да издаде книга на англиски јазик.

lea-od-skopje-zhivee-vo-kenija-a-na-14-godini-izdade-kniga-sakam-lugjeto-da-mozhat-da-letaat-na-kriljata-na-mojata-fantazija-01.jpg

Започнала да ја пишува на 11 години, а на 14-годишна возраст, Леа веќе ја издаде книгата на англиски јазик, која се вика „С.А.Г. Читајќи го времето“ (S.A.G. Reading time), и е издадена во САД, од XLibris. 

Книгата е достапна на amazon.combarnesandnooble.com, Xlibris.com и неколку други онлајн страници за продавање, а исто така може да се најде и на goodreads.   

lea-od-skopje-zhivee-vo-kenija-a-na-14-godini-izdade-kniga-sakam-lugjeto-da-mozhat-da-letaat-na-kriljata-na-mojata-fantazija-2.jpg

Приказната за Леа и нејзиното семејство е инспиративна, па решивме да поразговараме со нив и да споделиме интересни моменти од нивниот живот, како и за успесите на Леа.

Иако Леа и нејзиниот 8-годишен брат никогаш не живеела во Скопје, сепак за време на летните распусти секогаш го посетуваат заедно со семејството.

Родителите на Леа (мајката од Скопје, таткото од Лесковац) се запознале во Демократска Република Конго во 2004-та, двајцата работат во Обединети Нации и досега смениле неколку живеалишта низ светот.

„Во моментов, јас и децата живееме во Најроби, Кенија од 2016-та година, а сопругот од истата година живее и работи во Газа, Палестина. Тој нѐ посетува на секои 8 недели, по една недела.

Пред Најроби, 6 години живеевме во Ерусалим, Израел, 2 години во Пном Пен, Камбоџа, 3 години во Аруша, Танзанија и 2 години во Абиџан, Брег на Слонова Коска.

Леа има посетувано градинки и училишта во сите овие држави и нејзиното образование се одвива помеѓу Американскиот и Британскиот систем. Моментално е 10-та година или еквивалентно на 1-ва година средно кај нас.“ – вели мајката на Леа.

lea-od-skopje-zhivee-vo-kenija-a-na-14-godini-izdade-kniga-sakam-lugjeto-da-mozhat-da-letaat-na-kriljata-na-mojata-fantazija-002.jpg

Ана, мајката на Леа е голем љубител на книгите, а семејството поседува домашна библиотека од преку 5.000 книги, од кои, 1.000 се со нив во Најроби, а остатокот е во домашната библиотека во Скопје. Оттука, очекувано е љубовта кон книгите да ја имаат наследено нејзините две деца.

lea-od-skopje-zhivee-vo-kenija-a-na-14-godini-izdade-kniga-sakam-lugjeto-da-mozhat-da-letaat-na-kriljata-na-mojata-fantazija-02.jpgДомашна библиотека во Најроби

lea-od-skopje-zhivee-vo-kenija-a-na-14-godini-izdade-kniga-sakam-lugjeto-da-mozhat-da-letaat-na-kriljata-na-mojata-fantazija-003.jpgДомашна библиотека во Скопје

14-годишната Леа обожава да чита, а уште од мала имала бујна фантазија, па отсекогаш умеела да измислува и раскажува приказни.

Пишувањето на оваа книга започнува пред 3 години, а откако завршила, нејзината мајка направила лекторирање, па нејзината професорка по англиски ја проверила, по што се воодушевила и ѝ посветила посебно внимание на Леа и нејзината работа.

Во продолжение следи интервјуто со Леа:

Како дојде до идејата и одлуката да пишуваш книга?

Одлуката да ја напишам книгата се развиваше полека, и беше резултат на голема поддршка од мојата учителка по англиски јазик. Сѐ започна кога бев шесто одделение, и имавме задача на часот по англиска литература да напишеме приказна.

Почетната идеја дојде од мислата што би се случило ако некој се загуби во минатото и открие дека се наоѓа во некој вид на игра? Јас почнав да пишувам за две другарки и нивната волшебна книга, и како тие паѓаат во книгата и се наоѓаат во разни временски и историски периоди. 

Заради ограниченото време на час не можев да ја завршам приказната, меѓутоа таа толку им се допадна на сите, а посебно на учителката, што ме молеа да им ја завршам.  

Така, малку по малку почнав да ја развивам идејата за книгата, и мојата фантазија немаше граници во однос на разните авантури и случки на главната хероина.  

Кратенката S.А.G доаѓа од името на главниот лик во книгата, Софија Абигејл Грин. Оваа приказна е за две девојчиња, другарки, кои паѓаат во волшебна книга и се заглавуваат во игра на патување низ времето. 

Тие мораат да пронаоѓаат препознатливи предмети од различни историски периоди, што им припаѓаат на познати личности од тоа време, за да можат да се вратат дома во своето време. 

Предметите треба да ги стават во мало џепче на корицата од нивната волшебна книга, и на тој начин да се движат низ разните нивоа или историски периоди, сè додека не стигнат дома.

lea-od-skopje-zhivee-vo-kenija-a-na-14-godini-izdade-kniga-sakam-lugjeto-da-mozhat-da-letaat-na-kriljata-na-mojata-fantazija-04.jpg

Како се одлучи за темата и од каде црпиш инспирација?

Што се однесува до инспирацијата, јас сум страстен читател, и откако научив да читам, се задлабочувам и се губам со саати во книгите, заборавајќи на сѐ друго. 

Мајка ми има огромна домашна библиотека, а исто така како помала многу измислував приказни, имав замислени пријатели и си замислував многу авантури со нив, кои им ги раскажував на домашните.

Патувањето низ времето е нешто што од секогаш ми било интересно, и често се прашувам како би било ако би можела да патувам во минатото и во иднината, кого би сакала да сретнам, итн.

Идејата дека можам да креирам и да им донесам радост на луѓето со моите креации, да им овозможам да избегаат на момент од нивните секојдневија, и да им дадам шанса да летаат на крилјата на мојата фантазија, само ја зголемува мојата желба за пишување и љубовта кон творењето.

Исто така пишувам и поезија, и веќе имам напишано неколку поеми во Spoken word, кои планирам да ги издадам во иднина. Поезијата ми е со посовремени теми коишто ги мачат младите луѓе во денешното темпо на живеење и дигитални комуникации, како bullying, депресија, панични напади и така натаму. 

Во училиште членувам во новинарската секција од 3-то одделение и редовно пишувам кратки раскази и статии на разни теми во училишниот весник. 

lea-od-skopje-zhivee-vo-kenija-a-na-14-godini-izdade-kniga-sakam-lugjeto-da-mozhat-da-letaat-na-kriljata-na-mojata-fantazija-07.jpg

Колку беше тежок целиот процес на пишување книга за 11-годишно девојче?

Најтешкиот дел ми е да најдам слободно време. Јас уживам во читање, фантазирање и пишување, меѓутоа имам и многу обврски во училиште, па секогаш се трудам да го искомбинирам времето и некако да вклопам барем по еден или два саати во денот за читање или пишување. 

Моите родители имаат разбирање и ми дозволуваат понекогаш за време на викенд или празници и школски распусти кога не сум во училиште, да останувам будна покасно навечер, и во тоа време добивам најмногу идеи.

Секогаш ги запишувам овие идеи, и често ги вклокувам во моите приказни подоцна.  Но за време на училишните денови морам да легнам да спијам пред десет часот, и тука нема компромис. 

lea-od-skopje-zhivee-vo-kenija-a-na-14-godini-izdade-kniga-sakam-lugjeto-da-mozhat-da-letaat-na-kriljata-na-mojata-fantazija-06.jpg

Пишување книга, одлични резултати на натпревари... која е тајната за успехот?

Мислам дека кога некој е решителен да заврши нешто што започнал, има желба и истрајност, не постои нешто што не може да се заврши. Кога јас решив дека ќе напишам книга, се посветив на тоа исто колку и на учењето. 

Не постои тајна, само љубов кон книгата и пишаниот збор, добра организација на времето, и голема мотивација и фокус. 

На пример, минатата училишна година во април се натпреварував за моето училиште во Најроби за World Scholars Cup, коешто е спонзорирано од универзитетот Yale. 

Тоа е светски натпревар помеѓу основни дисциплини од средни училишта од областите на литературата, уметноста, историја, филозофија, географија и сл. На ниво на Кенија освоивме четврто место со мојот тим, помеѓу повеќе од 6.000 учесници.

Во јуни со мојот тим отпатував за Пекинг на светските полуфинални натпревари, и мајка ми исто така патуваше со нас за да ни даде поддршка. Таму нашиот тим освои трето место за целиот Африкански континент и се квалифициравме за светското финале на Универзитетот Yale во Америка.

lea-od-skopje-zhivee-vo-kenija-a-na-14-godini-izdade-kniga-sakam-lugjeto-da-mozhat-da-letaat-na-kriljata-na-mojata-fantazija-005.jpg

Во ноември отпатував на финалните натпревари во Yale од каде што се вратив со три медали – два златни и еден сребрен. Интересно е што таму запознав и неколку пријатели од Македонија, кои исто така беа дојдени да се натпреваруваат.

Имам амбиција да студирам на некој познат европски или светски факултет, нормално зависи од тоа каде ќе ме примат, и да бидам авторка кога ќе пораснам, и затоа се трудам моите резултати во училиште да бидат секогаш одлични.

Понекогаш знам да побарам и помош ако нешто не ми е јасно, без разлика дали од моите родители, другарите во училиште или наставниците.

Мислам дека е многу важно човек да знае кога му е потребна помош, и да знае каде да ја побара. 

lea-od-skopje-zhivee-vo-kenija-a-na-14-godini-izdade-kniga-sakam-lugjeto-da-mozhat-da-letaat-na-kriljata-na-mojata-fantazija-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...
„Пред 45 години успеав да ја заведам единствената жена која посакав да ми роди деца“ – Жељко Самарџи... „Во брак сме 45 години и заедно пребродивме многу убави, но и тешки животни моме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg