Офелија Ѓорѓиеска посетила повеќе од 30 земји: „Со ќерката патуваме од 5 месеци, Сиднеј е најубав град, а на Малдивите е рајот“

Со Офелија се запознавме сосема случајно, професионално. Станува збор за една од оние позитивни, секогаш насмеани личности, која навистина го живее секој ден како последен и ужива во животот. 

intervju-so-ofelija-za-patuvanjeto-so-bebe-niz-svetot01 (1).jpg

Листајќи низ нејзините профили на социјалните мрежи забележав дека има пропатувано низ многу земји во светот и продолжи со истражување на нови земји дури и откако стана мајка на едно девојченце пред година и пол, а од неодмна и на уште една ќеркичка. 

Знаејќи дека патувањето со деца е често предизвик и многу родители не се решаваат да патуваат често со авион, особено не на далечни дестинации, сакав да си поразговараме со Офелија за нивното искуство, за патувањето со бебе и нивните згоди и незгоди. Во моментов, живеат во Канада, па на кратко ни спомена и за животот во оваа земја. 

Како се роди љубовта кон патувањето кај Офелија?

Како и секое дете, така и јас имав многу желби, а интересно е што сите тие желби ги поврзуваше една иста работа - патувањата. Сонував за убавините на Австралија, за ѕвезденото небо и тиркизната вода на Малдивите, за градот кој никогаш не спие - Њујорк, Бахамите како една од најомилените дестинации во шпанските серии...

Посакував да ги посетам сите тропски места и да откривам нови дестинации. Каде што има сонце, има среќа и љубов! До моите 15 години ја имав прошетано речиси цела Европа заедно со татко ми. Прво подалечно патување на кое заминав сама ми беше во САД (Њујорк, Бостон, Лас Вегас и Вашингтон).

intervju-so-ofelija-za-patuvanjeto-so-bebe-niz-svetot-02.jpg

Токму на тоа патување во Њујорк го запознав и мојот сопруг кој исто така е огромен љубител на авантури и оттогаш патувањата имаат уште поголема смисла. Споделената среќа е дупла среќа. 

Колку земји имаш посетено и кое е најубавото место на кое си била до сега?

Имам посетено повеќе од 30 земји. Местата ги делам според градови и тропски дестинации бидејќи тешко е да се споредат Доминиканската Република со Париз. Тоа се два различни света!

Од градовите најубав и неодолив е Сиднеј, а од тропските места, дефинитивно Малдивите.

intervju-so-ofelija-za-patuvanjeto-so-bebe-niz-svetot-03.jpg

Во моментов живеете во Канада, раскажи ни нешто повеќе за животот таму? Дали е навистина идеално за живот со деца, како се справувате со температурите, какви се луѓето...?

Во Канада сум на краток престој, со професионален ангажман. Од она што јас можам да го забележам, животот во Канада е тажен. Многумина што ќе прочитаат ова ќе сакаат да го демантираат мојот став, меѓутоа тоа е мојата перцепција за животот тука. Ние сме воспитувани и растени во поинакво општество, многу сме приврзани за фамилијата, за опкружувањето...

Овде луѓето се прилично ладни, немаат време за дружење бидејќи системот не им дозволува да имаат многу слободно време. Моите деца се родени тука, и верувам дека сме едни од ретките кои имаат документи и можност да останат во странство, а сепак се одлучуваат да се вратат во Македонија.

Колку ти се промени животот откако стана мајка? Како изгледаат патувањата со дете? 

Патувавме многу со сопругот, како на професионален, така и на приватен план, меѓутоа можноста да посетиме исто толку дестинации како и претходно по раѓањето на Лора драстично се намали во првите месеци од нејзиното раѓање бидејќи сепак таа беше бебе кое се прилагодуваше на животот надвор од утробата на мајката.

intervju-so-ofelija-za-patuvanjeto-so-bebe-niz-svetot-04.jpg

После неколку месеци откако педијатарот даде зелено светло, ја продолживме традицијата на патување.

Каде сè отпатувавте со Лора до сега? Кога прв пат ја качивте на авион?

Лора прв пат се качи на авион на нејзините 5 месеци. Нејзина прва дестинација беше Куба, наредните подолги дестинации беа Лос Анџелес, Лас Вегас, Сан Диего, а од европските метрополи Амстердам и Милано. Навистина, секое патување е различно доживување.

intervju-so-ofelija-za-patuvanjeto-so-bebe-niz-svetot-06.jpg

Што е неопходно да се понесе кога се патува со мало бебе?

Неопходни се истите работи кои се во торбата спремна при секое излегување од дома. Доколку мајката го дои бебето, секогаш има храна со себе и ова е навистина големо олеснување.

Да напоменам дека на тропските места е многу тешко да се најде продавница од каде што може да се купат основните работи, затоа треба да се понесе дупло од планираното. Марамчиња, секаков вид на лекови за бебе, топломер, храна, соодветна облека и секако желба за авантура.

Најчесто луѓето кај нас се плашат да патуваат со деца од причината „што ако се случи нешто?“. Твојот совет?

Многу често наидував на добронамерни совети дека со мало бебе не се оди никаде. Имаме голема поддршка од родителите и никогаш не добивме од нив совет да не одиме некаде. Детето е човек кој се прилагодува на промените многу повеќе отколку ние возрасните.

Јас стојам на ставот дека не треба никој да се чувствува хендикепиран само заради тоа што има дете дома. Нелогично ми е. Секој има свое размислување, но моето досега се покажа како исправно.

intervju-so-ofelija-za-patuvanjeto-so-bebe-niz-svetot-08.JPG

Мојот совет е доколку некој има можност да ужива во деновите поминати со фамилијата на место кое не е дома, па макар и во родната земја, да го прави тоа без никакво двоумење. И плачот на детето во кола е на некој начин искуство и доживување. 

На следната страна прочитајте за не баш пријатните случки од нивните патувања и како се справиле со истите...



Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Горан Пандев за татковството: „Присуствував на раѓањето на трите деца, најубаво ми е кога ќе заспием... „Моите три деца се родени во Италија. По нивното раѓање, кај нашите семејства во...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Цеце Николова за растењето без родители: „Првата жена која ме згрижи беше лоша, ми покажа како изгле...  „Детско село секогаш ќе го паметам по живеењето со многу деца, сите со ист...
Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg