„Животот во Австралија е релаксиран, сите стануваат рано, кафулињата затвораат во 14 часот“ - Јасна и сопругот Јовица живеат 2 години преку океанот

Јасна и Јовица се млад брачен пар од Скопје кој речиси две години живее во Австралија. Живеат на источниот брег, во Голд Коуст (Gold Coast), едно од најубавите туристички места во Австралија. 

zivotot-vo-avstralija-e-relaksiran-site-stanuvaat-rano-kafulinjata-zatvoraat-vo-14-casot-jasna-i-soprugot-jovica-ziveat-2-godini-preku-okeanot-001.jpg

Јасна е професионален фотограф, а нејзините прекрасни фотки ни беа првична инспирација за да поразговараме за животот на другата страна на светот, за природата и убавините на Австралија, за нивното прилагодување во комплетно нова средина. 

zivotot-vo-avstralija-e-relaksiran-site-stanuvaat-rano-kafulinjata-zatvoraat-vo-14-casot-jasna-i-soprugot-jovica-ziveat-2-godini-preku-okeanot-16_1.jpg

Како ве одведе патот на овој континент? 

Иако е на другата страна на светот, во денешно време ништо не е толку далеку, со оглед на тоа што се стигнува за еден до два дена.  

Едноставно не сакавме да живееме повеќе во еден од најзагадените градови во светот. Поразувачко е како толку мал град не може да се справи со аеро загадувањето.

zivotot-vo-avstralija-e-relaksiran-site-stanuvaat-rano-kafulinjata-zatvoraat-vo-14-casot-jasna-i-soprugot-jovica-ziveat-2-godini-preku-okeanot-02.jpg

Сфативме дека негативната енергија која владееше меѓу луѓето на тема политика, економија, екологија почна да се одразува на нашите животи, а како млад брачен пар кој сака пристоен или што би се рекло нормален живот, сака шанса за напредок во кариера, едноставно не гледавме светла иднина во Скопје.

Изборот беше Австрија или Австралија, но најмногу заради јазикот, а и дека и двајцата сакаме топло време, одлуката падна за Австралија.

Колку беше тешко да донесете одлука за заминување? Како изгледа „да си го спакуваш целиот живот“?

Одлуката за заминување не беше ни најмалку лесна, меѓутоа во животот треба да се преземат ризици и едноставно да се проба. Имавме голема поддршка од нашата фамилија, и морална и финансиска.

На почетокот ми беше тешко да се адаптирам на нова средина и да почнам од нула, но се потсетив на еден цитат од Алберт Ајнштајн: „Во средина на тешкотијата, лежи можноста.” (In the middle of difficulty, lies opportunity).

Со мене си го понесов мојот фотоапарат, мојата омилена книга „ART The Whole Story“, сите подароци што ги добив од моите пријатели и најблиските пред да заминам и секако, желбата за подобар живот.

zivotot-vo-avstralija-e-relaksiran-site-stanuvaat-rano-kafulinjata-zatvoraat-vo-14-casot-jasna-i-soprugot-jovica-ziveat-2-godini-preku-okeanot-03.jpg

Каков беше првиот впечаток кога пристигнавте во Австралија? Како се снајдовте со новиот живот, работа, пријатели?

Уште првиот момент кога пристигнавме, отидовме на плажа, меѓутоа беше доцна навечер и единствено нешто што се гледаше пред нас беше темниот океан и ѕвезденото небо на Јужната хемисфера.

Во тој момент пробав визуелно да замислам каде сме ние во тој момент, а каде е Македонија. Чувството не се опишува. Во ист момент бев среќна, но и тажна, со страв од нова средина, но и спремна за нови предизвици.

zivotot-vo-avstralija-e-relaksiran-site-stanuvaat-rano-kafulinjata-zatvoraat-vo-14-casot-jasna-i-soprugot-jovica-ziveat-2-godini-preku-okeanot-04.jpg

Морам да признаам, многу е полесно да се дојде во ново место кога имате некој што го знаете, или во нашиот случај Јован, братучед на мојот сопруг.

Неговата гостопримливост не се споредува со ништо. Ни обезбеди место за спиење, не запозна со неговиот круг на пријатели и не прошета на многу места низ Голд Кост.

За работа не беше лесно на почетокот, ни требаше малку време додека да се адаптираме и да дознаеме каде и како да бараме.

Каква е климата таму?

За некој како нас што сака вечно лето, идеално!

Топло е поголемиот дел од годината иако постојат и тука четири годишни времиња, спротивно од северната хемисфера. Тука лето почнува на 1-ви декември и конечно можам и јас да славам роденден во лето.

zivotot-vo-avstralija-e-relaksiran-site-stanuvaat-rano-kafulinjata-zatvoraat-vo-14-casot-jasna-i-soprugot-jovica-ziveat-2-godini-preku-okeanot-04_1.jpg

Јуни, јули и август се „зимски” месеци и според Австралијанците тоа се најубавите месеци бидејќи тогаш времето можам да го опишам е како пролет во Македонија. Летниот период климата е премногу влажна и топла, и има доста врнежи во тој период.

Изминатиов период по големите пожари, следеа и невидени поплави.

Што го прави животот таму поразличен од европските држави?

Тука, колку долго и да патуваш по копно, пак си во Австралија, за разлика од Европа, каде за три часа си во сосема друга држава. Начинот на живот е сосема поразличен.

Многу порелаксиран, чист воздух, чиста околина, позитивни луѓе.

zivotot-vo-avstralija-e-relaksiran-site-stanuvaat-rano-kafulinjata-zatvoraat-vo-14-casot-jasna-i-soprugot-jovica-ziveat-2-godini-preku-okeanot-09.jpg

Што ви недостасува најмногу?

Најблиските. Нашата фамилија, најмногу тој најмалиот, внук ми Доминик кој ова лето ќе прави три години и со кој редовно си се гледаме на камера.

Сите пропуштени родендени, кафе со пријателите и мојот мачор Луцифер, за кого правам план како да си го донесам тука, со оглед на тоа дека Австралија има најстроги закони за внесување во државата животни од било каков вид.

Морам да признам дека многу ми недостасува и македонскиот највкусен домат и галичкото сирење.

Дека има многу Македонци – знаеме. Се дружите ли меѓу себе?

Има доста Македонци. Некои се тука доселени веќе со години, некои дојдоа и после нас. Имаме еден круг на пријатели со кои редовно се гледаме, се собираме за ручек, идеме на плажа, славиме родендени, си помагаме.

zivotot-vo-avstralija-e-relaksiran-site-stanuvaat-rano-kafulinjata-zatvoraat-vo-14-casot-jasna-i-soprugot-jovica-ziveat-2-godini-preku-okeanot-11.jpg

Природата од твоите фотографии можеме да видиме дека е прекрасна и фасцинантна. Кои се најубавите места кои секој би требал да ги посети?

Не знам од каде да почнам да раскажувам за природата! Не се опишува. Голд Коуст ја има најдолгата и најпесочната плажа во Австралија. Океанот е грандиозен со боја на тиркиз што се прелева во нијанси.

zivotot-vo-avstralija-e-relaksiran-site-stanuvaat-rano-kafulinjata-zatvoraat-vo-14-casot-jasna-i-soprugot-jovica-ziveat-2-godini-preku-okeanot-11_1.jpg

Од јуни до октомври е сезона на китови, кои мигрираат од Антарктикот во потопли води да се размножуваат. Има и по некоја ајкула.

zivotot-vo-avstralija-e-relaksiran-site-stanuvaat-rano-kafulinjata-zatvoraat-vo-14-casot-jasna-i-soprugot-jovica-ziveat-2-godini-preku-okeanot-12.jpg

zivotot-vo-avstralija-e-relaksiran-site-stanuvaat-rano-kafulinjata-zatvoraat-vo-14-casot-jasna-i-soprugot-jovica-ziveat-2-godini-preku-okeanot-25.JPG

Фасцинантно е што и покрај сите плажи и сонце, на само еден час возење има дождовни шуми и национални паркови каде климата е многу посвежа и повлажна.

zivotot-vo-avstralija-e-relaksiran-site-stanuvaat-rano-kafulinjata-zatvoraat-vo-14-casot-jasna-i-soprugot-jovica-ziveat-2-godini-preku-okeanot-27.jpg

Има водопади во изобилие и пештери каде може да се пешачи по обележани патеки и да се ужива во звукот на разновидни птици. Папагалите тука се како домашни миленичиња и покрај тоа што не се во кафез.

zivotot-vo-avstralija-e-relaksiran-site-stanuvaat-rano-kafulinjata-zatvoraat-vo-14-casot-jasna-i-soprugot-jovica-ziveat-2-godini-preku-okeanot-13.jpg

Има и заштитени паркови каде што слободно си живеат кенгури и многу лесно може да им се доближите, и коали кои малку потешко е да ги забележите бидејќи живеат високо на дрво. Каде и да отидете нема да погрешите, вреди сè да се види.

zivotot-vo-avstralija-e-relaksiran-site-stanuvaat-rano-kafulinjata-zatvoraat-vo-14-casot-jasna-i-soprugot-jovica-ziveat-2-godini-preku-okeanot-14_1.jpg

zivotot-vo-avstralija-e-relaksiran-site-stanuvaat-rano-kafulinjata-zatvoraat-vo-14-casot-jasna-i-soprugot-jovica-ziveat-2-godini-preku-okeanot-15.jpg

Какви се луѓето - дали има дружење и каков тип на забава практикуваат?

Австралијанците се познати по тоа што се нација која станува најрано. Во 4 наутро веќе почнуваат со активности како трчање на плажа, јога, сурфање и секако, кафе. Ретко да сретнете пушач, скоро и да нема.

Со оглед на тоа дека практикуваат outdoor активности и често шетање во природа, се многу позитивни луѓе. И не само Австралијанци, може да се забележат луѓе од секаде. Најчесто Бразил, Кина, Индија и Јапонија.

zivotot-vo-avstralija-e-relaksiran-site-stanuvaat-rano-kafulinjata-zatvoraat-vo-14-casot-jasna-i-soprugot-jovica-ziveat-2-godini-preku-okeanot-15.JPG

Конкретно во Голд Коуст како туристичко место, најчесто сезонски, околу Нова Година и летен период има повеќе забава, но на само 70 км оддалеченост се наоѓа Бризбејн (Brisbane), милионски град, каде што повеќе е застапен градскиот живот, со многу ресторани, шеталишта, крстарење по река, музеи и креативни галерии каде има богат социјален живот.

zivotot-vo-avstralija-e-relaksiran-site-stanuvaat-rano-kafulinjata-zatvoraat-vo-14-casot-jasna-i-soprugot-jovica-ziveat-2-godini-preku-okeanot-20.jpg

На следната страна разговараме што е она на што не можат да се навикнат, колку е скап животот и што ја воодушевило на Нов Зеланд...



Би можело да ве интересира:

Бисера од Скопје направи свадба на Бали со партнерот од Босна: „Имавме 50 гости од цел свет, мајка м... „Свадбата беше буквално како што замислувавме - во вила покрај плажа, со многу з...
Весела Богдановиќ од Битола е една од 50-те најдобри учителки во светот: „Избегнувам да давам тестов... „Ако учениците се среќни ќе бидат активни и фокусирани, а јас ќе бидам смирена, ...
Успешни Македонци низ светот: Ана од Скопје направи хит видео игра со тим од Нови Сад – огромна зара... „Успехот на играта беше тотално неочекуван. Како студенти само сакавме да си ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg