Вангел Тркаљанов: „Една незгода ме остави неподвижен, но не се откажувам од скијање и велосипедизам“

„Скија, нурка, вози велосипед, скока со падобран, а јавал и слон во Тајланд... 36-годишниот Вангел иако имал незгода што му го променила животот, не дозволува попреченоста да го сопре во правењето на работите што ги сака.“

vangel-trkaljanov-edna-nezgoda-me-ostavi-nepodvizhen-no-ne-se-otkazhuvam-od-skijanje-i-velosipedizam-01.jpg

Вангел Тркаљанов(36) работи во Министерство за труд и социјална политика како советник во одделението за правни и нормативни работи.

Тој е лице со попреченост за чиј дух и истрајност не постојат пречки. Верува дека сѐ е можно, ги остварува своите соништа и е вистинска инспирација за каков став треба да се има кон животот.

Активен е во повеќе спортови и дури организира спортски активности за лица со попречености.

Неуморниот, смел и инспиративен, Вангел ја раскажува својата приказна за CRNOBELO.com

Кога и како се случи незгодата што ти го промени животот?

Пред не цели 15 години, по еден скок во базен го скршив вратот и останав комплетно парализиран.

vangel-trkaljanov-edna-nezgoda-me-ostavi-nepodvizhen-no-ne-se-otkazhuvam-od-skijanje-i-velosipedizam-04.jpg

Каква дијагноза доби и како се созема по првичниот шок? Која мисла те водеше?

Првичната дијагноза беше квадриплегија, но со интензивни вежби, моториката на рацете ми се врати после 6 месеци. Искрено, не посветував време на размислување на последиците, туку бев насочен кон вежбање и максимално рехабилитирање до фаза кога ќе можам независно да функционирам.

Првично, не го прифаќав фактот дека нема да можам и тоа беше мојата цел, да се вратам на првобитната состојба или најблизу до тоа.

vangel-trkaljanov-edna-nezgoda-me-ostavi-nepodvizhen-no-ne-se-otkazhuvam-od-skijanje-i-velosipedizam-07.jpg

Како се одлучи дека нема да се откажеш од спортот?

Никогаш не носев одлуки за тоа, едноставно не се откажав и во првиот момент кога можев, почнав со физички активности кои преминаа во спортски. Спортот е нешто што го носиме во себе, не се договараме сами со себе или некој друг.

Кога веќе бев доволно рехабилитиран и спремен за поекстремни предизвици, едноставно се впуштив во авантурата и повеќе немаше назад.

vangel-trkaljanov-edna-nezgoda-me-ostavi-nepodvizhen-no-ne-se-otkazhuvam-od-skijanje-i-velosipedizam-08.jpg

Твојата најголема авантура досега е...

Првото европско првенство во падобранство за лица со попреченост. Заминав сам, шетав неколку денови во Белгија, продолжив во Франција, каде се скокаше со падобран три последователни денови, летавме во воздушен тунел, интензивно се дружевме и по завршувањето на првенството се вратив во Брисел на дополнителни два дена пред заминување дома.

Тоа беа денови за запознавање на нови луѓе, запознавање на сам себе, развивање на нови чувства за животот и осознавање на светот од поинаков аспект. Тоа беа денови на малку пари и многу задоволства.

vangel-trkaljanov-edna-nezgoda-me-ostavi-nepodvizhen-no-ne-se-otkazhuvam-od-skijanje-i-velosipedizam-15.jpg

Најинтересната дестинација што си ја посетил досега...

Тајланд досега ми бил најинтересен како дестинација. Различен од сѐ она што можеме да го видиме во Европа или Северна Америка. Начинот на живот, културата, однесувањето на луѓето и пејзажите кои нѐ опкружуваат.

Имав можност да јавам на слон, да гледам диви животни од непосредна близина без физичка одвоеност и да уживам со прекрасните плажи и топлата вода.

vangel-trkaljanov-edna-nezgoda-me-ostavi-nepodvizhen-no-ne-se-otkazhuvam-od-skijanje-i-velosipedizam-02.jpg

Најголемиот комплимент што си го добил е...

Кај комплиментите ми е најважно да се искрени и кажани од срце, а најдраги ми се комплиментите за истрајноста, решителноста и посветеноста.

Си доживеал ли некоја незгода при спортување?

Незгодите се неизбежен дел на спортските активности, па така, рентгенските снимки со скршеници се малку помали од бројот на годините на спортување.

vangel-trkaljanov-edna-nezgoda-me-ostavi-nepodvizhen-no-ne-se-otkazhuvam-od-skijanje-i-velosipedizam-09.JPG

Најтешка активност ти е...

Седењето во место, без да правам ништо ме истоштува најмногу.

Најомилена активност ти е...

Скијањето во зима и возењето велосипед во пролет, лето и есен.

vangel-trkaljanov-edna-nezgoda-me-ostavi-nepodvizhen-no-ne-se-otkazhuvam-od-skijanje-i-velosipedizam-11.jpg

Што ти е лек на тмурен ден?

Спортски активности и дружење со луѓе кои ги сакам.

Твојот дух и твојот стил на живот се инспиративни, што би им порачал на оние кои ја немаат таа сила и ведрина во себе, а се соочиле со ситуација што им го променила животот?

Мојата порака е да уживаат во секој момент од животот, независно од форматот во кој си ги пружаат задоволствата. Најважно е да се адаптираме на ситуацијата и состојбата во која се наоѓаме и да ги пронајдеме работите кои нѐ прават среќни.

Наоѓањето на нови предизвици секогаш носи дополнителни задоволства, убави спомени, кои секогаш можеме да ги споделиме со драги луѓе и заедно да пропатуваме евоцирајќи спомени.

vangel-trkaljanov-edna-nezgoda-me-ostavi-nepodvizhen-no-ne-se-otkazhuvam-od-skijanje-i-velosipedizam-05.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Д-р Вангелица Гаврилова: „Ја криеме апатијата зад лажна насмевка, многу болести се од потиснати емоц... „Наместо прашањето: 'Што не е во ред во мене', да се запрашаме: 'Што е во ред со...
Најдобрата македонска скијачка на сите времиња – Јана Атанасовска (16): „Повеќе време поминувам на п... „Многу луѓе го гледаат скијањето како уживање во Австрија, земјата од соништата....
Планинарскиот готвач Џоко Ризов: „Од татко ми научив кои се отровни печурки, откажувам обврски за да... Секое слободно време 30-годишниот Џоко Ризов, кој работи како келнер во хотел ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg