Сања Камберска: „По илјадници таблети, стотици инјекции, безброј солзи ја добив мојата Каја“

Сања Камберска отворено говори за битката со стерилитетот, за асистираното оплодување и тешкиот пат до улогата на мајка … „Но, за да станам мајка на Каја вредеше секоја жртва“, вели таа.

sanja-kamberska-po-iljadnici-tableti-stotici-injekcii-bezbroj-solzi-ja-dobiv-mojata-kaja-01.jpg

Сања Камберска, дипломиран преведувач по албански јазик, на нејзини 30 години ја доби најубавата улога во животот – мајка, но патот до тоа дефинитивно не бил лесен.

Таа во интервју за CRNOBELO.com искрено говори за борбата со стерилитетот, за асистираното оплодување, за тешкиот процес и душевната болка, но и за убавината на улогата мајка.

Каков беше патот до станувањето мајка?

Мајчинството со себе носи многу обврски и големи промени во животот и да дојдеш до таа значајна животна улога патот не е секогаш лесен, но надежта дека на крајот од тој тежок пат ќе добиеш плод ти дава сила да се соочиш со неплодноста и да не се откажеш во борбата.

Кога се омажив за мојот сопруг пред 5 години не ни размислувавме дека нашата најголема борба ќе биде обидот да основаме семејство. По година ипол активно обидување да останам трудна (а не можев природно поради стерилитет) со мојот сопруг се одлучивме за асистирана репродукција (вештачко оплодување).

Година ипол илјадници таблети, стотици инјекции, безброј солзи, 9 јајце клетки, 2 ембриони.

Година ипол надеж, верба и едно прекрасно срцебиење.

Понекогаш ти доаѓа да дигнеш раце од сè, да се откажеш од сета таа болна процедура (мислам на онаа огромна душевна болка), но сепак кога ќе се сетиш дека си жеден за детска смеа, за своја наследник/чка тогаш сфаќаш дека вреди секоја жртва. Во тој тунел во кој си заглавен секогаш има една светла точка која те тера да продолжиш понатаму и да го најдеш излезот.

Патот беше макотрпен, минав денови и денови во болница, душевната болка е немерлива, но сето тоа вредеше за да ја добијам мојата Каја.

sanja-kamberska-po-iljadnici-tableti-stotici-injekcii-bezbroj-solzi-ja-dobiv-mojata-kaja-02.jpg

Колку поддршката од сопругот беше клучна во целиот процес?

Сфатив колку е важна поддршката од мојот сопруг. Тој секогаш беше со мене на сите прегледи, секогаш знаеше да ме насмее, да ме охрабри дека сè ќе биде во ред, дека сум силна, дека можам да го истерам овој пат, дека мора позитивно да размислувам, дека тоа што е наше ќе си дојде (дали сега или подоцна).

sanja-kamberska-po-iljadnici-tableti-stotici-injekcii-bezbroj-solzi-ja-dobiv-mojata-kaja-09.jpg

Што значи да се подложиш на Ин витро процедура? Колку е голем стресот притоа?

Довербата во докторот е многу важен фактор за успехот. Релацијата пациент-доктор е исклучително важна, а исто така и психолошкиот момент.

Многу битно е да се има дисциплина, спокој, трпение и поддршка од најблиските.

sanja-kamberska-po-iljadnici-tableti-stotici-injekcii-bezbroj-solzi-ja-dobiv-mojata-kaja-03.jpg

Колку години имаш проблеми со природното забременување?

Мојата приказна за мајчинството во основа е многу убава и среќна. Познавам жени што војуваат битка и по 8-9 години, така што би било грев да се пожалам.

Кај мене сè се случи многу брзо. Со многу љубов и малку наука добивме одговор на нашите молитви. По речиси девет месеци чекање, конечно се наѕираше светлината од крајот на тунелот.

sanja-kamberska-po-iljadnici-tableti-stotici-injekcii-bezbroj-solzi-ja-dobiv-mojata-kaja-04.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Баба и внука од Кавадарци се поим за нераскинлива љубов - Наташа (29) си ги истетовира името и окото... „Јас ја сакам баба ми најмногу на целиот свет. Во нејзината прегратка пораснав, ...
Сања од Битола за свадбата со Фредерик од Германија: „Со другарките имав кореографија на ‘100% Те љу... „На свадбата, покрај кореографијата со другарките, еден од најемотивните моменти...
Катерина Андова за битката со алопеција: „Никогаш нема да носам марами, сега кога ја знам слободата ... „Кога имав околу 20 години, по користење многу масти и креми, косата повторно ми...
Михаела (26) од Гевгелија е тениски судија: „Понекогаш судам и по 3 меча на ден, сум пропуштила важн... „Две недели откако се здобив со лиценца за судија, имавме турнир - не можев да в...
Рената (36) од Гостивар за борбата со ракот: „Доејќи го моето бебе опипав грутче на градата, мислев ... „На само 33 години и 10 месеци, кога моето второ бебе беше уште во пелени, ми бе...
Слаткар објави нов албум: „Сања не ми пишува текстови, со Калиопи ни оди многу лесно - тоа е некоја ... „На Моша мислам дека му е омилен дуетот со Калиопи, ама па му се свиѓа и ‘Е...

Најчитани неделава