Ангела од Скопје има само 6 години, а веќе е вистински мал готвач и потенцијална YouTube ѕвезда

Ангела Божиновска од Скопје има 6 години и е прваче во ОУ: „Кирил Пејчиновиќ“. Неодамна, сосема случајно, барајќи рецепт за пица, наидов на нејзиниот YouTube канал, каде ова девојче со задоволство споделува рецепти и готви за вас.

angela-od-skopje-ima-samo-6-godini-a-veke-e-vistinski-mal-gotvac-i-potencijalna-youtube-zvezda-01.jpg

На кратко, поразговаравме со нејзината мајка Јулијана за љубовта кон готвењето на малечката Ангела и за нејзините омилени рецепти:

„Ангела уште од нејзини 4 години, гледајќи ме мене, покажа интерес при спремањето на нашите оброци и секогаш сакаше да поминува време во кујната. Уживаше да ми помага  и јас секако ѝ дозволував, бидејќи сметам дека со тоа ќе стекне доста животни вештини и самодоверба, ќе ја развие својата имагинација и фантазија, ќе се научи на одговорност, на правилна и здрава исхрана, а и ќе се релаксира.

На почетокот се разбира учествуваше во некои поедноставни работи, како на пример премачкување на кифличките со јајце, валкање на бомбици во кокос, вадење форми за колачиња со калапчиња и слично, а сега веќе знае и сама да работи со тесто, да сечка и да декорира.“

Ова е нејзиниот најгледан рецепт на YouTube од подготовката на пита со спанаќ:

Како изгледа кујната кога готвите заедно?

Секогаш кога подготвуваме заедно некој рецепт сака да проба сè да направи сама и потоа учествува во средувањето на кујната и садовите, сè треба да стои на свое место - така што немаме брашно насекаде во кујната.

Во суштина сака сè да и биде средено и организирано не само во кујна, туку и општо, во нејзината соба, играчките, книгите, алиштата и сл.

angela-od-skopje-ima-samo-6-godini-a-veke-e-vistinski-mal-gotvac-i-potencijalna-youtube-zvezda-02.jpg

Кои се омилените рецепти на Ангела и што сака најмногу да подготвува?

Некако најмногу ја влече подготовката на десерти, палачинки и обожава да прави мафини, најпрво ставаме внатре вишни, цреши, сечкано чоколадо, украсуваме со слатка павлака, цветчиња, срценца, чоколадни трошки или правиме шлаг крема со прехранбени бои и сето тоа ѝ е забавно и примамливо. 

angela-od-skopje-ima-samo-6-godini-a-veke-e-vistinski-mal-gotvac-i-potencijalna-youtube-zvezda-03.jpg

За сега, Ангела вели дека сè уште се нема одлучено дали кога ќе порасне би сакала да биде готвач.

Колку ѝ помагате при подготовка на рецептите?

Секако дека има помош од моја страна, јас сум задолжена за делот околу шпоретот, сечкањето, ракувањето со миксер и слично, но ѝ оставам простор да биде креативна и самата да се изразува.

Како и сите оние кои уживаат во готвењето и Ангела сака да испробува од храната додека ја готви, за да види дали е на „прав пат“.

angela-od-skopje-ima-samo-6-godini-a-veke-e-vistinski-mal-gotvac-i-potencijalna-youtube-zvezda-04.jpg

Мама Јулијана вели дека ќе продолжат да готват заедно и да ги усовршуваат техниките во кујната затоа што тоа е одлична можност за квалитетно поминато време со децата – особено во ова време на видео игри и брза храна.

Дополнително, ова е можност да научат повеќе за кулинарството, за правилната и балансирана исхрана, да бидат внимателни и да се грижат и самите за себе.

„Би напоменала и дека поттик за нашата понатамошна работа во однос на нашите YouTube видеа ни даде и позитивниот коментар од Jamie Oliver, на еден рецепт подготвен од Ангела.“ – вели Јулијана.

angela-od-skopje-ima-samo-6-godini-a-veke-e-vistinski-mal-gotvac-i-potencijalna-youtube-zvezda-06.jpg

Рецептот за подготовка на пицата може да го погледнете овде:

Ангела може да ја следите и на Фејсбук и Инстаграм.

 ©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело / фото: приватна архива на Јулијана Божиновска

Би можело да ве интересира:

Ангела Ромевски: „На 12 години ми беше дијагностицирана леукемија, се изборив и сега на 30 години ст... „На 12 години добив дијагноза која ме порасна предвреме, мајка ми го изгуби слух...
Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...

Најчитани неделава