Никола и Дарио чуваат околу 200 тарантули: „Тарантулите се миленичиња кои се наменети да се набљудуваат, а не допираат и држат“

Никола Иванов и Дарио Стојановски се момци од Скопје кои веќе подолго време во своите домови чуваат тарантули и други егзотични миленичиња. Нивната колекција брои околу 200 тарантули.  

BeFunky collage

Никола е графички дизајнер, работи како фриленсер на неколку платформи, а природата е таа која на секој можен начин му го одзема здивот и тоа е единственото место на кое секогаш му се враќа.

Од друга страна, Дарио е студент во трета година на Институт за Географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, а воедно и член на херпетолошката секција на Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ), дел од управниот одбор на Истражувачко здружение на студенти географи (ИЗСГ) “Природник” и волонтер во Македонското еколошко друштво (МЕД).

Какви се тарантулите како домашни миленици?

Тие се животни кои не бараат многу внимание и се релативно лесни за чување. Тарантулите не прават врева, тие се чисти животни кои можат цел живот да го поминат во терариум и бараат едноставни услови за чување кои лесно може да се обезбедат, со правилно знаење и посветеност.

BeFunky collage 25

Интересно е тоа што сè поголем број на луѓе одлучуваат да чуваат тарантули. Барем во последните неколку месеци дознав за неколку познаници. Кажете ми од каде добивте желба да чувате тарантули?

Љубовта кон пајаците ни се основаше уште во раните детски години. Живеевме во село, и како дете бевме доста истражувачки настроени. Истражувањата ги вршевме во околните средини и на тој начин се запознававме со дел од животните на тој простор.

Најповеќе сакавме да собираме жаби и пајачиња, па така нашите соби беа исполнета со тегли користени како терариуми.

Филмовите, сериите и медиумите за тарантули дават лоша репутација. Од ваше искуство можете ли да ни кажете какви се тие?

Пајаците, општо гледано низ историјата па и до денес, се едни од најпогрешно разбраните суштества. Многу луѓе честопати имаат неоснован страв од пајаците како резултат на премногу генерализирани гледишта во општеството, лошата репутација стекната од филмови, серии и медиуми како и недоволната едукација за пајаците и нивната улога во екосистемите.

Тарантулите се всушност фасцинантни суштества и тие не можат да се наречат „агресивни“ во класична смисла на зборот. Тие не напаѓаат без причина, односно апсурдно е да мислиме дека они сакаат да ни наштетат на нас.

Всушност повеќе се плашат од нас и најпрво би избегале отколку да имаат контакт или интеракција со луѓе. Но, тие може да манифестираат одбранбено однесување, односно во случај кога се чувствуваат загрозено се прават/се местат во т.н. „одбранбена поза“ која лесно може да се препознае преку кренатите предни пара на нозе, покажувајќи ги забите – со порака „не се доближувај, касам”.

BeFunky collage 24

Добро е да се слушне ова од вас. Кажете ми кои видови на тарантули ги чувате дома?

Чуваме повеќе видови на тарантули од родовите: Tliltocatl, Grammostola, Avicularia, Caribena, Psalmopoeus, Acanthoscurria, Lasiodora, Sericopelma, Nhandu, Ceratogyrus, Monocentropus, Hysterocrates, Heteroscodra, Stromatopelma, Haplocosmia, Chilobrachys, Orphnaecus, Omothymus, Cyriopagopus, Lampropelma и други.

Сите тарантули се пајаци, но не сите пајаци се тарантули. Тарантулите се слични по тоа што за да може да растат менуваат кожа во еден процес кој се нарекува „ecdysis“. Исто така се слични по неколку надворешни морфолошки карактеристики како на пример позицијата на очи, позицијата на заби, фактот што сите имаат по 8 нозе, влакненцата што ги користат за чувствувања na вибрации и слично...

Тарантулите припаѓаат на стар и нов свет. Од нов се сите видови кои доаѓаат од Северна, Средна и Јужна Америка и имаат иритирачки влакна на абдоменот, а од стар се сите видови кои доаѓаат од останатиот дел од светот и имаат значително посилен отров.

BeFunky collage 10

Со што ги храните тарантулите?

Тарантулите се карнивори, односно се исхрануваат исклучиво со животни и инсекти. Пример: лебарки, штурци, црви и ларви, глувци, жаби, полжави, помали птици и останато... Ние избегнуваме да ги храниме со цицачи, водоземци или птици затоа што е непрактично од повеќе аспекти, а и сосема беспотребно.

Како во природа, нивната диета се состои најмногу од инсекти, па така и ние главно користиме лебарки како основна исхрана.

Кои услови се потребни за да можеш да чуваш тарантули?

Секој вид си бара свои услови за живеење зависно од каде потекнува и какво му е живеалиштето во природа. Бидејќи не е практично да наведуваме за секој вид кои му се поединечните барања – генерално ќе кажеме дека постојат видови кои сакаат посуви или повлажни услови. Уредувањето на терариумот исто така треба да биде зависно дали тарантулата е терестријална или арбореална.

Терестријални живеат под/на земја и сакаат сокровиште/дувло под или на самата земја, додека арбореалните живеат на дрвата или во повисоките делови во шумите. Па според ова, за терестријални тарантули ни се потребни долги и широки, но не високи тераиуми, а за арбореалните ни се потребни високи, но не долги и широки терариуми.

Тераиумите мораат да имаат соодветна вентилација, и на тарантулите им треба вода секогаш достапна за пиење. Кога станува збор за температура – најопшто кажано доколку на нас во собата каде ја чуваме тарантулата ни е пријатно да седиме со маичка по кратки или летен џемпер, тогаш и на тарантулата ѝ е пријатно.

Собна температура од 21 до 24 степени е идеално.

BeFunky collage 11

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Диџеј Мац: „На журки ми бараат песни од Ерзана и Врчак“ Крајот на 2023-та на музички план го одбележаа забавите со домашни хитови кои ди...
Игор Стефановски - Иџе за татковството: „Никогаш не сум бил на родителска, ќерката повеќе личи на ме... „Со синот Олег разговарам отворено за сè и тоа ме радува. Неизбежно е на ти...
Бродски љубовни приказни: Србинот Ненад и Перуанката Дафне, Карен од Мексико и Роман од Венецуела Врските на брод се познати по својот краток рок на траење, многу авантури за едн...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg