Роберт Василев, колекционер на монети: „Прва во колекцијата ми е сребрена драхма од 1910 година од мојот дедо Илија“


Роберт Василев, колекционер на монети: „Прва во колекцијата ми е сребрена драхма од 1910 година од мојот дедо Илија“

Роберт Василев (43), по потекло е од Струмица, но моментално живее и работи во Германија, заедно со својата сопруга и трите дечиња.

robert-vasilev-43-imam-3000-moneti-mi-nedostasuvaat-samo-od-senegal-i-juzen-sudan-01.jpg

Неговата пасија за колекционерство започнала со собирање на поштенски марки, па потоа се пројавил и интересот за собирање монети и банкноти. Со Роберт поразговаравме повеќе околу неговата колекција на монети од целиот свет која делува навистина импресивно.

robert-vasilev-kolekcioner-na-moneti-prva-vo-kolekcijata-mi-e-srebrena-drahma-od-1910-godina-od-mojot-dedo-ilija-12.jpg

„Со колекционерство се занимавам 35 години - од мои 8 години. Прво започнав со собирање поштенски марки бидејќи и чичко ми беше дипломат кој секогаш ми праќаше писма и разгледници од целиот свет каде што беше на служба и патување. Така почнав да се интересирам за државите во светот и во исто време и да ги запознавам истите. 

Со собирањето монети и банкноти започнав благодарение на мојата баба Елена која што имаше едни стари обетки со сребрени монети кои ми ги подари. Во исто време и мојот дедо Илија ми подари една сребрена грчка драхма од 1910 година која што му ја беше оставила неговата мајка. Во 1913 година при бегањето од Егејска Македонија таа паричка беше единственото нешто што останало како сеќавање на родниот крај и нејзината фамилија. 

robert-vasilev-43-imam-3000-moneti-prvata-e-srebrena-drahma-od-1910-godina-od-mojot-dedo-ilija-02.jpg

И така несвесно започнав да се занимавам со колекционерство. На почетокот како забава собирав било што само да бидат на број повеќе, а подоцна и малку посериозно. 
Кога сфатив дека не можам да ги соберам сите монети од целиот свет донесов одлука да имам барем по една од секоја држава во светот.“

robert-vasilev-43-imam-3000-moneti-prvata-e-srebrena-drahma-od-1910-godina-od-mojot-dedo-ilija-06.jpg

Вели дека во Македонија, за жал, нема многу сериозни колекционери со кои постои можност да се разменува ваков тип на колекција. Кога започнал да се разменува со интернационалци, тогаш нагло почнал да се зголемува бројот на држави од кои има монети.

„Кога немаше веќе од постоечките држави за собирање, тогаш почнав да собирам и од веќе непостоечки држави и колонии во светот.“

Најстарата монета која ја поседува е со Александар Македонски, стара 2300 години.

robert-vasilev-kolekcioner-na-moneti-prva-vo-kolekcijata-mi-e-srebrena-drahma-od-1910-godina-od-mojot-dedo-ilija-13.jpg

robert-vasilev-43-imam-3000-moneti-prvata-e-srebrena-drahma-od-1910-godina-od-mojot-dedo-ilija-04.jpg

robert-vasilev-43-imam-3000-moneti-prvata-e-srebrena-drahma-od-1910-godina-od-mojot-dedo-ilija-12.jpg

„Колекцијата ми се состои од околу 3000 поединечни монети, 500 банкноти и околу 5000 поштенски марки. Во моментот имам од 305 држави со тоа што од постоечките држави ми фалат само од две – Сенегал и Јужен Судан. Од Сенегал бидејќи тие немаат сопствени монети и единствено постојат јубилејни монети од пред 50 години и се поприлично вредни.“

robert-vasilev-43-imam-3000-moneti-prvata-e-srebrena-drahma-od-1910-godina-od-mojot-dedo-ilija-08.jpg

Kако посебно значајна ја одвојува моннетата која е издадена во чест на инаугурацијата на претседателот на Руската федерација, Владимир Путин:

robert-vasilev-43-imam-3000-moneti-prvata-e-srebrena-drahma-od-1910-godina-od-mojot-dedo-ilija-11.jpg

„Како нешто специјално што би издвоил од мојата колекција тоа би било монетата која е издадена во чест на инаугурацијата на претседателот на Руската федерација, Владимир Путин, која што е отпечатена во вкупен број од 1300 примероци во сребро и е доделувана на сите гости на свечениот чин во Москва 2004 година. Јас ја имам таа среќа да ја имам во два примерока во мојата колекција благодарејќи на мојот драг чичко Александар.“

robert-vasilev-43-imam-3000-moneti-prvata-e-srebrena-drahma-od-1910-godina-od-mojot-dedo-ilija-05.jpg

Роберт вели дека би имал желба барем едно од неговите три деца да продолжат и да ја шират неговата колекција. Не ја знае вредноста на истата, но смета дека неблагодарно е да се споредува со пари нешто во што толку многу уживаш и си посветил толку многу години од својот живот.

robert-vasilev-43-imam-3000-moneti-prvata-e-srebrena-drahma-od-1910-godina-od-mojot-dedo-ilija-07.jpg

robert-vasilev-43-imam-3000-moneti-prvata-e-srebrena-drahma-od-1910-godina-od-mojot-dedo-ilija-13.jpg

robert-vasilev-43-imam-3000-moneti-prvata-e-srebrena-drahma-od-1910-godina-od-mojot-dedo-ilija-09.jpg

Ако и вие сте колекционер и сакате да ја споделите вашата колекција и приказна со нашите читатели, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело / фото: приватна архива на Роберт Василев

Би можело да ве интересира:

Владимир Петровиќ - “Мали од Наше Маало”: Прва љубов ми е девојчето од градинка, а потоа глумата Пред 17 години на екраните се појави серијата „Наше маало”, која до ден денес бу...
Војо Иванов: Живеев 10 години со крокодил! Доколку не го познавате лично, сигурно сте го сретнале некаде низ Скопје. Најчес...
Ангела Маслова, охриѓанка од Алјаска: во лето на 0ºC децата се по кратки ракави и имаме 24 часа сонц... Сосема случајно на Инстаграм, наидовме на прекрасни фотки од наша девојка која ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg