„Како се вљубив во Македонец?“ - Девојки од разни земји во светот откриваат какви партнери се Македонците

Стефанни Дантас Нунес Видикова и Панче

Бразилката Стефанни Дантас Нунес Видикова пак за својот партнер од Македонија вели дека е тивок и мирен, одличен сопруг и добар пријател кој и е најголема поддршка. Таа и Панче се уште една приказна која започна на отворено море, а се закотви во Кавадарци, каде веќе осум години го градат својот дом, далеку од родниот Сао Пауло.

strankinji-ni-odgovaraat-kakvi-partneri-se-makedoncite-20.jpg

„ Бракот со партнер од различна култура носи многу повеќе предизвици, отколку бракот со партнер од иста националност, но, и покрај сѐ, е одлично бидејќи со мојот сопруг имаме силно пријателство на кое се темели нашиот здрав и среќен брак“ – вели младата Бразилка која за својот сакан вели дека е многу мирна и љубопитна личност која е одлична поддршка. Разликата меѓу нив е што таа е поригорозна, а тој порелаксиран.

strankinji-ni-odgovaraat-kakvi-partneri-se-makedoncite-18.jpg

На прашањето дали има прифатено некои од македонските традиции и навики, таа вели дека не многу, користи некои локални намирници во секојдневното готвење и дека сѐ уште цврсто се држи до својата бразилска култура и стил иако географски е далеку од нив.

strankinji-ni-odgovaraat-kakvi-partneri-se-makedoncite-19.jpg

“Бразилците се послодобоумни и либерални и немаат никави проблеми со јавно искажување на емоции, додека Македонците се поконзервтивни“ – е нејзиниот одговор на прашањето која е разликата меѓу овие две националности.

strankinji-ni-odgovaraat-kakvi-partneri-se-makedoncite-21.jpg

Порше Ан Латеган и Миле

Кариерата на брод е причина за уште една љубовна приказна која спојува два континети, Јужноафриканката Порше и Македонецот Миле. 33-годишната Порше Ан Латеган од Кејптаун раскажува како е да се биде во врска со нејзиниот македонски вереник.

Нивната љубовна приказна започнува пред четири години, а поради светската пандемија ја откажаа својата венчавка.

strankinji-ni-odgovaraat-kakvi-partneri-se-makedoncite-08.jpg

„Откако го запознав Миле се заљубив во неговот силен карактер, имам чувство дека тој бил војник во друг живот. Научив да ја разбирам неговата романтична страна која е многу поразлична од мојата, неговиот начин да се грижи за мене, да ме разгалува и изненадува со подароци кои знае дека ги посакувам, па така на секоја поважна дата, јас добивам подарок една недела подоцна. Јас и тој сме тим, динамичен тим, и двајцата сме силни и борци, секој на свој начин, но јас сум тврдоглавата во врската“ – вели таа за нејзиниот сакан Скопјанец.

Таа додава дека имаат различни религиозни верувања и култури, па се обидува да научи повеќе за неговата и да ги прославуваат сите празници заедно и еднакво, а за неа тоа е многу важно, дека во иднина, во нивното семејство таа ќе ги следи неговите традиции и вредности.

strankinji-ni-odgovaraat-kakvi-partneri-se-makedoncite-11.jpg

На прашањето која е разликата меѓу Македонците и нејзините сонародници таа вели дека секој маж има свој карактер, однесување и вредности без оглед на неговата националност.

strankinji-ni-odgovaraat-kakvi-partneri-se-makedoncite-10.jpg

За љубоморната страна на Македонците оваа симпатична Јужноафриканка насмеано вели дека ја почувствувала на нивното прво заедничко патување во Италија, но дека тој добро се исконтролирал и оттогаш не ја покажува својата љубомора многу често.

Таа додава дека поради работата на брод и пандемијата, тие немале многу време заедно во „нормалниот“ живот и верува дека со текот на времето нејзиното мислење за каратерот на вереникот ќе се промени, но се нетрпение очекува да го помине секој ден од живот крај него градејќи го нивниот дом и семејство.

strankinji-ni-odgovaraat-kakvi-partneri-se-makedoncite-09.jpg

Силни, но посветени и грижливи, не многу романтични, но доволно нежни, а најважно од сѐ нашите Македонци се одлични партнери кои секогаш ја поддржуваат својата поубава половина, ставајќи ја среќата на љубената и семејните вредности на прво место.

Можеби Македонците не се романтични и стравствени како Италијанците и Шпанците, но нивната лојалност и посветеност ги етикетира како одлични партнери со кои вреди да се помине остатокот од животот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело / фото: приватна архива



Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
„Пред 45 години успеав да ја заведам единствената жена која посакав да ми роди деца“ – Жељко Самарџи... „Во брак сме 45 години и заедно пребродивме многу убави, но и тешки животни моме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg