„Како се вљубив во Македонец?“ - Девојки од разни земји во светот откриваат какви партнери се Македонците

Шекспир со своите љубовни драми ги престави Италијанците како најроматични, Французите со својот јазик на љубовта го носат епитетот за најдобри бакнувачи, a ретко која дама може да одолее на латинскиот шарм. Шпанците важат за најверни,Турците пак се на врвот на листата за најљубоморни мажи, а Канаѓаните се пак најтолерантни, додека нивните соседи, Американците најарогантни... А какви се Македонците како партнери и сопрузи?

kako-se-vljubiv-vo-makedonec-devojki-od-razni-zemji-vo-svetot-otkrivaat-kakvi-partneri-se-makedoncite-01 (1).jpg

Дали и тие спаѓаат во групата на мажествени Балканци кои гласно го искажуваат своето мислење, купуваат подарок само за 8-ми Март и поважен им е топлиот домашен ручек и ладно пиво отколку романтична вечера во ексклузивен ресторан со свеќи и вино, или сепак не е така кај сите?

За да откриеме какви партнери се Македонците одбравме соговорнички од различни краеви од светот кои судбоносното „да“ им го кажале на нашите сонародици, а тие во едно се согласни, Македонците како партнери се верни и грижливи, секогаш посветени на семејството и одлични пријатели.

Кејти Шмидт-Трајковски и Дане

Американката Кејти Шмидт-Трајковски скоро пет години е во брак со Македонецот Дане родум од Градско. Нивната љубовна приказна започнува на бродот MSC Opera додека крстареле по Балтичкото Море, таа како хостеса за социјални настани, а тој како келнер во бар.

Својата врска ја започнале само еден месец по запознавањето, во јуни 2016, а пет месеци подоцна, во неговиот роден крај стапиле во брак. За својот сопруг, Кејти вели дека е нејзиниот најдобар пријател, грижлив маж и секогаш ја смее.

strankinji-ni-odgovaraat-kakvi-partneri-se-makedoncite-02.jpg

„Понекогаш Дане знае да биде темпераментен, но никогаш со мене и никогаш го немам видено вистински лут со некого. Понекогаш е тврдоглав, а кога ќе му помине, доаѓа да се извини со бакнежи.

Најчесто е среќен и релаксиран и ние двајца одлично си поминуваме заедно“ - вели Кејти и додава дека тој ѝ помогнал да сфати дека секогаш треба да биде своја, дека тој ја прифаќа и ја сака каква што е. Со Дане крај себе, таа вели дека сфатила дека не е потребно да се менува себеси за да ги усреќи другите.

strankinji-ni-odgovaraat-kakvi-partneri-se-makedoncite-07.jpg

„Не е романтичен во смисла да ми носи цвеќиња и чоколади што повеќето го сфаќаат како симбол на романтика. Но, тој е романтичен во начинот на кој ме прегрнува и гледа и не му е потребен специјален празник за да ми каже колку ме сака“ – раскажува таа за својот сопруг, за кој додава дека не е љубоморен.

strankinji-ni-odgovaraat-kakvi-partneri-se-makedoncite-05.jpg

Таа вели дека научила да зборува македонски по малку и дека заедно прославуваат некои од нашите празници, посебно Божиќ, Велигден и Свети Трифун. Исто така, таа научила да подготвува некои македонски деликатеси. Бидејќи тој не е навикнат на западните Божиќни традиции со подароци и многу декорации, се договориле и почнале своја традиција, украсуваат со светилки и наместо подароци, тие готват заедно и уживаат во секој миг поминат еден крај друг.

Она што таа го има прифатено од македонската култура и традиција е прославувањето на празникот Свети Трифун, и иако е на иста дата со популарниот Ден за Вљубените, тие уживаат со добро вино и мезе секој 14-ти февруари (Денот на вљубените).

„Јас сум пресреќна што го запознав Дане и што сум мажена со мојот најдобар пријател“ вели заљубената Кејти која додава дека тајната на успешна врска е да не одат налутени во кревет.

strankinji-ni-odgovaraat-kakvi-partneri-se-makedoncite-06.jpg

Паула Купер-Трајковски и Бојан

Уште една Американка која веќе девет години е во брак со Македонец, а нивната љубов цута повеќе од 12 години. Паула Купер-Трајковски за својот Бојан вели е заштиник, маж кој се грижи за семејството, добар татко и сопруг кој има почит и емпатија за сите околу него.

Нивната љубовна приказна започнува во Багдад, Ирак каде и двајцата работеле, а во последниве осум години македонската престолнина е нивен дом, каде се родил првиот син, а оваа пролет очекуваат уште една принова во семејството.

strankinji-ni-odgovaraat-kakvi-partneri-se-makedoncite-13.jpg

„Јас и Бојан доаѓаме од различни краеви, но цениме исти вредности. Други Македонки ми велат дека сум имала вистинска среќа да го сретнам Бојан, и според приказните што ги имам слушнато, благословена сум со Македонецот кој го запознав. Не сум сигурна, но верувам дека причината за тоа е што тој имал контакт со многу луѓе од различни култури и има патувано надвор од Македонија, па се разликува од останатите.

Мојот сопруг има одличен карактер, тој едноставно е пристојна личност. Бојан има големо срце, емпатичен и слободоумен, со почит за сите околу него, и моја голема поддршка за сите предизвици со кои јас се соочувам со живеењето во Македонија“ – вели Паула која додава дека тие двајцата се еден силен тим, и секој нивен успех е успех за семејството.

strankinji-ni-odgovaraat-kakvi-partneri-se-makedoncite-12.jpg

„Не знам како би функционирало нашето семејство ако ние двајцата не сме тимски играчи“ – ни раскажува таа која додава дека во нивниот дом сѐ се решава со добра комуникација. Секој во домот има своја улога, но не баш традиционална поделба на улогите во едно семејство.

Таа најчесто готви, но и Бојан знае да застане зад шпоретот. Тој ѝ помага со чистењето, а посебно одржувањето на дворот, а најмногу е зафатен со нивниот син. И додека таа е во доцна бременост, Бојан е тој што трча наоколу за сѐ што е потребно.

Паула вели дека секоја одлука е заедничка, и понекогаш знаат да побараат совет од неговите родители.

strankinji-ni-odgovaraat-kakvi-partneri-se-makedoncite-14.jpg

На прашањето дали има прифатено некоја од неговите македонски навики таа вели дека од почит излегува наназад од црква, нешто што само тука го има видено.

„Во мојот роден крај кога имаме гости им велиме чувствувајте се како дома, што значи можат да се послужат со вечера во кујната. Но, тука, во Македонија пијалак и закуска се нудат штом гостите ви влезат во домот. Тоа е навика што ја прифатив, ми се допаѓа и планирам да ја користам засекогаш бидејќи е одличен знак на гостопримливост“.

strankinji-ni-odgovaraat-kakvi-partneri-se-makedoncite-15.jpg

На прашањето дали Македонците се љубоморни таа вели: „Не можам да кажам за секој Македонец и не би рекла дека тоа се однесува на сите мажи во Македонија, но сум била сведок на одредени ситуации и сум слушнала од некои Македонки дека има и вакви мажи. Можам да зборувам само за мојот сопруг, којшто е заштитнички настроен во нормална мера. Тој не е љубоморен, ниту пак егоистичен.

Подобро е запознаен со некои работи во неговата земја, бидејќи сум од странство, па го споделува своето мислење со мене за да бидам безбедна, иако тој нема никаков проблем доколку сакам да излезам со пријателите, како што немам ни јас доколку тој сака да излезе со неговите пријатели. Навистина не е проблем да излеземе заедно или секој посебно.

Одам дури и надвор од градот на викенд кај пријателки мајки, за да се релаксираме женско друштво, за што имам целосна поддршка од него, бидејќи разбира дека од време на време на сите ни е потребнo малку да се одмориме. И двајцата имаме и пријателки и пријатели“ – вели таа и додава дека имаат доверба еден во друг и заемно се почитуваат. „Да не беше така, немаше ни да бидеме заедно“.

Нејзиниот одговор на прашањето како овој Македонец го освоил нејзиното срце е бидејќи со него таа е 100% своја и крај него се чувствува како дома, што за неа е прекрасно чувство.

strankinji-ni-odgovaraat-kakvi-partneri-se-makedoncite-16.jpg

„Покрај тоа што е атрактивен, мојот сопруг е интелигентен и со одлична смисла за хумор. Кога се запознававме со него разговараме на најразлични теми и тој секогаш е љубопитен за работите кои му се непознати“, вели Паула која раскажува за неговата упорност да ја запознае, и дека ја пронашол само знаејќи го нејзиното име на Фејсбук, и пребарувал низ над 400 профили.

Вели дека во Ирак таа била фокусирана на завршување на своите постдимплоски студии без интерес на сериозна врска, но Бојан ја освоил со самодовербата, долгите разговори и начинот на кој се однесувал со своите колеги. А ја освојува повторно и повторно секогаш кога ѝ вели дека е горд на неа.

„Имам партнер, најдобар пријател и уживам во бракот со него и градењето на нашиот живот и семејство и иако треба повторно да го поминам ова, јас повторно би го избрала него“ – вели нашата соговорничка за својот сопруг со македонски корени.

strankinji-ni-odgovaraat-kakvi-partneri-se-makedoncite-17.jpg

Уште 2 љубовни приказни на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
„Пред 45 години успеав да ја заведам единствената жена која посакав да ми роди деца“ – Жељко Самарџи... „Во брак сме 45 години и заедно пребродивме многу убави, но и тешки животни моме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg