Интервју со Рамон, Бразилец женет за прилепчанка: „Ги мразам зимите во Македонија, но обожавам бурек и ракија“


Интервју со Рамон, Бразилец женет за прилепчанка: „Ги мразам зимите во Македонија, но обожавам бурек и ракија“

„Се надевам дека Македонците нема да ме мразат, ама најискрено не ми допаѓа ајвар, но, затоа многу сакам да јадам бурек...“, раскажува 28-годишниот Рамон од Бразил, кој дојде во Прилеп како фудбалер, а остана како сопруг на Мариа и татко на Наоми.

brazilecot-ramon-dojde-vo-prilep-kako-fudbaler-ostana-kako-soprug-na-maria-i-tatko-na-naomi-01.jpg

Бразилецот Умерсон Рамон де Соуса Барбоса (28) дошол во Прилеп како фудбалер на трансфер од шест месеци, но се вратил за својата сакана Мариа, со која сега живее во Скопје и ја имаат ќеркичката Наоми.

Роден во Пернамбуко,а растен во Сао Пауло овој Бразилец вели дека му се допаѓа сигурноста што Mакедонија му ја нуди, а обожава денот да го почне со чорба и ракија.

Како и повеќето странци кои доаѓаат во нашата земја од тропските краишта и тој има проблеми со зимата и насмеано вели дека уште не знае како да оди на снег и цела зима е болен.

brazilecot-ramon-dojde-vo-prilep-kako-fudbaler-ostana-kako-soprug-na-maria-i-tatko-na-naomi-08 - Copy.jpg

За CRNOBELO.com открива дека ги сака Македонците зошто имаат добро срце, но додава дека неколку пати имал непријатни искуства поради бојата на кожата:

Колку долго живееш во Македонија и што те донесе тука?

Во Македонија дојдов во 2017 година на фудбалски трансфер од Хрватска да играм за клуб во Прилеп. Останав во Прилеп шест месеци и повторно се вратив во Хрватска, од каде по осум месеци се вратив во Бразил.

Но, љубовта кон мојата Мариа беше причината јас повторно да се вратам во Прилеп. Во јуни 2018 се вратив и од тогаш Скопје е дом за мене, Мариа и нашата Наоми.

brazilecot-ramon-dojde-vo-prilep-kako-fudbaler-ostana-kako-soprug-na-maria-i-tatko-na-naomi-18.jpg

Како е да се биде во брак со Македонка?

Навикнат на жените од Бразил, врската и бракот со Македонка ми беше вистински шок на култура и карактер, бидејќи, за мене, македонските жени се многу силни, вредни и се борат за своите соништа и семејството. Тоа за мене е и најголемата разлика меѓу Македонките и Бразилките.

brazilecot-ramon-dojde-vo-prilep-kako-fudbaler-ostana-kako-soprug-na-maria-i-tatko-na-naomi-04 - Copy.jpg

Жените од Бразил многу лесно изневеруваат и не се многу амбициозни, додека Македонките се лојални, вредни и упорни и целосно посветени на семејството, но и на кариерата. Барем од она што го гледам во мојата Мариа.

Што најмногу ти се допаѓа во Македонија?

Во Македонија најмногу ми се допаѓа безбедноста. Животот не е многу лесен, но барем без страв од напад и грабежи можам да се движам на улица во кое било време од ноќта.

Во Бразил, во некои градови тоа не е можно бидејќи е опасно и има многу криминалци, кои би те нападнале само за мобилниот телефон или мала сума на пари. Исто така, многу ми се допаѓаат и Македонците кои се луѓе со големо срце.

brazilecot-ramon-dojde-vo-prilep-kako-fudbaler-ostana-kako-soprug-na-maria-i-tatko-na-naomi-24.jpg

А што не ти се допаѓа?

Не ми се допаѓа однесувањето на поединци во Македонија кои поради бојата на кожата ме гледаат лошо, не ме пуштаат да влезам во ресторан или ми судат пред да ме запознаат.

intervju-so-ramon-brazilec-zhenet-za-prilepchanka-gi-mrazam-zimite-vo-makedonija-no-obozhavam-burek-i-rakija-01.jpg

Како се снајде на професионално поле? Дали сè уште играш фудбал?

Иако цел животот сонував да бидам професионален фудбалер, поради повреда на десната нога јас морав да ја прекинам мојата фудбалска кариера.

brazilecot-ramon-dojde-vo-prilep-kako-fudbaler-ostana-kako-soprug-na-maria-i-tatko-na-naomi-22.jpg

Прво работев како агент во кол-центар со португалски јазик и во агенцијата останав една година.

Секој понеделник играм фудбал со пријатели кои ги запознав во Скопје, и еден од нив, кој сега е мојот ангел-чувар, ме препорача на неговиот шеф, и сега работам како диспечер во компанија за транспорт и сум презадоволен.

brazilecot-ramon-dojde-vo-prilep-kako-fudbaler-ostana-kako-soprug-na-maria-i-tatko-na-naomi-26.jpg

Која е најголемата разлика меѓу Бразил и Македонија?

За мене лично најголемата разлика е во кујната. Мојата мајка е готвач и навистина ми недостига нејзината домашна храна, иако, морам да нагласам дека и мојата сопруга готви одлично.

brazilecot-ramon-dojde-vo-prilep-kako-fudbaler-ostana-kako-soprug-na-maria-i-tatko-na-naomi-19.jpg

Друга разлика е што Бразил е мултикултурна држава и што Бразилците се отворени и без предрасуди, додека Македонците се поограничени и затворени кон луѓе од различни раси и националности.

brazilecot-ramon-dojde-vo-prilep-kako-fudbaler-ostana-kako-soprug-na-maria-i-tatko-na-naomi-09 - Copy.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Добри Јовевски, наставник кој ја враќа вербата во професијата: „Со дечињата приготвуваме оброци и уч... И додека некои се задоволни да тонат во просекот и сивилото на својата професија...
Бранкица Богдановска: „На 19 години ми дијагностицираа мултипла склероза, но не се откажувам од свои... „Не се плашете од болеста и разговарајте отворено за неа, јас имав симптоми како...
Вангел Тркаљанов: „Една незгода ме остави неподвижен, но не се откажувам од скијање и велосипедизам“ „Скија, нурка, вози велосипед, скока со падобран, а јавал и слон во Тајланд... 3...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg