Инспиративниот Јован Илиески: На 22 години напишал 5 книги, модниот стил му е препознатлив знак


Инспиративниот Јован Илиески: На 22 години напишал 5 книги, модниот стил му е препознатлив знак

Тој е млад, полетен, амбициозен психолог и иден гешталт психотерапевт, пишува психолошки романи со трилер моменти, а неговиот моден стил не може да мине незабележано... Кој е Јован Илиески?

inspirativniot-jovan-ilieski-na-22-godini-napishal-5-knigi-modniot-stil-mu-e-prepoznatliv-znak-01.jpg

Јован Илиески е младо инспиративно момче кое на само 22 години има напишано 5 книги. Тој е психолог и иден гешталт психотерапевт, живее во Тетово, а препознатлив е по специфичниот моден стил.

Негово животно мото е „Биди свој и среќен во своја кожа, не постои нешто поважно.

inspirativniot-jovan-ilieski-na-22-godini-napishal-5-knigi-modniot-stil-mu-e-prepoznatliv-znak-06.jpg

Негова последна книга е психолошкиот трилер „Соба 610“.

За тоа од каде ја црпи инспирацијата за книгите, за CRNOBELO.com открива:

„Инспирацијата најмногу ми доаѓа од мојот личен живот и моите искуства и доживувања. Тоа што го живеам, го пренесувам во пишан збор, само во непрепознатлива форма.

Завиткано, украсено, нашминкано. Настаните во моите романи никогаш не се мое лично искуство, ама емоциите секогаш се лично мои.“

inspirativniot-jovan-ilieski-na-22-godini-napishal-5-knigi-modniot-stil-mu-e-prepoznatliv-znak-05.jpg

Јован вели дека пишува откако знае за себе.

„Писателството ми е веќе професија и со тоа се занимавам, а притоа, на мојата втора љубов, психотерапијата, секојдневно ѝ се посветувам преку гешталт едукацијата.

Фасцинантно е колку многу се разликуваат овие две нешта, а ги чувствувам како едно. Но, најмногу, книжевноста ми помага во психотерапијата да сум покреативен, а психотерапијата ми помага во создавање ликови во моите дела.

inspirativniot-jovan-ilieski-na-22-godini-napishal-5-knigi-modniot-stil-mu-e-prepoznatliv-znak-08.jpg

Најчесто пишувам психолошки романи со трилер елементи, впрочем, тоа е и мојата професија и обожавам да ги мешам психологијата и пишаниот збор. Не сум знаел дека можат да бидат таква комбинација.“

inspirativniot-jovan-ilieski-na-22-godini-napishal-5-knigi-modniot-stil-mu-e-prepoznatliv-znak-02.jpg

Не можевме, а да не забележиме дека Јован се истакнува по модниот стил. На оваа тема тој за CRNOBELO.com вели:

„Јас не верувам во тоа дека некој може да дефинира свој стил. Благодарам на комплиментот, но, навистина се облекувам така како што се чувствувам.

Можеби имам препознатлив стил, но не се трудам да го постигнам тоа. Отсекогаш и сум ја поддржувал идејата дека мора да бидеме искрени кон тоа што го носиме, така и ќе знаеме да го носиме.

inspirativniot-jovan-ilieski-na-22-godini-napishal-5-knigi-modniot-stil-mu-e-prepoznatliv-znak-09.jpg

Гардероберот мој е полн и со парчиња што никогаш не сум ги носел, ама имам омилени кои ги носам често на мене, а поради различниот начин на комбинирање не се забележува дека се истите. Сакам да експериментирам, модата е уметност, а со уметноста се знае што прават уметниците.“

inspirativniot-jovan-ilieski-na-22-godini-napishal-5-knigi-modniot-stil-mu-e-prepoznatliv-znak-12.jpg

Моравме да го прашаме и колку Македонците имаат навика да купуваат книги.

„Македонците сè повеќе и повеќе купуваат книги. Она што ме чуди е тоа што на моите почетоци не мислев дека ќе наидам на публика за моите дела, а се покажа спротивното.

Но, тоа не го менува фактот дека мора да работиме на поголема почит кон пишаниот збор и книжевниците, а тоа сè уште тука не е на посакуваното ниво. Имаме преталентирани луѓе и прекрасен јазик, само тие млади луѓе нема каде да испливаат.

inspirativniot-jovan-ilieski-na-22-godini-napishal-5-knigi-modniot-stil-mu-e-prepoznatliv-znak-07.jpg

На кои свои дела е најгорд, тој вели:

„Претпоследната книга „Ноќта кога ја напуштив Прага“ и последната „Соба 610“ се најважни за мене.

inspirativniot-jovan-ilieski-na-22-godini-napishal-5-knigi-modniot-stil-mu-e-prepoznatliv-znak-04.jpg

„Ноќта кога ја напуштив Прага“ е историска љубовна фикција за самохрана мајка во текот на првата светска војна, а „Соба 610’ е психолошки трилер кој си игра со умот на читателот.

Низ него е провлечена мистерија и разрешување на истата, сместена во Верона, Италија. Ја доловува и важноста на психотерапијата и тука внесувам момент од мојата професија. Обработувам психичко личносно растројство кое е сè уште табу тема тука и сакав да го донесам поблиску до мојата публика.

Ние сè уште не зборуваме за вистината на менталното здравје. Па, низ една приказна полна со неизвесност, се обидувам да го протнам и прашањето - што се случува ако не внимаваме на тоа како нашите негативни искуства и трауми влијаат на нашата личност.

inspirativniot-jovan-ilieski-na-22-godini-napishal-5-knigi-modniot-stil-mu-e-prepoznatliv-znak-10.jpg

Во продолжение кратка содржина за двете последни книги на Јован: 

„Ноќта кога ја напуштив Прага“

„Напуштајќи го нејзиниот роден град, Ингрид со себе го зема само нејзиниот син, знаејќи дека тоа е единственото нешто кое ѝ преостанало.

Додека ги собира спомените од нејзиното минато кои ѝ го гребат срцето, налетува на човек кој го разбранува и најмалото парче љубов што останало во неа. Гледајќи да направи сѐ за иднината на нејзиниот син, Ингрид е подготвена да го прегази и споменот на нејзиниот починат сопруг.

Во пресрет на новата љубов и катастрофата која го зафаќа светот, Првата светска војна, освен во историјата, ќе стави точка и на кулминацијата во нејзиниот живот.

Приказна од времето на аргатувањето, истрелите на куршумите и жртвите што ги носи војната со себе, па сѐ до времето на создавањето на Чехословачката Република и влијанието на Коко Шанел во борбата на жената за нејзините човечки права.

Ова е приказна за една мајка која се бори за нејзиниот син, за нејзината љубов, што го добива заслуженото место на страниците во една од илјадниците приказни кои се незапишани низ историјата на политиката и злото, модата и џезот, аргатлукот и аристократијата, и љубовта како жртва на светскиот крвав хаос." 

inspirativniot-jovan-ilieski-na-22-godini-napishal-5-knigi-modniot-stil-mu-e-prepoznatliv-znak-11.jpg

„Соба 610“

Колку може еден човечки ум да биде непредвидлив?

Непозната жена го пријавува нејзиниот сопруг за исчезнат по изминати триесет часа. Прочуениот инспектор во Верона, почнува да работи на случајот, но никој не го предупредува од неочекуваното, сè додека полицаецот Пелегрини не му каже дека таа жена е многу добро позната на полицијата.

По нејзиното заминување од станицата, градот на љубовта, преку ноќ се претвора во градот на измамата, скриените тајни, манипулирањето со потсвеста.

Мистериозното исчезнување на нејзиниот сопруг достигнува напрегнат психолошки пресврт кој си игра со здравиот разум на секој лик во приказната, а најмногу со нејзиниот. 

На крајот, колку ќе го чини злосторникот ако биде жртва на сопствениот хаос?

inspirativniot-jovan-ilieski-na-22-godini-napishal-5-knigi-modniot-stil-mu-e-prepoznatliv-znak-03.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Владимир Петровиќ - “Мали од Наше Маало”: Прва љубов ми е девојчето од градинка, а потоа глумата Пред 17 години на екраните се појави серијата „Наше маало”, која до ден денес бу...
Војо Иванов: Живеев 10 години со крокодил! Доколку не го познавате лично, сигурно сте го сретнале некаде низ Скопје. Најчес...
Рошин Марфи од Moloko за CRNOBELO.com: „Во Македонија луѓето знаат како да се журкаат!“ Молоко - дуото кое веројатно ве враќа во младоста, во времето на '90-тите и рани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg