Разговараме со ќерка и мајка - Надалина и Оливера: „На неа прва ѝ се обраќам кога имам проблем“

Одите ли на заеднички патувања, шопинг или имате некои заеднички навики?

До пред да се омажам патувавме заедно многу. Сигурно ќе најдевме некоја интересна екскурзија надвор од Македонија на неколку дена за да прошетаме, да видиме нешто ново, да се релаксираме и уживаме заедно.

Пешачењето на Водно ни беше „must do“ активност за викенд, и секое одење тестиравме различна патека до Средно Водно, Марково крувче и слично.

Сега не е нешто многу сменето, заради целава ситуација шетањето надвор од државата е сведено на минимум, но сепак ако е убаво времето за викенд гледаме максимално да го искористиме и да прошетаме на чист воздух.

Исто така, знаеме да си одвоиме време за масажа, посета на фризерски салон и слично, да си пружиме време и грижа за себе и да се релаксираме.

Исто така, и двете многу сакаме фотографирање. Слободното време, а посебно прошетките и некои интересни моменти задолжително ги одбележуваме со прекрасни фотографии.

nadalina-za-majka-i-olivera-majka-mi-me-ima-rodeno-na-24-godini-taa-mi-e-najdobra-prijatelka-16.jpg

Како таа те прави подобра личност, а исто и ти неа?

Мајка ми е најгласниот поборник за да ме охрабри да живеам живот каков што сакам. Таа прави да се чувствувам сигурно, сакано и ме поддржува во моите одлуки.

Сега откако станав и јас мајка, сфаќам дека нејзината љубов е огромна. Таа е единствената личност која ме жали доколку моето дете не спие.

Единствена која, еднаш неделно, доаѓа дома да ми помогне со чистењето и не ме осудува што некогаш има расфрлени играчки или куп садови.

Единствената личност која ме прашува дали ми треба нешто.

Единствената која кога ќе дојде кај мене на гости да испие едно кафе на раат во мое друштво, претрчува низ куќата за да ми ги навади цвеќињата, или да потсреди нешто зошто јас не сум стигнала да го направам тоа, заради други поприоритетни обврски.

Единствената кај која и дремката од половина час ми е безгрижна и ми се чини дека за толку кратко време можам да потонам во длабок сон и да се наспијам.

Едноставно, таа ми е најголемата помош во „секојдневниот динамичен живот“ и никогаш не ме одбила за што и да сум ѝ побарала.

nadalina-za-majka-i-olivera-majka-mi-me-ima-rodeno-na-24-godini-taa-mi-e-najdobra-prijatelka-11_1.jpg

Зошто не можете да си го замислите секојдневието една без друга?

Врската помеѓу мајка и ќерка е многу важна во животот на секоја жена. Никој не може да ја замени мајката затоа што само таа може да ни даде неизмерна, безусловна љубов, грижа и разбирање.

nadalina-za-majka-i-olivera-majka-mi-me-ima-rodeno-na-24-godini-taa-mi-e-najdobra-prijatelka-10.jpg

nadalina-za-majka-i-olivera-majka-mi-me-ima-rodeno-na-24-godini-taa-mi-e-najdobra-prijatelka-09.jpg

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Розета од Скопје, мајка на Атанасиа (2): „Ќерка ми се роди со криви стапала, ѝ беа гипсирани до преп... „Атанасиа се роди со криви стапала, доби дијагноза Еквиноварус Талипес на д...
Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Љубовната приказна на Бојан Велевски и Каролина: „Се запознавме во диско - таа го викала келнерот, ј... „Таа вечер не требаше да одам во диско. Не требало ни Каролина да оди, непл...
Аница 55 години живее во САД: „Се преселив на 16, со сопругот изградивме куќа во Ресен да имаме свое... „Америка не ме пушта да си заминам засекогаш во Македонија, зашто таму ми се дец...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Сандра Ш. Каевска со семејството живее во Шведска: „Првите 3-4 години често размислувавме да се врат... „Првите три до четири години ни беа навистина тешки и често размислувавме за вра...

Најчитани неделава