Ангел Ситновски, колекционер и рокер: „Мојата колекција на плочи и ЦД-а брои безмалку десетина илјади“

Што ви е омилено од колекцијата? Што е најинтересното нешто што го поседувате?

Во колекцијата имам плочи од рок, особено оној прогресивниот рок, блуз и џез, а имам и неколку стотини наслови на класична музика. Секако, тука е и брат ми Здравко Ситновски - Ситна, помал малку по години, но исто така со голема колекција на ЦД-а.

Имав своја радио емисија најнапред на Скај радио, а подоцна на радио Равел каде што неколку години ја водев двочасовната емисија „Рок приказни“.

angel-sitnovski-kolekcioner-i-vljubenik-vo-rok-mojata-kolekcija-na-plochi-i-cd-a-broi-bezmalku-desetina-iljadi-09.jpg

Многумина од моите другари се големи колекционери, така што честопати слушаме заедно музика или одиме на концерти.

Со превласт на дигиталните формати и фамозните МР3 формати, музичкото колекционерство како да стана архаичен поим. Многумина слушаат музика на своите телефони, на компјутерите и таблетите слушаат Youtube, но тоа не е тоа.

Винилот и грамофонот, барем за мене, му даваат една топлина  на домот и кога дома слушам музика се чувствувам прекрасно. Сè уште знам да го одвртам посилно потенциометарот на засилувачот и да, понекогаш им засметувам на соседите. 

angel-sitnovski-kolekcioner-i-vljubenik-vo-rok-mojata-kolekcija-na-plochi-i-cd-a-broi-bezmalku-desetina-iljadi-06.jpg

Кои се предизвиците да се биде колекционер во Македонија?

За среќа, последниве години започна будење и се случува голем светски ривајвл на винилите, се реиздаваат многу култни албуми на винил и се постигнуваат нови рекорди во нивна продажба и колекционерството се враќа.

Музички изданија купувам за мене, да ги слушам сам додека работам на моите проекти, или од време на време да слушам музика со пријатели.  Колекционерството е истражување, секогаш откриваш нова музика, нови музичари.

Кај нас е потешко да се најдат многу работи, а за нас и сè е поскапо. Но, и покрај толку поминати години кои останаа позади мене и покрај сите овие турбулентни времиња не се откажав од купување на мојата музика.

angel-sitnovski-kolekcioner-i-vljubenik-vo-rok-mojata-kolekcija-na-plochi-i-cd-a-broi-bezmalku-desetina-iljadi-12.JPG

angel-sitnovski-kolekcioner-i-vljubenik-vo-rok-mojata-kolekcija-na-plochi-i-cd-a-broi-bezmalku-desetina-iljadi-02.jpg

angel-sitnovski-kolekcioner-i-vljubenik-vo-rok-mojata-kolekcija-na-plochi-i-cd-a-broi-bezmalku-desetina-iljadi-15.JPG

angel-sitnovski-kolekcioner-i-vljubenik-vo-rok-mojata-kolekcija-na-plochi-i-cd-a-broi-bezmalku-desetina-iljadi-04.jpg

angel-sitnovski-kolekcioner-i-vljubenik-vo-rok-mojata-kolekcija-na-plochi-i-cd-a-broi-bezmalku-desetina-iljadi-08.jpg

angel-sitnovski-kolekcioner-i-vljubenik-vo-rok-mojata-kolekcija-na-plochi-i-cd-a-broi-bezmalku-desetina-iljadi-07.jpg

angel-sitnovski-kolekcioner-i-vljubenik-vo-rok-mojata-kolekcija-na-plochi-i-cd-a-broi-bezmalku-desetina-iljadi-03.jpg

Ако и вие сте колекционер и сакате да ја споделите вашата колекција и приказна со нашите читатели, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Перица Илиевски, страстен читател и колекционер на книги: „Мојата библиотека има 304 книги, купување...  Перица Илиевски (20) од Свети Николе е студент на факултет за информатика ...
Стефани Табаковска, колекционер на книги: „Мојата библиотека има околу 600 книги, а годишно читам по... „Непрочитаните книги ми се подредени по боја, прочитаните по автор и/или издавач...
Кирил Ангелов од Велес: „На 9 години бев жртва на сексуално злоставување, зборувам јавно со надеж да... „Првата ‘точка на кршење’ беше во 2017 година. Тогаш имав 32 години. Што значи в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg