Агнеса Органџиева: „Чуваме кралски питон, еднаш ни исчезна дома и 2 недели не ни доаѓаа гости од страв“

„Змијата ја храниме со специјални стаорци што се исклучиво само за рептили и тоа на 2 недели. Таа е многу мирна и питома и си има свој дом терариум“, открива Агнеса Органџиева (38) за CRNOBELO.com.

agnesa-organdjieva-chuvame-kralski-piton-ednash-ni-ischezna-doma-i-2-nedeli-ne-ni-doagjaa-gosti-od-strav-01.jpg

Агнеса Органџиева (38) од Скопје за себе вели дека потекнува од стара скопска фамилија на која што е многу горда и чие презиме го носи со задоволство. Таа е дипломиран правник, живее со двете ќерки и чува егзотичен миленик – кралски питон.

За начинот на кој ја чува змијата Агнеса споделува за CRNOBELO.com:

Колку време ја чувате змијата?

Змијата ја чуваме веќе една година, инаку е кралски питон и потекнува од Африка. Се вика Раја.

agnesa-organdjieva-chuvame-kralski-piton-ednash-ni-ischezna-doma-i-2-nedeli-ne-ni-doagjaa-gosti-od-strav-07.jpeg

Како се одлучивте да чувате змија како домашен миленик? Имаше ли некој член од семејството кој првенствено беше против?

Одлуката за чување беше едноставна бидејќи на големата ќерка Вивиен змијата ѝ е едно од најомилените животни.

Искрено, јас бев таа првенствено што имаше против да чуваме змија дома, сè до моментот кога Вивиен ми објасни дека не е отровна и дека морам да го променам мислењето против змиите, кое го имаат многу луѓе.

Како реагираат луѓето на вашиот миленик?

Некои не ја сакаат и се плашат, а некои пак едвај чекаат да ја држат во раце. 

agnesa-organdjieva-chuvame-kralski-piton-ednash-ni-ischezna-doma-i-2-nedeli-ne-ni-doagjaa-gosti-od-strav-04.jpeg

Како реагира змијата кога ви доаѓаат гости? Постојат ли правила што смеат, а што не смеат да прават гостите кога станува збор за односот кон неа?

Таа е многу мирна и питома, сепак си има свој дом. Гостите не може да ги види сè до моментот додека јас не ја земам во раце. 

Не смеат секако нагли движења упатени кон неа и гласни звуци.

agnesa-organdjieva-chuvame-kralski-piton-ednash-ni-ischezna-doma-i-2-nedeli-ne-ni-doagjaa-gosti-od-strav-05.jpeg

Какви услови се потребни за чување на змија? Како ѝ изгледа живеалиштето на змијата и колку често ѝ го чистите?

Бидејќи е голема и сè уште ќе расте, имаме соодветен терариум за неа, за да може комотно да се движи. 

Сега во моментот спремаме нов терариум.  Сè уште не е готов бидејќи ни се потребни уште некои детали околу него. Кога ќе биде завршен со задоволство ќе објавам. 

agnesa-organdjieva-chuvame-kralski-piton-ednash-ni-ischezna-doma-i-2-nedeli-ne-ni-doagjaa-gosti-od-strav-02.jpeg

Опасна ли е?

Кралскиот питон не е опасен и не е отровен.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Менде Бошевски: „Чувам бурмански питон, долг 2 метри, возрасна змија јаде само 7 - 8 пати годишно“ „Многупати сакав да набавам змија, но бев спречен од родителите бидејќи&nbs...
Бисера од Скопје направи свадба на Бали со партнерот од Босна: „Имавме 50 гости од цел свет, мајка м... „Свадбата беше буквално како што замислувавме - во вила покрај плажа, со многу з...
Даница е инспиративна дама - на 90 години не излегува без бисери од дома, слуша само класична музика „Цел свет го има прошетано, слуша исклучиво класична музика, активно оди по теат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg