Фит пар од Скопје - Загорка и Мартин Видоевски: „Веднаш ни се случи хемија“

„Се запознавме пред 10-тина години на шанк во „Кала“. Јас во тоа време работев таму како менаџер, а тој често доаѓаше како гостин. Една вечер сосема случајно тоа се случи, и не знам дали беше љубов на прв поглед ама знам со сигурност дека ни се случи силна хемија...“, открива Загорка Видоевска (37) од Скопје за CRNOBELO.com.

fit-par-od-skopje-zagorka-i-martin-vidoevski-foto-01.jpg

Загорка Видоевска (37) од Скопје, м-р по менаџирање на стратегиски комуникации, активно вежба 10 години, а јогата ѝ е понова љубов и трае околу 3 години. Во брак е со Мартин Видоевски од Скопје (36), м-р по човечки ресурси, кој работи како фитнес тренер 10 години.

Загорка вели дека е посветена на здрав живот, здрава храна и здрави врски и пријателства. Во сите сегменти од нејзиниот живот, вели дека клучно е да никне љубов, бидејќи без неа не би можела ништо да постигне.

За тоа како се запознале со Мартин и колку вежбањето е клучен дел од нивниот живот, Загорка открива за CRNOBELO.com:

„Се запознавме пред 10-тина години на шанк во „Кала“. Јас во тоа време работев таму како менаџер, а тој често доаѓаше како гостин.

Се познававме веќе некое време, но некако оддалеку бидејќи никогаш немавме направено некој суштински разговор.

Една вечер сосема случајно тоа се случи, и не знам дали беше љубов на прв поглед ама знам со сигурност дека ни се случи силна хемија, која по неколку месеци прерасна во врска. Можам да кажам дека на некој начин се препознавме и сфативме дека имаме многу заеднички точки.

Изгледот во овој случај беше најмалку важен, бидејќи јас се вљубив во неговата душа. Кај него најмногу од сѐ ме фасцинира неговата посветеност на фамилијата, неговата дисциплина и способност за организација.

Меѓу останатото нѐ поврзува и желбата за здрав и активен начин на живот и многу често се надополнуваме, мотивираме и подобруваме меѓусебно.

Јогата и предизвиците од јога позите се моја пасија, па Мартин нема многу избор кога ќе замислам да изведеме заедно некоја.

Интересно е што кај нас дома и децата се опседнати со вежби и јога пози и многу често пробуваат да нè имитираат.“

Повеќе фотографии и видеа од овој фит пар:

 

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Верица Огњанова: „Имав само 21 година, ми кажаа дека ќерка ми има Даунов синдром, но нејзината насме... „Да ти соопштат такво нешто на 21 година во 22 часот, да си сам и да си имал сос...
Љубовната приказна на Симона и Славјан: „Романтичните свадбени фотографии ни ги направи сестра ми во... „Нашата идеја во врска со свадбена фотосесија беше да биде во сицилијански стил ...
Успешни Македонци низ светот: Ана од Скопје направи хит видео игра со тим од Нови Сад – огромна зара... „Успехот на играта беше тотално неочекуван. Како студенти само сакавме да си ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg