Успешни Македонци низ светот: Ана од Скопје направи хит видео игра со тим од Нови Сад – огромна заработка, ја играат милиони (фото)

„Успехот на играта беше тотално неочекуван. Како студенти само сакавме да си ја завршиме праксата“ – вели во изјава за CRNOBELO.com Ана Чаушовска од Скопје која е дел од тимот LabRats од Нови Сад кои се креатори на популарната видео игра „Fridge Organizing“ која активно ја играат милиони корисници.

makedonka-del-od-timot-shto-kreira-video-igra-shto-ja-igraat-2-5-milioni-lugje-vo-svetot-ne-se-nadevavme-na-tolkav-uspeh-samo-sakavme-da-ja-pomineme-praksata-01.jpg

Инспирирани од ТикТок трендот под исто име, тимот програмери од Нови Сад, познат како LabRats кој се состои од три члена Јован Булатовиќ, Енсар Шаќировиќ и Ана Чаушовска, одлучил да ја креира популарната видео игра Fridge Organizing, која досега има 2,5 милиони корисници и заработка од половина милион долари.

Играта Fridge Organizing подразбира купување продукти од супер-маркет и нивно подредување во фрижидер по ваша желба додека не се пополни целиот празен простор. Според корисниците ова е забавна и лесна игра, која ви помага да се опуштите и е одлична за периодите кога сакате времето да помине побрзо (додека чекате некаде или се возите во јавен превоз), а може да ја игра секој без разлика на возраста. 

makedonka-del-od-timot-shto-kreira-video-igra-shto-ja-igraat-2-5-milioni-lugje-vo-svetot-ne-se-nadevavme-na-tolkav-uspeh-samo-sakavme-da-ja-pomineme-praksata-03.jpg

Талентираната Ана Чаушоска (21) од Скопје е дизајнер на играта и 2Д артист, а во изјава за CRNOBELO.com, таа открива како потрагата по образованието ја однела до Нови Сад.

„По завршувањето на моето средношколско образование во Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје барав факултет кај нас каде што ќе можам да ја продолжам мојата струка како Мултимедиски дизајнер, но тоа не можев да го најдам.

По препорака на стар пријател дознав за уметничката академија во Нови Сад, каде што решив да се запишам на смерот „Дизајн на Видео Игри“, што ми се чинеше како добра прилика и место да ги искористам и надградам сите свои способности и вештини“ – открива таа.

makedonka-del-od-timot-shto-kreira-video-igra-shto-ja-igraat-2-5-milioni-lugje-vo-svetot-ne-se-nadevavme-na-tolkav-uspeh-samo-sakavme-da-ja-pomineme-praksata-02.jpg

Компанијата CrazyLabs е позната како креатор на голем број видео игри и има свои „хабови“ (претставништва) во повеќе светски градови (Мумбаи, Тел Авив, Израел, Скопје, Нови Сад), а Ана открива дека соработката со нив ја започнала сосема случајно.

„Јас и колегата Енсар заедно студираме, па баравме место/фирма/студио за пракса која е задолжителна на факултет, па преку професор дознавме дека компанијата CrazyLabs отвара Hub (или едукативна програма за изработка на hypercasual игри), па се пријавивме за 4 месечната програма и така стапивме во контакт со Јован којшто по завршувањето на своите студии бараше место за работа.

Во 4 месечната програма нашата задача беше да правиме прототипови за едноставни игри, со тоа што требаше да го пратиме маркетот (пазарот) и да пратиме трендови. Тие прототипови ги тестиравме дали се добри, барани, маркетабилни и секако дали имаат потенцијал за голема заработка и потенцијал да привлечат многу корисници“ – раскажува Ана.

makedonka-del-od-timot-shto-kreira-video-igra-shto-ja-igraat-2-5-milioni-lugje-vo-svetot-ne-se-nadevavme-na-tolkav-uspeh-samo-sakavme-da-ja-pomineme-praksata-05.jpg

Нашата програмерка открива дека Fridge Organizing настанала како игра - симулација, која што го следи ТикТок трендот под исто име.

„Поентата на трендот и играта е да биде „на задоволително ниво“ (satisfying) со тоа што продуктите кои ги ставаме во пластичните прегради перфектно влегуваат, има чувство на организација, чистота итн.

Но, главната причина зошто мислевме дека е добар тренд за да биде претворен во игра – е затоа што повеќето од нас немаат прилика тоа навистина да го направат во својот дом и исто така е добар процес кој што би им помогнал на луѓето да се опуштат. Па тука почна нашата авантура на развивање на играта“ – вели таа.

makedonka-del-od-timot-shto-kreira-video-igra-shto-ja-igraat-2-5-milioni-lugje-vo-svetot-ne-se-nadevavme-na-tolkav-uspeh-samo-sakavme-da-ja-pomineme-praksata-06.jpg

Нашата програмерка открива дека играта сѐ уште е во фаза на тестирање, а во моментов се чека да го помине последниот тест пред CrazyLabs да ја објави играта по цел свет.

makedonka-del-od-timot-shto-kreira-video-igra-shto-ja-igraat-2-5-milioni-lugje-vo-svetot-ne-se-nadevavme-na-tolkav-uspeh-samo-sakavme-da-ja-pomineme-praksata-08.jpg

Како што потенцира, верзиите на Google Play (Android) и App Store (iOS) во Европа не се последните верзии што тимот ги креирал, а корисниците во Европа малку подоцна би ги добиле поновите и подобрени верзии на играта.

„Иако е прост жанр на игри, можам гордо да кажам дека со Fridge Organizing претставивме нова механика на маркетот за мобилни игри.

Да бидам искрена, успехот на играта беше тотално неочекуван. Како студенти само сакавме да си ја завршиме праксата, но ова е еден одличен почеток за нас како почетници во немилосрдниот свет на гејминг индустријата. Ова за сите нас беше прво искуство, од клупа фрлени во оган, но не би сакале да биде поинаку“ – вели Ана.

makedonka-del-od-timot-shto-kreira-video-igra-shto-ja-igraat-2-5-milioni-lugje-vo-svetot-ne-se-nadevavme-na-tolkav-uspeh-samo-sakavme-da-ja-pomineme-praksata-04.jpg

Нашата Ана својот огромен талент за уметност денес го користи за креирање на дизајн на карактери и илустрации, а нејзиното уметничко портфолио изобилува со креации во кои големо внимание е посветено на деталите. 

Погледнете повеќе нејзини илустрации во продолжение:

https://www.instagram.com/p/CW1edzNM80y/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/CW1ea2lMzvR/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/ByPZaWOnOMl/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/BoznHgFlw5K/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/BftlJi_BNKk/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/Be1FW5JhmWc/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/Be1DjxHh-OD/?utm_source=ig_web_copy_link

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана од Скопје: „На 20 години го имав првиот сериозен симптом на мултипла склероза, син ми ми е злато... „Користам бастун, чинам од пред 10 години. Познаниците што не ме виделе подолго ...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg