Дороти Пачкова oд Скопје: „Зошто дојам јавно и го поддржувам доењето во јавност?“

doroti-pachkova-od-skopje-zoshto-dojam-javno-i-go-go-poddrzhuvam-doenjeto-vo-javnost-05.jpg

Дороти пренесува една ситуација:

„Додека сакаме да одмориме, а чекаме да истече инфузија на првиот мангуп, после целовечерни сесии со шољата, вториот приврзок ми глуми.

Двете мои деца цицаат од породилен бокс буквално. Првото искуство ме затече наивна и со само теоретска подготовка, па со денови доев и плачев, се потев и си продлабочував рагади. Кога влезе и маститисот во игра, дознав дека морам да се измолзувам зошто хиперлактирам.

Првото измолзување ме фрапираше кога видов со млекото како излегува и крв. Болките беа танталови и да треба пак да ги поминувам се запрашувам дали би била толку упорна, ако не ги знаев бенефитите што низ следните 2 години доење ги искусивме.

Секое запче, секоја посета во болница, сите настинки, вируси и бактерии, секое паѓање, секое расплакување, се решававме со цицање. Бондингот е неверојатен, контактот очи во очи, прегратките, галењето, бидувањето тука, спиењето на гради, кожа на кожа контактот… Нутритивните бенефити иако огромни, се мали во споредба со сè горенаведено.

Второто искуство веќе го дочекав спремна и не дека не добив и маститис и рагади, туку дека 3 дена траеше сè што боли, од сам старт хиперлактацијата е под контрола.

Она кое можам да го забележам е дека недостигот на едукација и поддршка околу доењето, во ова сиромашно општество, како да ги остава мајките да си направат „неприродна“ селекција, во смисла дека само најупорните ќе се изборуваат да дојат, само оние кои имаат можности, тимови за поддршка, „село за да го подигнуваат своето бебе“, кои не треба рано да тргнат на работа, кои не мораат да пратат бебе во јасли, кои не мораат да се занимаваат со мноштво други ангажмани, кои нема да се откажат ако не знаат како што не знаев јас мојот првпат.

Супер кул факт околу доењето кој го издвојувам, е дека кога ќе се постави бебето на гради, мајчиното тело ја детектира температурата на бебето и според тоа ја центрира температурата на млекото. Ако бебето е премногу загреано, добива пооладено млеко, ако му студи на бебето, млекцето се затоплува за да го загрее.

Ете колку сме магични и зошто секое бебе и секоја мајка заслужуваат парче од магијата наречена доење.“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...
Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...
Никола од Скопје живее во Русија: „Би сакал да се вратам во Македонија, но да имам достоен живот как... „Тука гасот е речиси бесплатен, а струјата е многу поевтина. Јас живеам во стан ...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg