Мики Маркоски работи на ранч со коњи во Љубаништа: „Бегав од училиште за да минувам време со мојот коњ“

Тешко ли е прескокнувањето на пречки со коњ? Си имал ли некоја повреда досега?

Прескокнувањето на пречки сум го пробал и не би рекол дека е тешко. Со тоа што си бара многу напорен тренинг и вежбање во ограничен простор. Да си вешт и спремен на тоа дека во секој момент може да се случи нешто непосакувано.

И коњот и јавачот се подложни многу често на повреди, тоа многу и не ми се допаѓа.

miki-markoski-raboti-na-ranch-so-konji-vo-ljubanishta-begav-od-uchilishte-za-da-minuvam-vreme-so-mojot-konj-02.jpg

Каде сè имаш работено досега?

Сите сме имале фази во текот на годините, особено оние тинејџерските каде што сакаш нешто ново и различно. Се стремиш кон остварување на секоја желба што ти поминува низ глава во моментот, и така често правиш лудости. Па, и јас едно утро сфатив дека местото не ми е во школската клупа и решив да одам за Германија на ранч со коњи.

Наместо да сум прва смена во училиште, јас бев со првиот лет во тој правец. Таму ме очекуваше вујко ми.

Останав еден период работејќи, а потоа се вратив со нови луди идеи.

miki-markoski-raboti-na-ranch-so-konji-vo-ljubanishta-begav-od-uchilishte-za-da-minuvam-vreme-so-mojot-konj-04.jpg

Зошто секој треба да јава барем најмалку еднаш коњ во животот?

Мислам дека по цел овој разговор, секој што ќе прочита ќе посака барем еднаш да почувствува какво е чувството на коњ.

Колку многу се приврзани со човекот и како го пратат секое твое движење. Станувате едно и чувствувате бескрајна слобода.

Нескромно би рекол дека се најубавите животни на свет.

miki-markoski-raboti-na-ranch-so-konji-vo-ljubanishta-begav-od-uchilishte-za-da-minuvam-vreme-so-mojot-konj-16.jpg

Дали си замислуваш да дочекаш пензија работејќи со коњи? Што си посакуваш на поле кариера?

Искрено секој ден го гледам како нова шанса и цел. Сè уште немам зацртано ништо конкретно. Гледам да остварам сè што ќе замислам, со секое исполнување на замисленото е остварена една цел. На тој начин немаш ниту товар, ниту фрустрација. Само работиш на тоа што го сакаш.

Коњите никогаш не испаѓаат од комбинациите, за нив секогаш ќе има место во сè. Пензијата можеби би сакал да ја дочекам во некоја скромна куќичка покрај море, или планина, и секако мојот вечен пријател покрај мене, коњот.

miki-markoski-raboti-na-ranch-so-konji-vo-ljubanishta-begav-od-uchilishte-za-da-minuvam-vreme-so-mojot-konj-111.jpg

Повеќе фотографии од Мики:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Светлана и Мики Црнокрак: „Паднав врз Мики на писта, тоа беше почеток на нашат... „Утрото на свадбата, Мики си се спремил, се дотерал, изнајмил трубачи и како на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg