Бајковитата свадба на Дарко и Верче од Скопје, со гулаби, прскалки и уникатен бидермаер: „Многу работи направивме сами“

„На поканите имавме восочен печат со нашите иницијали V&D, како и со по едно гранче природно цвеќе, подготвивме стаклена кутија за бурмите во која имаше дрвено персонализирано трупче со нашите имиња и датумот на нашата црковна венчавка 30.07.2022 година, а јас како младоженец имав и манжетни во златна боја, кои исто така беа изгравирани“, открива Дарко Андоновски (29) за CRNOBELO.com за неговата бајковита прослава со Верче Додевска (27).

bajkovitata-svadba-na-darko-i-verche-od-skopje-so-gulabi-prskalki-i-unikaten-bidermaer-mnogu-raboti-napravivme-sami-01.jpg

Дарко Андоновски (29), магистер по односи со јавност и новинар, ја запроси својата партнерка Верче Додевска (27), агроном инженер, на уникатен начин со специјален лет со авион над Милениумскиот крст на Водно, а сега направија и бајковита свадбена церемонија.

Со низа персонализирани детали, многу љубов и насмевки, тие го прославија овој ден.

За CRNOBELO.com Дарко открива детали од организацијата на свадбената церемонија:

„Свадбената церемонија започнавме да ја подготвуваме веднаш по запросувањето, минатата година во месец септември. И двајцата знаевме дека сакаме свадба која ќе ја паметиме ние, но и нашите блиски пријатели со години во иднина.

bajkovitata-svadba-na-darko-i-verche-od-skopje-so-gulabi-prskalki-i-unikaten-bidermaer-mnogu-raboti-napravivme-sami-02.jpg

Само месец дена по запросувањето започнавме да бараме локација и ресторан каде ќе ги реализираме нашите замислени идеи и ќе ги оствариме сите наши желби за кои сме мечтаеле како момче и девојка кои биле во врска претходните четири години.

bajkovitata-svadba-na-darko-i-verche-od-skopje-so-gulabi-prskalki-i-unikaten-bidermaer-mnogu-raboti-napravivme-sami-14.jpeg

Ресторанот, можеме да потврдиме дека беше еден од најлесните избори и одлуки, бидејќи немаше ниту една негова конкуренција според нас и веднаш се одлучивме. Во месец ноември за првпат отидовме во ресторанот каде ни кажаа неколку слободни термини, а бидејќи сакавме да биде лето и сите наши роднини и пријатели од странство да бидат присутни го одбравме идеалниот термин за сите, а тоа е средината на летото, односно 30-ти јули.

bajkovitata-svadba-na-darko-i-verche-od-skopje-so-gulabi-prskalki-i-unikaten-bidermaer-mnogu-raboti-napravivme-sami-04_1.jpeg

Со организацијата, со сите детали и идеи кои се зголемуваа од месец на месец, можеме слободно да кажеме дека започнавме од месец јануари.

bajkovitata-svadba-na-darko-i-verche-od-skopje-so-gulabi-prskalki-i-unikaten-bidermaer-mnogu-raboti-napravivme-sami-03.jpeg

Во првите неколку месеци од новата 2022 година се погриживме прво да ги подготвиме поканите, како и картичките со нашите имиња и прскалките, кои беа наменети за секој еден гостин. Почнувајќи од поканите, картичките со прскалки, бонбончињата и целиот аранжман во ресторанот се е наша идеја и реализација.

bajkovitata-svadba-na-darko-i-verche-od-skopje-so-gulabi-prskalki-i-unikaten-bidermaer-mnogu-raboti-napravivme-sami-02_1.jpg

Поканите се уникатно, персонализирано и единствено изработени само за нас, истите ги збогативме со восочен печат со нашите иницијали V&D, како и со по едно гранче природно цвеќе.

bajkovitata-svadba-na-darko-i-verche-od-skopje-so-gulabi-prskalki-i-unikaten-bidermaer-mnogu-raboti-napravivme-sami-03.jpg

Исто така, и картичките со прскалки се изработени според нашата замисла и идеја и истите ги подготвивме уште во месец март.

bajkovitata-svadba-na-darko-i-verche-od-skopje-so-gulabi-prskalki-i-unikaten-bidermaer-mnogu-raboti-napravivme-sami-04.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Дарко Андонов е доказ дека соништата треба да се следат - по 18 години се враќа на Макфест: „Привиле... „Уште од младоста ми беше привилегија да настапувам на Макфест, од деца растевме...
Љубовната приказна на Симона и Славјан: „Романтичните свадбени фотографии ни ги направи сестра ми во... „Нашата идеја во врска со свадбена фотосесија беше да биде во сицилијански стил ...
Бисера од Скопје направи свадба на Бали со партнерот од Босна: „Имавме 50 гости од цел свет, мајка м... „Свадбата беше буквално како што замислувавме - во вила покрај плажа, со многу з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg