Романтично запросување со специјален лет со авион над Скопје (фото)

„Пилотот ми кажа секогаш каде и да живееш во Скопје кога ќе погледнеш кон Милениумскиот крст и планината Водно ќе те асоцира на запросувањето токму таму и тоа во воздух...“, раскажува Дарко за романтичниот чин и за CRNOBELO.com открива како го организирал изненадувањето за својата сакана Верче.

romantichno-zaprosuvanje-so-specijalen-let-so-avion-nad-skopje-foto-01.jpg

Дарко Андоновски (28), магистер по односи со јавност и новинар, ја запроси својата партнерка Верче Додевска (26), агроном инженер, на уникатен начин со специјален лет над Милениумскиот крст на Водно.

romantichno-zaprosuvanje-so-specijalen-let-so-avion-nad-skopje-foto-10.JPG

Дарко за чинот за запросување раскажува за CRNOBELO.com:

„Од идеја до реализација ми требаше помалку од 48 часа. Во петокот станав и одлучив дека викендов е моментот кога треба да ја овековечам нашата врска од речиси четири години. Во текот на денот го купив и одбрав свршеничкиот прстен, а потоа го резервирав и летот со авион над Скопје.

Еден час пред летот во саботата отидов за да ги однесам балоните кои беа изненадување по слетувањето и запросувањето. Летот ни беше закажан точно во 15 часот, а пилотот со претходна консултација реши да нè седне заедно двајцата на задните седишта сè со цел да бидеме еден до друг.

romantichno-zaprosuvanje-so-specijalen-let-so-avion-nad-skopje-foto-03.JPG

Сепак, пред да започне летот и откако ги врзавме појасите го информирав пилотот дека животна желба ми е да летам авион и да бидам пилот, а тој како гром од ведро небо ме праша дали сакам јас да го возам авионот? Откако во неверување му одговорив позитивно ме смести на предното седиште.

romantichno-zaprosuvanje-so-specijalen-let-so-avion-nad-skopje-foto-16.JPG

Летот започна, а додека бевме во воздух тој ми даде да го управувам авионот, по договор со пилотот запросувањето требаше да се случи над езерото Козјак бидејќи таму ни беше и нашата прва заедничка средба, но сепак пилотот одлучи над планината Водно да се случи запросувањето, а причината за тоа ја дознав откако слетавме.

Точно над Милениумскиот крст над Водно ја запрашав Верче додека го управував авионот дали сака да ѝ бидам пилот низ заедничкиот живот? А одговорот секако беше „ДА“.

romantichno-zaprosuvanje-so-specijalen-let-so-avion-nad-skopje-foto-06.JPG

Летот потоа продолжи над кањонот Матка, за да на крајот повторно да слетаме на аеродромот Стенковец.

Откако слетавме, на пилотот му се заблагодарив за остварувањето на големата желба уште од дете, а со тоа наместо една, ми се остварија две желби кои од тој ден ми го променија животот.

romantichno-zaprosuvanje-so-specijalen-let-so-avion-nad-skopje-foto-05.JPG

Во разговор со пилотот му раскажав зошто сакав да ја запросам баш над езерото Козјак, но тој ме запраша колку пати сум бил таму и колку често го гледам тоа место, мојот одговор беше ретко, а тој ми одговори: 'Секогаш каде и да живееш во Скопје, кога ќе погледнеш кон Милениумскиот крст и планината Водно ќе те асоцира на запросувањето токму таму и тоа во воздух'.

Потоа следуваше и уште едно изненадување за Верче откако ги донесов претходно сокриените балони и букви пред кои го овековечивме заедничкиот живот.“

romantichno-zaprosuvanje-so-specijalen-let-so-avion-nad-skopje-foto-14.JPG

И Верче ги споделува своите впечатоци од запросувањето за CRNOBELO.com:

„Искрено не очекував вакво нешто сè до моментот кога пилотот нè запраша дали „Вие сте за летот?“

Дарко ми рече да се подготвам за настан на кој е поканет од работа, не ни почувствував ништо додека се возевме кон аеродромот.

Откако влеговме во авионот срцето забрзано започна да ми чука од адреналин, сепак несекојдневно е чувството да се возите во толку мал авион само со три лица, а притоа Дарко да го управува леталото.

romantichno-zaprosuvanje-so-specijalen-let-so-avion-nad-skopje-foto-04.JPG

Моментот кога ме фати за рака и ме праша дали снимам со мобилниот телефон, тој започна да ме прашува дали сакам тој да биде мојот пилот низ целиот заеднички живот и да патуваме заедно во брачните води, јас рефлексно го пуштив телефонот од раце и секако тој момент не го снимив до крај.

romantichno-zaprosuvanje-so-specijalen-let-so-avion-nad-skopje-foto-08.JPG

Откако се симнавме и му реков да се фотографираме и пред авионот, не ни очекував дека повторно ме очекува ново изненадување од негова страна, тој се појави пред мене со еден куп балони, а потоа секако и се фотографиравме за траен спомен на нашиот најсреќен ден во животот.“

romantichno-zaprosuvanje-so-specijalen-let-so-avion-nad-skopje-foto-07.JPG

romantichno-zaprosuvanje-so-specijalen-let-so-avion-nad-skopje-foto-13.JPG

Повеќе фотки од запросувањето на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Дечко од Тетово ја запроси саканата на крузер додека крстареа низ Италија, Шпанија и Франција (фото) „Запросувањето беше за време на нашето крстарење од 8 дена каде ги посетивме Ита...
Запросување на Македонка во Солун на зајдисонце, покрај море со букет бели рози (фото) „Се запознавме во Штип, додека бевме на студии. Најинтересно беше тоа што имавме...
Јован Јованов ужива во Куба – да одмори од студената Канада (фото) Кога не е работно ангажиран во Канада и не е на посета во родната Македонија, Јо...
Мешана салата - 340 денари, шопска - 360 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2023-та? Во Охрид годинава во еден ресторан мешаната салата чини 340 денари, а шопската 3...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg