Љупка Митрова изнајми авион што носи натпис за роденденот на ќерката: „Долго баравме пилот, татко ми ми помогна во реализацијата“
- Детали
- среда, 05 ноември 2025
„Авионот го изнајмивме од Штип, баравме пилот, траеше тоа. Пред еден месец ја прашав што ѝ е желба, а таа вика: Да има авион и да пишува Happy Birthday. Ама, тоа ѝ беше мајтап. Но, јас си ставив во глава и работев на желбата“, вели за CRNOBELO.com Љупка Митрова.

Елена, ќерката на инфлуенсерката и сопственичка на модното студио Mitroff, Љупка Митрова, денес полни 18 години.
Па откако утрово Љупка ја изненади ќерка си дома со златна торта и букет од рози, ѝ подготви уште едно големо изненадување.

По завршувањето на часовите, додека Елена била во кафуле со другарчињата, над нив надлета авион со натпис „Среќен 18-ти роденден Елена“.

Љупка објави видео од реакцијата на нејзиното девојче, а за CRNOBELO.com, вели дека Елена пред еден месец се пошегувала дека сака авион со натпис за роденденот, па таа цел месец ковала планови да ја изненади ќерка си.
„Идејата беше моја, зашто знам дека е авантурист. Во реализацијата ми помогна нејзиниот дедо, мојот татко.
Темпиравме време после нејзиниот последен час во училиште, а во договор на нејзината најдобра другарка. Се собраа сите деца во едно кафуле до училиштето и излегоа пред да помина авионот.

Инаку, авионот го изнајмивме од Штип, баравме пилот, траеше тоа.
Јас, уствари пред еден месец ја прашав што ѝ е желба, што сака за роденден, а таа вика: Да има авион и да пишува Happy Birthday. Ама, тоа ѝ беше мајтап.
А јас си ставив во глава и работев на желбата.
А журка си спрема она самата, во петок,“ ни кажа Љупка.

Кликнете и погледнете го видеото:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
