Запросување на Канео: Дечко клекна пред девојка од САД, која пред 5 години била волонтер во Македонија (фото)

Лорен од САД е поранешна волонтерка, која ја посети Македонија пет години по завршувањето на својата служба, но тука сега доживеа еден од најубавите мигови во животот и засекогаш ќе ја помни нашата држава по убаво. Таа беше запросена на местото кое има една од најубавите глетки кон Охридското Езеро.

zaprosuvanje-na-kaneo-dechko-klekna-pred-devojka-od-sad-koja-pred-5-godini-bila-volonter-vo-makedonija-01.jpg

Кога странци ќе одлучат дека Македонија е совршено место за запросување, тогаш не можеме да добиеме подобар комплимент, зарем не?

Лорен од САД, некогашен волонтер на Peace Corps во Македонија, засекогаш ќе ја помни нашата држава по овој прекрасен миг.

zaprosuvanje-na-kaneo-dechko-klekna-pred-devojka-od-sad-koja-pred-5-godini-bila-volonter-vo-makedonija-02.jpg

Peace Corps (Мировен корпус) е американска независна агенција која испраќа квалификувани волонтери во различни држави за проекти во образование, здравство, економски развој и други области.

Програмата во Македонија започнала во 1996 година, а до денес стотици волонтери успешно ја завршиле својата служба.

zaprosuvanje-na-kaneo-dechko-klekna-pred-devojka-od-sad-koja-pred-5-godini-bila-volonter-vo-makedonija-05.jpg

Но, Македонија на некои од нив им оставила толку силен впечаток, како на Лорен, што оваа некогашна волонтерка одлучила да се врати тука на прошетка по 5 години.

Но, за време на нејзиниот престој тука со партнерот Хемптон и една нејзина пријателка, исто така поранешна волонтерка, таа била изненадена од него со запросување на Канео.

zaprosuvanje-na-kaneo-dechko-klekna-pred-devojka-od-sad-koja-pred-5-godini-bila-volonter-vo-makedonija-06.jpg

Објавата на Фејсбук од оваа организација гласи:

„Знаете што е подобро од тоа поранешни волонтери на Мировен корпус повторно да ја посетат Македонија?

Да се свршат тука, на Канео!!! Урааа!

Токму тоа ѝ се случи на нашата поранешна волонтерка Лорен, која нè посети пет години по завршувањето на својата служба.

zaprosuvanje-na-kaneo-dechko-klekna-pred-devojka-od-sad-koja-pred-5-godini-bila-volonter-vo-makedonija-04.jpg

Лорен, нејзиниот партнер Хемптон и нивната пријателка Кејти (која исто така беше волонтерка пред 5 години) патуваа низ земјата, уживаа во вкусна храна, во прекрасни предели и ги посетија пријателите и семејствата-домаќини на Лорен и Кејти во Лозово, Штип и Мустафино, кои со огромна радост ја примија прекрасната вест.

Погледнете ги овие неверојатни фотографии... Честитки за Лорен и Хемптон! Ви посакуваме живот полн со љубов и среќа!“

zaprosuvanje-na-kaneo-dechko-klekna-pred-devojka-od-sad-koja-pred-5-godini-bila-volonter-vo-makedonija-03.jpg

С. С. | Црнобело

фото: Лорен за Peace Corps North Macedonia 

Би можело да ве интересира:

Горан Папаз прослави 4 години брак: „Тоа што година и пол не сме спиеле, не значи дека овие години н... „Те сакам бескрајно! Ти си мојата инспирација, мојата принцеза, мојата симпатија...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Дечко ја запроси саканата на концертот на Давид Темелков во Скопје - тој им пееше, а тие играа танго... Дечко излезе на сцената да заигра со својата сакана, но всушност ја запроси, а п...
Перо Антиќ и Сања Ристиќ прославија годишнина од љубовта во Афитос: „З години со ова ѓаволче“ „Среќна годишнина и уште многу заедно, моја љубов и светлина“, напиша Сања на фо...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...

Најчитани неделава