Давор Арсовски: „Чувам був, Буба може да нанесе сериозни повреди и мора внимателно со неа“

„Веќе 5 месеци како миленик го чувам бувот Буба. Буба ја купив од Словенија, а родена е во Австрија. Во природа бувовите живеат околу 20 години, а во домашни услови околу 60 години. Секоја птица грабливка со документи е релативно скапа…“, ја почнува приказната за својот миленик Давор Арсовски (28) кој живее во Куманово.

davor-arsovski-chuvam-buv-buba-mozhe-da-nanese-seriozni-povredi-i-mora-vnimatelno-so-nea-01.jpg

Давор Арсовски (28) живее во Куманово и е сопственик на компанија за лепење на плочки, а вели дека обожава животни откако знае за себе.

Со соколарство се занимава околу 2 години. Чува був, јастреб и куче од расата питбул. Тој е член на соколарското друштво „Јарак“, кое постои од 2005 година.

Со него поразговаравме за неговиот був Буба и за тоа каква нега бара тој.

davor-arsovski-chuvam-buv-buba-mozhe-da-nanese-seriozni-povredi-i-mora-vnimatelno-so-nea-27.jpg

Давор за неговиот миленик був открива за CRNOBELO.com:

Како се одлучи за був како миленик и колку време го имаш бувот Буба?

Желбата за птици грабливки сум ја имал отсекогаш, а бувот Буба од видот Бубо Бубо (Eagle owl) го имам 5 месеци.

davor-arsovski-chuvam-buv-buba-mozhe-da-nanese-seriozni-povredi-i-mora-vnimatelno-so-nea-18.jpg

Кои други миленици ги чуваш, како се согласува Бубо Бубо со нив?

Имам и јастреб кокошкар (Accipter gentilis) и два питбули со нив нема проблеми, но не сака други животни кои не ги познава.

davor-arsovski-chuvam-buv-buba-mozhe-da-nanese-seriozni-povredi-i-mora-vnimatelno-so-nea-23.jpg

davor-arsovski-chuvam-buv-buba-mozhe-da-nanese-seriozni-povredi-i-mora-vnimatelno-so-nea-28.jpg

Од каде го набави и зошто токму ова име? Колку чини еден був?

Буба ја купив од Словенија, а родена е во Австрија. За цена не сакам за зборувам затоа што се злоупотребуваат дивите птици грабливки во Македонија, секоја птица со документи е релативно скапа.

davor-arsovski-chuvam-buv-buba-mozhe-da-nanese-seriozni-povredi-i-mora-vnimatelno-so-nea-03.jpg

Каков е карактерно? Опасен ли е за луѓето?

Како и секоја грабливка кон други птици и помали животни може да биде агресивна, а кон луѓето не – затоа што е израсната со луѓе, но мала грешка може да доведе до сериозни повреди.

davor-arsovski-chuvam-buv-buba-mozhe-da-nanese-seriozni-povredi-i-mora-vnimatelno-so-nea-04.jpg

davor-arsovski-chuvam-buv-buba-mozhe-da-nanese-seriozni-povredi-i-mora-vnimatelno-so-nea-05.jpg

Со што го храниш?

Со сирово пилешко месо.

davor-arsovski-chuvam-buv-buba-mozhe-da-nanese-seriozni-povredi-i-mora-vnimatelno-so-nea-16.jpg

Како реагира кога не си дома? Го шеташ ли со тебе? Се плашат ли луѓето од него?

Па, кога чувате птици грабливки морате секој ден да бидете со нив, тоа не е хоби, тоа е начин на живот. Летниот период не го шетам тогаш бувовите се митарат.

Кога го шетам реакциите на луѓето се различни – некои се плашат, некои се воодушевени од него.

davor-arsovski-chuvam-buv-buba-mozhe-da-nanese-seriozni-povredi-i-mora-vnimatelno-so-nea-06.jpg

Сака ли да застанува кај други луѓе на рака? Зошто е потребно да се носи ракавица?

Не сака кај други да застанува на рака, а ракавица се носи поради безбедност.

davor-arsovski-chuvam-buv-buba-mozhe-da-nanese-seriozni-povredi-i-mora-vnimatelno-so-nea-17.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Катерина С. Анѓеловиќ, јога и лајф коуч: „Со јогата се спознаваш себеси, медитацијата е одмор за умо... „Го прашале јогинот – „Што постигна со јогата?“ – „Па постигнав д...
„Работам во градската болница во Велес – мора да ви ја пренесам тажната приказна за дедо Петре“ Над дваесет години како сум дел од тимот на градската болница во Велес. За сите ...
Менде Бошевски: „Чувам бурмански питон, долг 2 метри, возрасна змија јаде само 7 - 8 пати годишно“ „Многупати сакав да набавам змија, но бев спречен од родителите бидејќи&nbs...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg