Давор Арсовски: „Чувам був, Буба може да нанесе сериозни повреди и мора внимателно со неа“

Какво живеалиште има Буба? Какви услови се потребни за да се чува був?

Голема волиера и сталак, пред сè прво треба многу учење од искусен соколар, а потоа живеалиште, опрема и на крај да се купи птица.

davor-arsovski-chuvam-buv-buba-mozhe-da-nanese-seriozni-povredi-i-mora-vnimatelno-so-nea-09.jpg

davor-arsovski-chuvam-buv-buba-mozhe-da-nanese-seriozni-povredi-i-mora-vnimatelno-so-nea-26.jpg

Те повредил ли некогаш? Какви повреди се можни?

Досега не, се надевам дека и понатаму нема да се случи тоа.

Инаку, може да нанесе сериозни повреди, сепак тоа е најголема ноќна птица грабливка.

davor-arsovski-chuvam-buv-buba-mozhe-da-nanese-seriozni-povredi-i-mora-vnimatelno-so-nea-12.jpg

Прави ли нечистотии дома?

Нормално како и секоја птица, но не како што прави јастребот.

davor-arsovski-chuvam-buv-buba-mozhe-da-nanese-seriozni-povredi-i-mora-vnimatelno-so-nea-08.jpg

davor-arsovski-chuvam-buv-buba-mozhe-da-nanese-seriozni-povredi-i-mora-vnimatelno-so-nea-24.jpg

Ти избегал ли некогаш?

Досега не, се надевам дека и нема никогаш.

davor-arsovski-chuvam-buv-buba-mozhe-da-nanese-seriozni-povredi-i-mora-vnimatelno-so-nea-03.jpg

Како изгледа дресирањето на еден був?

Од страна изгледа лесно, пред сè треба многу време, знаење, трпение и љубов.

davor-arsovski-chuvam-buv-buba-mozhe-da-nanese-seriozni-povredi-i-mora-vnimatelno-so-nea-20.jpg

Како реагираа домашните на твојата одлука да чуваш був? Дали е приврзан и за некоја друга личност? Кој го чува кога одиш на одмор?

На почетокот не им се допадна искрено, но сега сите го сакаат.

Не е приврзан за никого, затоа што без мене никој не оди кај него, сепак тоа е птица грабливка и секој пристап кај него е важен.

Кога мора да сум отсутен, го чува мој пријател исто соколар.

davor-arsovski-chuvam-buv-buba-mozhe-da-nanese-seriozni-povredi-i-mora-vnimatelno-so-nea-10.jpg

Колку години живеат бувовите?

Во природа живеат околу 20 години, а во домашни услови околу 60 години.

davor-arsovski-chuvam-buv-buba-mozhe-da-nanese-seriozni-povredi-i-mora-vnimatelno-so-nea-19.jpg

Прави ли врева?

Не, воопшто не испушта звуци.

davor-arsovski-chuvam-buv-buba-mozhe-da-nanese-seriozni-povredi-i-mora-vnimatelno-so-nea-13.jpg

Колку е трошок на месечно ниво да се чува був?

Околу 100 евра.

davor-arsovski-chuvam-buv-buba-mozhe-da-nanese-seriozni-povredi-i-mora-vnimatelno-so-nea-11.jpg

Кој миленик би сакал да му прави друштво на Бубо Бубо во иднина?

Златен орел (Golden eagle).

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Катерина С. Анѓеловиќ, јога и лајф коуч: „Со јогата се спознаваш себеси, медитацијата е одмор за умо... „Го прашале јогинот – „Што постигна со јогата?“ – „Па постигнав д...
„Работам во градската болница во Велес – мора да ви ја пренесам тажната приказна за дедо Петре“ Над дваесет години како сум дел од тимот на градската болница во Велес. За сите ...
Менде Бошевски: „Чувам бурмански питон, долг 2 метри, возрасна змија јаде само 7 - 8 пати годишно“ „Многупати сакав да набавам змија, но бев спречен од родителите бидејќи&nbs...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg