Марија (30) од Велес: „На 8 години бев жртва на сексуално насилство од член на моето пошироко семејство“

„Живеевме во куќа на три ката, со секој кат поделен на одредено семејство. Мојата доверба беше ‘купена’ со кукли, со играчки, со сè кое можеше да ме направи мене како дете среќна. А потоа за возврат добивав нешто кое не ми беше јасно. Од мои 8 години до кај 11 години бев сексуално злоставувана од член на моето пошироко семејство и сега сакам да говорам јавно за и другите жртви да знаат дека не се сами...“, раскажува Марија (30) од Велес за CRNOBELO.com.

Anonimno-intervju-so-devojka-od-Veles-zhrtva-na-detsko-seksualno-nasilstvo-Pottiknata-od-site-shto-go-krevaat-glasot-reshiv-da-ja-raskazham-mojata-prikazna-01.jpg

Јас, Кирил Ангелов, откако во интервју за CRNOBELO.com ја раскажав својата приказна дека бев сексуално злоставуван како дете, сакам да направам да биде чуен гласот и на други личности во слична ситуација како мојата или пак сосема различна, но ситуација која им причинува болка и за која молчат. Токму затоа, овојпат разговарам со моја сограѓанка од Велес која исто така била жртва на сексуално злоставување како дете.

Марија (30) од Велес за CRNOBELO.com ја раскажува својата приказна и секоја чест за храброста која ја собра за да може да ја подигне свеста кај народот, за едно подобро утре на сите жртви, но и нивните најблиски.

Таа е една од многуте возрасни лица во нашата држава кои како деца биле сексуално злоставувани. Сака нејзината порака да се рашири насекаде, за да може системот да направи некакви конкретни чекори за овие жртви и за нивните злоставувачи, а воедно и да им прнесе на жртвите дека не се сами.

Таа за CRNOBELO.com ја пренесува својата приказна:

Што те поттикна да си ја отвориш душата и да ни ја раскажеш својата животна приказна?

Најпрво сакам да ви се заблагодарам за оваа можност, за да можам да ја раскажам мојата животна приказна. Вие можеби сте единствениот портал кој ни дава глас на нас помалите, за да можеме да ја раскажеме својата болка и своето искуство, со цел да им помогнеме на оние кои уште не ја нашле својата храброст. И поради тоа сум ви многу благодарна.

Поттикната и мотивирана бев што многу млади луѓе почнуваат да раскажуваат за своето минато. Најмногу кога видов дека ти Кирил Ангелов, како мој сограѓанин си ја имал истата судбина. Бев во шок кога го видов на CRNOBELO.com интервјуто со тебе.

Ми олесна дека не сум сама низ сето ова. Собрав храброст и решив да го покренам и мојот глас. За да може да се развие свеста кај народот, да се преземе нешто, да има некое поместување нанапред.

Може ли на почеток да ни кажеш нешто за себе?

Се викам Марија и имам 30 години. Можеби на луѓето што ќе го читаат ова ќе им биде нејасно зошто сум решила го направам ова анонимно и без мои лични фотографии, но мислам дека сега за сега, до тука е мојата храброст.

Другата причина е секако дека сексуалното злоставување се случи од член на моето семејство, па мислам дека иако тој повеќе не е помеѓу живите, не би ставала толку голема дамка на сите мои ближни. Тоа е само затоа што луѓето се злобни, сакаат да озборуваат и да повредуваат. И да ја искористат таа болка против тебе.

Впрочем тоа е и главната причина зошто не сакав и не можев уште претходно да ја раскажам оваа моја приказна. Бидејќи како генерација сме научени да ќутиме, да не зборуваме, бидејќи е голем срам, и го унаказува целото наше постоење.

Целосно се согласувам со тебе Марија... И јас кога го имав моето интервју на оваа тема, се чувствував потиснат од тоа што народот би рекол. Но да, ова е еден голем пат, за кој треба време да биде изоден. И тој што не поминал низ него, тешко дека ќе разбере, зарем не?

Така е. Јас можеби пред една година немаше да се согласам да го направам ни ова анонимно интервју, а можеби една година од сега ќе можам да го направам со сопствени фотографии, и да немам страв од тоа што би рекле останатите.

Треба да се пристапува кон оваа тема многу чувствително. Претпоставувам како и ти, јас почнав да читам безброј книги на оваа тема, да гледам документарци кои ти ми ги предложи, да слушам подкасти. И тоа ми помогна премногу. Но дури и сега гледам луѓето брзаат да си оформат сопствен заклучок, бидејќи во оваа држава, се чини дека сите сакаат да бидат експерти за сè.

Anonimno-intervju-so-devojka-od-Veles-zhrtva-na-detsko-seksualno-nasilstvo-Pottiknata-od-site-shto-go-krevaat-glasot-reshiv-da-ja-raskazham-mojata-prikazna-povekje-02.jpg

Кои ти се првите сеќавања за сексуалното злоставување? Како се случи? Спомена дека станува збор за член од семејството...

Да, моето сексуално злоставување се случи од еден член на нашето семејство. Ние бевме (а и уште сме) голема фамилија. Живеевме во куќа на три ката, со секој кат поделен на одредено семејство. И исто како и кај тебе, тука техниката на груминг играше огромна улога, односно оформување на детската психа, да поверува детето дека што му се нуди е правилно, дека не е противприродно, дека е нешто сосем нормално.

Мојата доверба беше „купена“ со кукли, со играчки, со сенешто кое можеше да ме направи мене среќна како дете. А потоа за возврат добивав нешто кое не ми беше јасно. Не ми беше јасно што ми се случува, и зошто тоа ми се случува.

Сексуалното злоставување кај мене траеше неколку години. Од мои 8 години до кај 11. И тогаш ненадејно злоставувачот почина. Некаде длабоко во себе знаев дека не е добро тоа што ми го правеше, но не знаев како да го објаснам, не знаев како да го искажам. Не знаев кому да кажам.

Се плашев (и сè уште се плашам) да кажам на поширокото мое познанство, баш поради тоа, дека луѓето ќе го вперат прстот во мене. А кое дете би можело да е виновно за нешто вакво?

Дали успеа да се отвориш пред некој? Пред членови на твоето потесно семејство, за и тие да дознаат?

Да, моите родители знаат за ова, моите браќа, а и моите најдобри пријатели и пријателки. Ја имам нивната целосна поддршка низ патот по кој решив да одам.

Уште се во шок за тоа што се случило, бидејќи тоа беше толку скришно од страна на злоставувачот, што е вистинска уметност. Секако, и во шок се од тоа што член на поголемото семејство ми направил нешто такво.

А јас почнав да чувствувам потреба и некој порив да си ја отворам душата, и да раскажам за сето ова, само со цел да помогнам на другите.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg