„Бев на гости кај кројачот Ангелковски – ме пречекаа синот и внукот на големиот мајстор Благоја“

bev-na-gosti-kaj-krojachot-angelkovski-me-prechekaa-sinot-i-vnukot-na-golemiot-majstor-blagoja-16.jpg

И интересно е што токму додека го правевме интервјуто влезе еден муштерија кој си го подигна оделото скроено по желба од рацете на младиот и талентиран Горјан Ангелковски, кој го учел кројачкиот занает од дедо си, но и се образувал во оваа сфера.

Учел средно училиште за конфекциски техничар, а потоа се дообразувал на еден наш приватен универзитет, но вели дека ги прекинал студиите затоа што веќе знаел сè од лекциите од неговиот дедо.

bev-na-gosti-kaj-krojachot-angelkovski-me-prechekaa-sinot-i-vnukot-na-golemiot-majstor-blagoja-11.jpg

Тој е горд што неговиот дедо ги поставувал стандардите за совршен крој на одело, а тој е негов наследник.

Клиент, кој случајно дојде во нивниот салон додека бев таму, ми кажа дека некогаш кога бил млад само го оставал материјалот кај легендарниот Благоја, а потоа знаел дека ќе си земе совршено одело и ќе биде веднаш подготвен за на корзо.

Денес, довербата за оделото за свадбата на својата ќерка му ја доверил на Горјан. Малку е да кажам дека си отиде дома повеќе од задоволен.

bev-na-gosti-kaj-krojachot-angelkovski-me-prechekaa-sinot-i-vnukot-na-golemiot-majstor-blagoja-05.jpg

На прашањето кое им било најтешко барање од клиент, Борко вели дека за нивните вешти раце, особено за рацете на Горјан, нема нешто што е тешко и невозможно, единствено им е тешко кога ќе им дадат прекусо време за правење на оделото.

bev-na-gosti-kaj-krojachot-angelkovski-me-prechekaa-sinot-i-vnukot-na-golemiot-majstor-blagoja-08.jpg

Не можев, а да не го потсетам Горјан на миговите минати со неговиот дедо:

„Уште како дете од 6, 7 години сум во салонот, се сеќавам дека секогаш ми беше интересно да седам на машините.

Дедо ми беше многу амбициозен, многу принципиелен и многу, многу сакаше да работи. Сметаше дека не постои газда кој седи, туку за газда да се биде мора да се работи вредно и напорно.“

bev-na-gosti-kaj-krojachot-angelkovski-me-prechekaa-sinot-i-vnukot-na-golemiot-majstor-blagoja-06.jpg

Во кројачкиот салон се задржав повеќе од 2 часа, едноставно многу што имавме да си кажеме со овие пријатни луѓе, а јас на секое ќоше гледав историја и потпрашував за фотографиите од Благоја, за сите тие пофалници и признанија.

bev-na-gosti-kaj-krojachot-angelkovski-me-prechekaa-sinot-i-vnukot-na-golemiot-majstor-blagoja-03_1.jpg

bev-na-gosti-kaj-krojachot-angelkovski-me-prechekaa-sinot-i-vnukot-na-golemiot-majstor-blagoja-02_1.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Бисера од Скопје направи свадба на Бали со партнерот од Босна: „Имавме 50 гости од цел свет, мајка м... „Свадбата беше буквално како што замислувавме - во вила покрај плажа, со многу з...
Валерија, Русинка која 10 години живее во Демир Капија: „Бев шокирана кога првпат стигнав тука, вино... „Во Македонија најмногу ми се допаѓа топлината на луѓето, отвореноста и можности...
Професор од Гостивар го освои највисокиот балкански врв во Бугарија: „Ниту лошото време не ме спречи... „Имаше прогнози за електрични празнења и врнежи, но тоа не ме поколеба. При иска...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg