Христијан Проданов, суперхеројот од нашите маратони: „Аквамен ми беше омилен, а дечињата ми се најголеми фанови“

„Затоа што сум во едноделен костим кој не ‘дише’ доволно добро, знае да стане неподносливо жешко додека трчам и сметам дека не многу од оние кои што трчаат ќе можат да ја издржат таа топлина која се чувствува во костимот...“, раскажува Христијан Проданов (31) од Скопје за CRNOBELO.com, омилениот „суперхерој“ од маратоните во државава.

hristijan-prodanov-superherojot-od-nashite-maratoni-akvamen-mi-beshe-omilen-a-dechinjata-mi-se-najgolemi-fanovi-01.jpg

Христијан Проданов (31) од Скопје е „суперхеројот“ од маратоните во државава, односно маратонецот кој мами насмевка кај публиката без проблем, а особено кај најмалите, кога трча облечен во костим на суперхерој.

Го имаме видено на маратоните како Спајдeрмен, Супермен, Аквамен и сега на последниот маратон како Капетан Америка.

hristijan-prodanov-superherojot-od-nashite-maratoni-akvamen-mi-beshe-omilen-a-dechinjata-mi-se-najgolemi-fanovi-04.jpg

Христијан за CRNOBELO.com споделува од каде идејата за трчање во костими на маратоните:

Од кога љубовта кон трчањето?

Љубовта кон трчањето и општо кон спортот ги имам од мали нозе. Првиот спорт со кој почнав да се занимавам беше ракометот по стапките на татко ми, а потоа преминав на фудбал.

Сега, трчањето на маратони ми е редовна активност со која успеавам да си докажам дека можам да постигнам се што ќе замислам.

https://www.instagram.com/p/CeLVz5fMeY7/?hl=en

Кога првпат трчаше во костим, зошто токму суперхеројски костими?

За првпат во костим се појавив во 2018-та година токму на Wizz Air Скопскиот Маратон. Поради тоа што воопшто не се подготвував за тој маратон, односно полу-маратон на кој бев пријавен, одлучив да направам нешто кое ќе ми помогне во исполнување на целта.

Го облеков костимот на Спајдeрмен, и со тоа постигнав две работи. Првата беше тоа што публиката доби едно поразлично искуство за време на одржување на скопскиот маратон, а втората тоа што со нивната поддршка по улиците јас успеав да „добијам сила“ и успешно да го завршам својот прв полу-маратон.

Какви се реакциите на луѓето?

Има реакции од двата типа. Едните се позитивни, весели, среќни, а другите се оние што не ги сакаме многу, негативните.

Посебно се радувам на реакциите на децата кои стојат покрај патеката и ги бодрат своите браќа сестри, мајки и татковци, затоа што сите знаеме дека детската реакција е најискрена, и се гледа дека уживаат гледајќи го нивниот омилен суперхерој како трча на маратонот.

https://www.instagram.com/p/CVQrQOvMHub/?hl=en

Жешко ли ти е додека трчаш?

Сè зависи од временските услови, меѓутоа затоа што сум во едноделен костим кој не „дише“ доволно добро, знае да стане неподносливо жешко и тогаш најдобар пријател ми е шишето со вода.

Во секој случај, е причично жешко во него, и сметам дека не многу од оние кои што трчаат ќе можат да ја издржат таа топлина која се чувствува во костимот.

hristijan-prodanov-superherojot-od-nashite-maratoni-akvamen-mi-beshe-omilen-a-dechinjata-mi-se-najgolemi-fanovi-03.jpg

Кои суперхерои си бил досега, кој ти „легна“ најдобро?

Досега се имам појавено во костими на 4 различи херои. Спајдермен беше прв, потоа Супермен, Аквамен, и сега последниот Капетан Америка.

Според реакцијата на публиката по улиците на Скопје и Битола (на битолската трка), сметам дека костимот на Аквамен најдобро се погоди, можеби најмногу затоа што многумина гледаат некаква сличност помеѓу мене и актерот Џејсон Момоа.

Го изработив и трозабецот кој го има Аквамен и го носев со мене цели 21 километар.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Симона и Кристијан: „Се венчавме во манастирот Бигорски, направивме свадба во ... „Црковното венчавање го направивме пред една година во манастирот Бигорски,...
Данче Антовска: „Најголемиот шок ни беше кога докторката ни соопшти дека ќерка ни Анастасија има цис... „Анастасија растеше и напредуваше нормално. Еден месец пред да ја дијагностицира...
Сипхокази Трпкоски од Јужноафриканска Република е македонска снаа: „Сакам пастрмалија и ракија, Охри... „Македонската свадба е за мене е најубавата македонска традиција. Многу е убаво ...
„Колку трае, дали боли третманот, дали може да се отстрани?“ - сѐ за трајната шминка со Милена Прода... „Трајната шминка на веѓи трае 1 до 2 години, а трајниот кармин 3 до 5 години. Со...
Драгана од Скопје: „Имам над 1.000 барбики, омилената ја платив 400 евра, заради филмот Barbie интер... „Моментално омилена ми е куклата Elina од филмот Barbie Fairytopia од 2006 годин...
„Мој омилен десерт е 'фореста нера' со пенливо розе“: Интервју со еден од најдобрите слаткари на све... Тој е еден од најдобрите слаткари во светот. Маестро Федерико Анцелоти неодамна ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg