Љубовната приказна на Симона и Кристијан: „Се венчавме во манастирот Бигорски, направивме свадба во тениски клуб“

„Црковното венчавање го направивме пред една година во манастирот Бигорски, церемонијата беше изведена од страна на Епископ Партениј, кој обрна внимание на секој детаљ, давајќи огромно значење на бракот и венчавањето, a сега направивме и забава за нашите најблиски во тениски клуб во Скопје“, раскажува Симона Николоска Павловска за CRNOBELO.com.

ljubovnata-prikazna-na-simona-i-kristijan-se-venchavme-vo-manastirot-bigorski-napravivme-svadba-vo-teniski-klub-01.jpg

Симона Николоска Павловска, вработена во маркетинг агенција, инаку девелопер и дигитален креативец, која долги години била во светот на модата заедно со модната агенција Models In, стапи во брак со Кристијан Павловски – сопственик на локал во Скопје, претходно вработен во маркетинг агенцијата, каде работи и Симона и каде и започнала нивната љубовна приказна пред 5 години.

Симона вели дека заедничка точка им била љубовта кон животните, спонтаноста која двајцата ја имаат и љубовта кон Mini Cooper автомобилите, кои и на крајот ги споиле во целост.

Симона за CRNOBELO.com ги споделува деталите за нивната љубовна приказна:

„Црковното венчавање го направивме пред 1 година во манастирот Бигорски, церемонијата беше изведена од страна на Епископ Партениј, кој обрна внимание на секој детаљ од церемонијата, давајќи огромно значење на бракот и венчавањето.

ljubovnata-prikazna-na-simona-i-kristijan-se-venchavme-vo-manastirot-bigorski-napravivme-svadba-vo-teniski-klub-10.jpg

Беше навистина голема чест да сето тоа биде изведено од негова страна.

ljubovnata-prikazna-na-simona-i-kristijan-se-venchavme-vo-manastirot-bigorski-napravivme-svadba-vo-teniski-klub-09.jpg

Свадбената прослава ја закажавме за точно една година по венчавката на истиот датум.

ljubovnata-prikazna-na-simona-i-kristijan-se-venchavme-vo-manastirot-bigorski-napravivme-svadba-vo-teniski-klub-11.jpg

Поканата беше една најава за тоа дека нашата приказна ја гледаме како нешто што има многу „Journey points“ (точки на патување), дел поминати, дел ги живееме и дел ни следуваат.

ljubovnata-prikazna-na-simona-i-kristijan-se-venchavme-vo-manastirot-bigorski-napravivme-svadba-vo-teniski-klub-25.jpg

Така и на самата покана пишуваше до кој „Journey point“ сме стигнати и со кого треба да го споделиме.

Свадбата (Wedding party) беше точката до која стигнавме заедно со нашиот Алексеј. Идејата за концептот на свадбата од самиот почеток ни беше топла, позитивна и релаксирана атмосфера секако со доза на елеганција и софистицираност, па така некако одлучивме да бараме место коешто ќе ни ги спои сите тие работи во една неконвенционална свадбена прослава.

ljubovnata-prikazna-na-simona-i-kristijan-se-venchavme-vo-manastirot-bigorski-napravivme-svadba-vo-teniski-klub-26.jpg

Идеја ни беше да биде зелено место, двор, градина, каде што акцент ќе ставиме само на потенцирање на веќепостоечката убавина на местото, односно инспирација ни беа тосканските свадби, кои секогаш зрачат со огромна позитива и слобода.

ljubovnata-prikazna-na-simona-i-kristijan-se-venchavme-vo-manastirot-bigorski-napravivme-svadba-vo-teniski-klub-28.jpg

Местото за свадбата го одбравме следејќи ги овие неколку работи, сосема случајно и незјаејќи дали воопшто постои шанса за свадба таму. Ја направивме во простор кој е составен дел од тениски клуб, каде што бевме многу близу до сè, но сепак одвоени од градот и гушнати од зеленилото на местото.

ljubovnata-prikazna-na-simona-i-kristijan-se-venchavme-vo-manastirot-bigorski-napravivme-svadba-vo-teniski-klub-13.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Виктор Апостоловски по свадбата и медениот месец на Лефкада: „Најмагично ми беше кога ја видов Милен... „Размислував дали да носам капче на свадбата и кога прашав почнаа повозрасните: ...
„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Отец Душко Пецов е на служба во Германија: „Има сè повеќе крштевки и венчавки, Македонците се сплоту... „Во Црквата во Дортмунд доаѓаат голем број Македонци и тоа особено за големите п...
Ана од Битола: „Партнерот ме запроси на 18 години, сите нè осудија, но чувствата не бираат ниту годи... „Кога партнерот ме побара за жена, имаше премногу негативни коментари, предрасуд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg