„Колку трае, дали боли третманот, дали може да се отстрани?“ - сѐ за трајната шминка со Милена Проданова

„Трајната шминка на веѓи трае 1 до 2 години, а трајниот кармин 3 до 5 години. Со трајната шминка можете слободно наутро да го измиете лицето и шминката сѐ уште ќе биде одлично средена. Клиентите велат дека третманот не е болен, но може да биде непријатен, сè зависно од регијата на која се работи“ – споделува Милена Проданова, прв интернационален тренер за трајна шминка во Македонија.

kolku-trae-dali-boli-tretmanot-dali-moze-da-se-otstrani-se-za-trajnata-sminka-so-milena-prodanova-01.jpg

Сите девојки сакаат подобра верзија од себе. Утра без шминкање, и да се биде совршен во текот на целиот ден е сон на секоја жена.

Милена Проданова e прв интернационален тренер за трајна шминка и microblading исцртување на веѓи од Sviato Academy во Македонија, сопственик на козметички салон во Гевгелија и мајка на две прекрасни деца.

kolku-trae-dali-boli-tretmanot-dali-moze-da-se-otstrani-se-za-trajnata-sminka-so-milena-prodanova-02.png

„Освен едукатор за трајна шминка исто така сум и едукатор за надградба на трепки за Kallos академијата од Хрватска, каде што имам обучено преку 100 студенти од земјата и странство.

Своите знаења и вештини ги стекнав на најпрестижните академии за убавина во светот, учев од светски едукатори од Украина, Русија, Естонија, Англија, Италија, Бразил, Хрватска, Србија, Босна – а,  тоа им го препорачувам и на моите студенти, да инвестираат во своето знаење, бидејќи знаењето е капитал кој никогаш не се потрошува!

Се натпреварував на светски натпревари каде што ја претставував нашата држава и покрај големата конкуренција се вратив со пехар. 

Чест и задоволство ми е тоа што покрај студентите во Македонија, своето знаење ќе го споделам и на студенти во Грција и Бугарија каде што веќе имам договорени едукации“.

kolku-trae-dali-boli-tretmanot-dali-moze-da-se-otstrani-se-za-trajnata-sminka-so-milena-prodanova-05.jpeg

Раскажете ни што точно значи трајна шминка PMU?

Трајната шминка е слична на тетоважата, но модерната верзија користи многу пософистицирани алатки, како и пигменти. Резултатите се делумно трајни, што значи дека траат од 2 до 5 години, зависно од процедурата.

Главната цел на трајната шминка е да се биде совршен во секој момент. На пример кога би одбрале трајна шминка за уста, би ја имале перфектната боја на вашите усни 24/7 без да се грижите дали ќе се избрише или размачка.

kolku-trae-dali-boli-tretmanot-dali-moze-da-se-otstrani-se-za-trajnata-sminka-so-milena-prodanova-16.jpeg

Исто така, трајниот eyeliner не се брише од кога ќе го измиете вашето лице. Ова е вид козметичка тетоважа, бидејќи пигментот се внесува помеѓу епидермисот и дермисот на вашата кожа.

Како се добива трајната шминка?

Артистите за трајна шминка користат машинки и алатки специјално дизајнирани за третманот кој во тој момент го работат. На пример, microblanding третманот се изработува со мала рачна алатка со мали иглички кои внесуваат пигмент под кожата.

kolku-trae-dali-boli-tretmanot-dali-moze-da-se-otstrani-se-za-trajnata-sminka-so-milena-prodanova-09.jpeg

Кои се придобивките од трајната шминка?

Замислете да се будите секое утро со веќе средена шминка. Со трајната шминка можете слободно наутро да го измиете лицето и шминката сѐ уште ќе биде одлично средена.

Меѓутоа, трајната шминка е многу повеќе од одлично средено лице, таа е вистинско решение за девојки кои имаат било какви проблеми со лицето. Во денешница, за жал, се повеќе се среќаваме со случаи каде клиентот ги изгубил веѓите поради некоја одредена причина и во овој случај microblading или magic shading brows се вистинското решение за нив.

kolku-trae-dali-boli-tretmanot-dali-moze-da-se-otstrani-se-za-trajnata-sminka-so-milena-prodanova-007.jpg

Дали трајната шминка е безбедна?

Со оглед на тоа дека трајната шминка е еден вид тетоважа, претставува отворена рана која е склона на инфекции, доколку не се одржува правилно. Како би ги избегнале можните компликации важно е да се придржувате на советите кои ви се дадени после третманот.

Кога се во прашање компликации, ретко доаѓа до алергиски реакции кои лесно се избегнуваат доколку го информирате вашиот артист пред самиот третман.

kolku-trae-dali-boli-tretmanot-dali-moze-da-se-otstrani-se-za-trajnata-sminka-so-milena-prodanova-25.jpeg

Артистот мора да биде информиран за каков било здравствен проблем, како не би дошло до какви било несакани ефекти за време на и после третманот. За да избегнете секакви компликации и незадоволства најважно е да го изберете вистинскиот артист, кој е пред сè сертифициран.

Дали клиентите чувствуваат болка за време на третманот?

Клиентите велат дека третманот не е болен, но може да биде непријатен, сè зависно од регијата на која се работи. Артистите обично користат анестетски креми за да ја намалат болката.

Клиентите се однапред информирани за сите чекори кои треба да ги преземат пред третманот. Исто така, им се даваат совети за понатамошната грижа, кои се многу важни за третманот да зарасне правилно.

kolku-trae-dali-boli-tretmanot-dali-moze-da-se-otstrani-se-za-trajnata-sminka-so-milena-prodanova-18.jpeg

Кој треба да ја избегнува трајната шминка?

Трајната шминка генерално се смета за безбедна, но некои луѓе треба да ја избегнуваат, бидејќи може да дојде до сериозни компликации.

Овие третмани не се дозволени за девојки помлади од 16 години, бремени жени и доилки, исто како и за клиенти кои имаат каква било дијагноза од доле наведените:

  • Било какви заболувања на крвта
  • Лица кои имаат било каков вид инфекции или заразни болести
  • Лица кои се во процес на хемотерапија
  • Лица со дијабетес би требало да добијат докторска дозвола

Која е трајноста на третманите за трајна шминка?

Сите третмани се делумно трајни, што значи дека после одредено време бојата ќе почне да избледува. Ова е всушност предноста на модерните козметички тетоважи бидејќи пигментот не ја менува бојата, само избледува. Исто така доколку трендовите се променат или едноставно ви здодее, ја оставате тетоважата да избледи.

Третманот за трајна шминка на веѓи трае од 1 до 2 години зависно од третманот и од типот на вашата кожа.

kolku-trae-dali-boli-tretmanot-dali-moze-da-se-otstrani-se-za-trajnata-sminka-so-milena-prodanova-088.jpg

Третманот на трајна шминка на очи трае и до 3 години, додека трајниот кармин трае од 3 до 5 години.

kolku-trae-dali-boli-tretmanot-dali-moze-da-se-otstrani-se-za-trajnata-sminka-so-milena-prodanova-14.jpeg

Дали трајната шминка може да биде отстранета?

Бидејќи овие третмани се делумно трајни полесно се отстрануваат од класичната тетоважа. Постојат ласерски и без ласерски техники. Доколку не сакате да бидете доведени во ситуација да ја отстранувате трајната шминка требе да го изберете вистинскиот артист.

kolku-trae-dali-boli-tretmanot-dali-moze-da-se-otstrani-se-za-trajnata-sminka-so-milena-prodanova-011.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Пред 45 години успеав да ја заведам единствената жена која посакав да ми роди деца“ – Жељко Самарџи... „Во брак сме 45 години и заедно пребродивме многу убави, но и тешки животни моме...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...
Бродски љубовни приказни: Србинот Ненад и Перуанката Дафне, Карен од Мексико и Роман од Венецуела Врските на брод се познати по својот краток рок на траење, многу авантури за едн...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg