Катерина С. Анѓеловиќ, јога и лајф коуч: „Со јогата се спознаваш себеси, медитацијата е одмор за умот, а во Индија научив клучни лекции“

Што значи медитација? Што е најважно притоа? Колку е тешко да се смири умот по напорен работен ден? Зошто луѓето треба да ја практикуваат?

Медитацијата е состојба на умот без мисли. И таа состојба е викенд за умот. Умот тогаш се одмара.

Погрешно е кога велиме – „ќе медитирам“, бидејќи медитацијата се случува, а не се прави, таа е резултат, а не дејствие. За да се случи, сепак се потребни одредени услови и претходни чекори.

Умот на секој човек постојано генерира мисли. Но често тие мисли се непродуктивни, нè уназадуваат и нè спречуваат, односно оддалечуваат да бидеме/спознаеме тоа што ние вистински сме.

За да се смири умот најпрвин е потребно телесно растоварување од тензијата и стресот. Затоа јогата нуди систем кој се состои од неколку степени.

katerina-s-angjelovikj-joga-i-lajf-kouch-trener-so-jogata-se-spoznavash-sebesi-a-meditacijata-e-odmor-za-umot-20.JPG

Најпрвин се вежбаат асани (физички вежби), потоа следат техники за дишење (пранајама) чијашто главна цел (иако имаат и други бенефити) е да го смират умот, да ги балансираат двете хемисфери на мозокот и откако ќе се смири, умот се наведува на еднонасочна концентрација, по која се случува медитацијата.

Умот на современиот човек е мултитаскинг што е сосема обратно од тоа што го објаснив. По еден напорен ден кога луѓето се враќаат од работа, тие сè уште не се вратени, тие сè уште мислат и зборуваат за работата, некои и до наредниот ден.

Ете затоа е многу потребна јогата и медитација во ова време на брз и стресен начин на живот. Го прашале јогинот – „Што постигна со јогата?“ – „Па постигнав да мислам на јадењето додека јадам, на работата додека работам и да заспивам лесно и мирно.“

Едноставни нешта кои ретко се применуваат.

katerina-s-angjelovikj-joga-i-lajf-kouch-trener-so-jogata-se-spoznavash-sebesi-a-meditacijata-e-odmor-za-umot-15.jpeg

Која јога поза им е најтешка на почетниците? Има ли некои од почетниците во јога кои се природно многу еластични?

Има повеќе пози кои им се тешки на почетниците. Еве ќе ја издвојам позата штипалка (paschimottanasana), која се работи во седната положба, телото се свиткува нанапред и треба да се допрат прстите на нозете. Голем број почетници не можат да ги допрат, но пак затоа кај оние кои се истрајни и кога по извесно време успеваат во тоа, радоста е навистина голема.

Друга „омилена“ асана е „чамец (navasana)“ како и останатите пози во кои се работи на стомачните мускули.

И за разлика од другите пози каде препорачувам да си го слушаат телото и да вежбаат според своите можности, кога станува збор за стомакот (џабе ни е мозок ако немаме стомак), тука не попуштам и ги стимулирам да издржат подолго во позите и да ги зајакнат стомачните мускули, бидејќи тие се потпора на ’рбетот, а од енергетска гледна точка во тоа подрачје е и центарот на личната моќ, на волјата и на самодовербата.

Има и природно еластични луѓе кои ништо претходно не вежбале, а можат да ги изведат и најнапредните асани. Таа еластичност им е од Бога дадена, треба само да ја негуваат.

Но на останатите не треба да им е фрустрација бидејќи сепак, јогата нè учи да си го осознаеме сопственото тело (не туѓото) и да ги прошириме сопствените граници. Тоа е вистинскиот напредок, кога ќе постигнеме повеќе од она што претходно сме можеле, но без неосновани его-амбиции, односно без болка и без да се повредиме.

katerina-s-angjelovikj-joga-i-lajf-kouch-trener-so-jogata-se-spoznavash-sebesi-a-meditacijata-e-odmor-za-umot-17.jpeg

Колку јогата е лек за душата?

Јогата во самиот збор го дава одговорот на ова прашање. Кога ќе се постигне единството меѓу телото, умот и духот, тогаш човекот е вистински среќен. Кога телото е во добра форма, умот стабилен, душата пее.

katerina-s-angjelovikj-joga-i-lajf-kouch-trener-so-jogata-se-spoznavash-sebesi-a-meditacijata-e-odmor-za-umot-10.jpeg

Како ти изгледа еден работен ден? Колку сметаш дека е благодат што не си по 8 часа во канцеларија?

Мојот работниот ден генерално започнува попладне и трае понекогаш до 22:30 часот. Но реално работното време не се само часовите.

Претпладнето често го користам за планирање, организирање и подготвување активности кои повторно се поврзани со јогата и студиото и за комуникација со практикантите. Што значи немам работно време.

Благодат во оваа работа се состои најмногу од тоа што сама го организирам своето време. Немам притисок од претпоставени, но пак имам од одговорноста кон сè што носи оваа работа и кон практикантите.

Се подразбира дека не страдам од вообичаените проблеми со кои се соочуваат сите кои седат на стол долго време, како спондилоза, разни дископатии, ишијалгични болки.

Но секоја работа има свои предности и недостатоци и затоа потребно е да се најде баланс во текот на денот и во животот генерално.

katerina-s-angjelovikj-joga-i-lajf-kouch-trener-so-jogata-se-spoznavash-sebesi-a-meditacijata-e-odmor-za-umot-02.jpeg

Ја имаш посетено Индија? Што научи таму, кои се лекциите кои никогаш нема да ги заборавиш? По што ја паметиш оваа земја?

Ја посетив Индија на едномесечен интензивен курс за јога инструктори по стандардите на Јога Алијансата.

Бев во Гоа, туристичко место познато и по бројните јога школите, во јога центар сместен на самата плажа на Арапското море. Искуството ми беше корисно во поглед на некои елементи од јога праксата и водството.

Го променив стилот на водење на часовите, почнав да ја разбивам предрасудата која мислам сè уште владее во Македонија дека јогата е бавна и досадна за динамичните луѓе.

katerina-s-angjelovikj-joga-i-lajf-kouch-trener-so-jogata-se-spoznavash-sebesi-a-meditacijata-e-odmor-za-umot-19.jpg

Ми беа корисни предавањата за алајнмент (aligment) и аџастмент (adjustment) односно коректно поставување во јога позите и коригирање на практикантите. Инструкторите беа одлични.

Предавањата по анатомија и ајурведа исто така беа корисни и интересни. Но во поглед на останатите јогиски техники и јога филозофијата јас лично, таму отидов со многу поголемо знаење и искуство стекнато во претходните години во нашата и во други земји преку семинари и обуки.

katerina-s-angjelovikj-joga-i-lajf-kouch-trener-so-jogata-se-spoznavash-sebesi-a-meditacijata-e-odmor-za-umot-23.JPG

Курсот беше многу интензивен и напорен, секој ден од 5 часот наутро до 18:30 освен во недела, па искрено не можам да кажам многу за Индија искуствено, со оглед на нејзината големина.

Можам да кажам нешто за Гоа која е егзотична и зрачи со енергија, луѓето се ослободени од предрасуди, вежбаат каде ќе посакаат на самата плажа. Кравата како свето животно присутна дури и на плажите, па и како случаен минувач низ рестораните. Храната прифатлива за мој вкус. Луѓето питоми, гостопримливи и насмеани.

Во секој случај корисно искуство кое треба да го искуси еден инструктор по јога. Лекции имаше многу, но не само од јогата, туку и животни лекции.

katerina-s-angjelovikj-joga-i-lajf-kouch-trener-so-jogata-se-spoznavash-sebesi-a-meditacijata-e-odmor-za-umot-21.JPG

Најголемите грешки кои ги прават почетниците по јога…

Најголемите грешки се која е лева, а која десна страна. Се шегувам. Навистина се греши со страните, па јас често знам да им кажам – другото десно или не твоето, туку моето десно.

Во суштина не можам да ги наречам грешки, бидејќи луѓето не знаат на почеток како правилно да се наместат во позата.

Секоја поза има повеќе елементи, точки на концентрација, усогласување со здивот, а некои секвенци се и доста динамични, па за да се научат коректно треба време, но затоа сум јас тука да им покажам и да ги коригирам.

Поголема тешкотија имаат со техниките за дишење, бидејќи во секојдневието никој не дише правилно, понекогаш како резултат на стресни ситуации дури се одзема здивот, се случуваат и панични напади и ред други несакани состојби.

И токму затоа овие техники се вредни да се научат и применуваат.

Сепак, најголемата грешка што може да ја направат почетниците е да се откажат од јогата уште пред да ги запознаат и почувствуваат благодатите што таа може да им ги даде.

katerina-s-angjelovikj-joga-i-lajf-kouch-trener-so-jogata-se-spoznavash-sebesi-a-meditacijata-e-odmor-za-umot-09.jpeg

Најмногу си горда на својата професија затоа што…

Затоа што е благородна професија и насочена кон помагање на другите. Среќните лица по часот, ведриот поглед и признанијата дека јогата им помага да ги спречат или намалат нивните проблеми, дека ги смирува и менува во подобри луѓе е мојот најголем успех на кој не се гордеам, туку се радувам заедно со нив.

katerina-s-angjelovikj-joga-i-lajf-kouch-trener-so-jogata-se-spoznavash-sebesi-a-meditacijata-e-odmor-za-umot-04.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg