Фросина е креативна девојка од Скопје: „На дрвена подлога ковам шајчиња и плетам со конец - делата се уникатни“
Првата изработка беше вазната со цвеќе и текст, која денес е нашата најбарана изработка.

Без да гледам видео туторијали започнав со работа и резултатот беше одличен, а потоа решив да направам и други изработки.

Потоа, дојде Денот на вљубените и 8 Март и можам да кажам дека оттогаш изработките станаа хит и почнаа да го добиваат своето место во домовите на многу луѓе.

Не можам да ја опишам среќата кога нешто што си го смислил и изработил со многу љубов е препознаено и носи среќа и на други луѓе кои го добиваат како подарок.


Тоа е непроценливо и покажува колку значи кога нешто е персонализирано и рачно изработено.

За дрвените слики се потребни неколку часа за изработка, но понекогаш и повеќе денови.
