Инспиративна жена: Дина Муцунска - менаџер, активист, вљубеничка во спортот и посветена мајка

urban-lik-dina-mucunska-menadjer-aktivist-vljubenichka-vo-sportot-i-posvetena-majka-13.jpeg

Тајната да се биде добар менаџер е…

Она кое мене ми помага е знаењето, умеењето, силната емотивна интелигенција и комуникациски вештини, организациските способности и филозофијата на доживотно учење.

urban-lik-dina-mucunska-menadjer-aktivist-vljubenichka-vo-sportot-i-posvetena-majka-21.jpeg

urban-lik-dina-mucunska-menadjer-aktivist-vljubenichka-vo-sportot-i-posvetena-majka-03_1.jpeg

Кои се твоите навики за убавина? Убавината отежнува или олеснува во бизнисот?

Убавината за мене е во хигиената и среденоста на кожата, ноктите и косата, во здравите навики за сон, храна, спорт, во духовната и менталната деконтаминација, исполнетоста со љубов и знаење, во чувството за естетика, односно спастреноста, зависно од приликата – соодветната гардероба, а особен удел во убавината за мене имаат и достоинството, позитивната енергија, смислата за хумор, насмевката и харизмата, односно што поприроден изглед, држење и однесување.

urban-lik-dina-mucunska-menadjer-aktivist-vljubenichka-vo-sportot-i-posvetena-majka-05.jpeg

Она што за мене значи убавина секако ги олеснува меѓучовечките односи и создава многу полесна комуникација и разбирање, кое е секако во прилог и на работни успеси.

urban-lik-dina-mucunska-menadjer-aktivist-vljubenichka-vo-sportot-i-posvetena-majka-03.jpeg

Кои се твоите тајни за продуктивен ден?

Планирајте што ќе работите и работете го она кое сте го испланирале. „Губачи на време“ денес има огромен број постојано насекаде во најразни форми, од човечки до дигитални… И затоа морам најпрво да си ги поставам приоритетите, па согласно нив да го планирам своето време, со рамка на саатница и конкретни активности секојдневно и тоа за што можно подолг период однапред, кое ме води кон максимална организираност, односно ефикасност, ефективност и продуктивност.

urban-lik-dina-mucunska-menadjer-aktivist-vljubenichka-vo-sportot-i-posvetena-majka-16.jpeg

Инаку верувам дека добриот избор на храна и многу вода, кои ги внесувам согласно моите потреби, но исто така и дозираноста со спорт, кој предизвикува циркулација – поголем доток на крв односно кислород во мозокот и ослободување од стрес, се во огромна мера одговорни за концентрацијата, енергијата и издржливоста, која ја поседувам.

urban-lik-dina-mucunska-menadjer-aktivist-vljubenichka-vo-sportot-i-posvetena-majka-20.jpeg

На кои животни успеси си најгорда?

Согласно погоре одговореното, се отсликува секако дека е тоа одењето по патот на мојата мисија. А како конкретни нешта поврзани со секојдневните обврски би го издвоила мојот директен придонес за развојт на туризмот во Берово и Малешевијата и тоа од самите негови пионерски зачетоци во новата македонска историја, а до денес веќе пасионирана две децениска посветеност.

urban-lik-dina-mucunska-menadjer-aktivist-vljubenichka-vo-sportot-i-posvetena-majka-02.jpeg

Односно креирањето на туристичките производи и услуги, од секој можен аспект: сместувачки капацитет, ресторански услуги, содржини за забава и рекреација, тури и екскурзии за посетителите и гостите, но и секако обука и обликување на човечките ресурси како кадар кои ќе ги сервисира овие содржини.

urban-lik-dina-mucunska-menadjer-aktivist-vljubenichka-vo-sportot-i-posvetena-majka-14.jpeg

Исто така исклучително значајно е моето делување во поврзувањето и креирањето – „пакувањето“ на ресурсите од регионот како туристички производи.

Од гледна точка на природата – маркиравме многу планински патеки за планинарење, пешачење и планински велосипедизам, го ставивме и езерото во функција со обезбедување на кајак и СУП даски понуда за групи, преку проект набавивме 25 премиум планински велосипеди за туристичко изнајмување, во туристички тури ги вклучивме: спомениците на културата, манастирите со нивните манифактури, музејот, исто така многу важен дел во туристичката понуда дадовме на традицијата, особено на традиционалната кујна со сите специјалитети кои ги „воскреснавме“, а пак ги подготвуваме од еко намирници произведени во чистиот малешевски регион, дел од традицијата се и занаетчиските работилници кои ги направивме достапни за нашите групни посети каде може да се проследи начинот на создавање на утилитарните добра, без кои животот во минатото не бил замислив, како на пример: ткајачката, воденичарот, калајџијата, бочварот, ковачот, копаничарот…

urban-lik-dina-mucunska-menadjer-aktivist-vljubenichka-vo-sportot-i-posvetena-majka-06.jpeg

На кратко кажано со моето секојдневно работење имам огромен удел во создавањето на регионот Берово и Малешевијата како препознатлива „туристичка дестинација“ во нашата земја и особено со моите ангажмани во неговата промоција, успеваме да привлечеме навистина голема и перманентна негова посетеност 12 месеци во годината, а бидејќи во функционирањето на синџирот на туризмот се вклучени премногу други комплментарни бизниси и даватели на услуги, тоа значи дека индиректно ја помагам многу локалната економија, кое води кон подобар квалитет на животот на локалното население и намалување или за жал успорување на иселувањето од крајот …

На сето горенаведено успевам да делувам и како човек од бизнис секторот – генерален менаџер на Хотел Манастир, но и како граѓански активист – претседател на здружението на граѓани ПСК Малешевска Корија.

urban-lik-dina-mucunska-menadjer-aktivist-vljubenichka-vo-sportot-i-posvetena-majka-08.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Виктор, внукот на Зоки Фаци: „До последниот ден се шегуваше дека ѕвезда како него мајка еднаш раѓа“ „Приватно беше многу различен од тоа што луѓето го гледаа јавно. Дома беше ...
Розета од Скопје, мајка на Атанасиа (2): „Ќерка ми се роди со криви стапала, ѝ беа гипсирани до преп... „Атанасиа се роди со криви стапала, доби дијагноза Еквиноварус Талипес на д...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Даниела од Скопје е впечатлива модна дама, со страст за скап и безвременски накит „Од накит ретко носам бижутерија поради алергија и сакам квалитетни часовници и ...
Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и... „На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа,...

Најчитани неделава