Александар Петровски: „Родителите треба редовно да ги мерат децата за рана детекција на нарушен раст и посета на ендокринолог“

„Првите симптоми најчесто се манифестираат во првите години од детството и затоа е важно родителите да следат дали нивното дете носи ист број на облека или обувки неколку години, потоа дали нивното дете отстапува од висината на неговите врсници... Секое дете кај коешто постои индикација за лекување со хормонот за раст, потребно е што поскоро да почне со терапија…“, споделува Александар Петровски (42) од Скопје за CRNOBELO.com, кој веќе 12 години е Претседател на Здружение РАСТ.

aleksandar-petrovski-roditelite-treba-redovno-da-gi-merat-decata-za-rana-detekcija-na-narushen-rast-i-poseta-na-ednokrinolog-01.jpg

Александар Петровски (42) од Скопје, вработен во ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, по професија машински техничар, татко на две малолетни деца, веќе 12 години е Претседател на Здружение РАСТ, а 8 години Претседавач на ICOSEP – International Coalition of Organizations Supporting Endocrine Patients.

Неговото мото е „Грижејќи се за здравјето на нашите деца, се грижиме за нашите поколенија и придонесуваме за нашата иднина.“

За CRNOBELO.com споделува зошто е важно редовното мерење на децата...

Зошто е важно родителите да вршат редовни мерења на своите деца?

За рана детекција на одредено заболување кое го нарушува нормалниот раст, потребно е родителите/старателите редовно да ги мерат своите деца.

Бидејќи растот кај децата завршува кон крајот на пубертетот (со затворањето на епифизите на коските), важна е раната детекција на нарушен раст, како би можело навремено да се делува со хормонска терапија и да се извлечат најдобри резултати за детето.

aleksandar-petrovski-roditelite-treba-redovno-da-gi-merat-decata-za-rana-detekcija-na-narushen-rast-i-poseta-na-ednokrinolog-02.jpg

Колку пати годишно се прави тоа и која е табелата за тоа кои се границите на нормала, за одредена возраст?

Доволно е 2 пати годишно да се прави мерење на децата и доколку тоа се прави кај матичниот педијатар, тогаш резултатот треба да се напише на перцентилна табела или т.н. крива на раст, која ја има кај секој матичен педијатар и е различна за момчиња и девојчиња.

А постои и апликација за мобилни телефони „Карта на растот“, преку која самите родители можат да го следат растот на нивното дете. На самата апликација има предупредување кога висината на детето е под нормалната граница и препорака за посета на лекар-ендокринолог.

Целната висина за детето се пресметува по формулата: (висина на таткото + висина на мајката) ÷2 = целна висина +/-6,5 см.

aleksandar-petrovski-roditelite-treba-redovno-da-gi-merat-decata-za-rana-detekcija-na-narushen-rast-i-poseta-na-ednokrinolog-06.jpg

Какви ендокринолошки заболувања постојат?

Кога станува збор за ендокринолошки заболувања се мисли на заболувања поврзани со целиот ендокринолошки систем, односно системот на жлезди со внатрешно лачење на хормони.

Најчесто при нарушување на растот имаме дефицит на хормонот за раст кој се излачува од хипофизата, која се наоѓа во главата. Меѓутоа освен ендокринолошките заболувања постојат и други состојби и болести кои го нарушуваат растот на децата,како што се хромозомопатиите во кои спаѓаат Тарнер синдромот, Нунан синдром, Прадер-Вили синдром и др., исто така и хронично ренално заболување, деца родени со мала родилна должина итн.

aleksandar-petrovski-roditelite-treba-redovno-da-gi-merat-decata-za-rana-detekcija-na-narushen-rast-i-poseta-na-ednokrinolog-10.jpg

Кои се најчестите нарушувања во Македонија и кога и како се манифестираат првите симптоми?

Кај нас во Македонија, како што споменав и во претходното прашање најчести се хромозомопатиите, понатаму и дефицитот на хормонот за раст, скелетна дисплазија, како и деца родени со многу мала родилна должина.

Првите симптоми најчесто се манифестираат во првите години од детството, и затоа е важно родителите да следат дали нивното дете носи исти број на облека или обувки неколку години, потоа дали нивното дете отстапува од висината на неговите врсници, и најважно редовно мерење на висината на детето.

aleksandar-petrovski-roditelite-treba-redovno-da-gi-merat-decata-za-rana-detekcija-na-narushen-rast-i-poseta-na-ednokrinolog-04.jpg

Фудбалерот Лионел Меси има ваков тип на животна приказна … Колку сметате дека говорењето јавно од страна на познатите личности помага за поткренување на свеста за оваа тема?

Колку повеќе се збори на таа тема од страна на познати личности, толку повеќе се шири пораката до што поголем број на родители, старатели, воспитувачи, баби, дедовци, доктори и сите оние кои би можеле да помогнат при раната детекција за нарушен раст.

Затоа нашето Здружение Раст континуирано работи низ сите наши активности за подигање на свеста за растот кај децата.

Моментално во тек е подготовка на кампања за рана детекција на нарушен раст, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, која ќе ги опфати сите детски градинки низ цела Македонија.

aleksandar-petrovski-roditelite-treba-redovno-da-gi-merat-decata-za-rana-detekcija-na-narushen-rast-i-poseta-na-endokrinolog-01.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Александар Цветковски: „Со сопругата се боревме со неплодност, имавме и мртвороденче, но сега сме бл... „Јас правев буквално сè за да го преболиме мртвороденчето по второто ИВФ и сега ...
Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург: „Најчести повреди се скршеници на колк, рачен зглоб, бут... „Ликот на пациент кој не верувал дека ќе застане без болка, на млад човек кој ми...
Педијатар специјалист Звезда Спасовска: „Детето треба да става играчки во уста за имунитет, лекови з... „Покачената температура е еден од најчестите симптоми кај децата кога се болни. ...
Игор Стефановски - Иџе за татковството: „Никогаш не сум бил на родителска, ќерката повеќе личи на ме... „Со синот Олег разговарам отворено за сè и тоа ме радува. Неизбежно е на ти...
Росана Петревска – деловна жена и префинета модна дама, чија страст се чевлите и чантите (фото) „Уживам во шопингот, како кај нас така и надвор. Последна дестинација ...
„Децата од нашата градинка секој ден се надвор, пешачат, играат и на дожд и во кал“: Интервју со Јас... „Во нашата градинка, децата секојдневно поминуваат 3 до 5 часа надвор. Ние верув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg