Марија од Куманово за сафари патувањето во Кенија: „Патувавме 40 часа, највозбудена бев кога се приближивме до група лавици“

Кои животни ги сретнавте на сафарито?

Сретнавме многу слонови. И мали и големи, а некои беа целосно извалкани во црвената африканска земја па дури изгледаа како да се бакарни.

Имаше голем број на зебри исто така, како и различни видови на антилопи и газели.

Видовме лавови, односно сите што ги сретнавме беа лавици. Жирафите вешто ни се криеја, ги видовме само од далеку. Имаше и ноеви и уште некои помали птици на кои не им го знам името, а секако и мајмуни.

BeFunky collage 15

Што ти беше најинтересно од целото искуство?

Самото возење низ таков пуст предел и од време на време забележување на диви животни кои слободно се движат наоколу беше многу забавно.

До некои се доближувавме и на растојание од само неколку метри. Во еден момент стигнавме до некоја дестинација каде што ни дозволија да излеземе од џипот на кратко.

Во непосредна близина имаше можеби дваесетина мајмуни кои скокаа и се движеа наоколу, неколку слонови и по некоја антилопа.

Се приближувавме со неколку колеги накај слоновите да ги снимиме и во тој момент некои од мајмуните почнаа да се закачаат меѓу себе и да испуштаат некои агресивни крици при што веднаш се стрчавме накај џипот ама штом сфативме дека не се упатени кон нас почнавме да се смееме сите заедно со колегите кои стоеја од страна и фаќаа сеир на нашата реакција.

BeFunky collage 16

Почувствува ли страв во некој даден момент?

Адреналинот беше највисок во моментот кога видовме група од неколку лавици како одмараат до еден вир вода, легнати грациозно на еден подигнат дел како подиум.

Не верувам дека имаше повеќе од 3 метри растојание помеѓу нас, можеби дури и помалку, а бидејќи џипот беше со поткренат кров имаше сосема доволно простор да влезат кај нас и тоа со само еден скок доколку се решат да го направат тоа.

Беше премногу возбудливо да се видат од толку блиску во нивната природна средина, меѓутоа морам да признаам почувствував и страв кога размислив каков исход може да има нашата средба ако на некој начин ги вознемириме.

За среќа, беа добро расположени кон нас – љубопитните туристи.

BeFunky collage 13

Колкава беше групата со која патуваше?

На целото патување во Кенија бев во друштво на уште шест колеги и колешки од Центар за интеркултурен дијалог, а на сафарито со нас дојдоа и две учеснички од Италија, па така се поделивме во два џипа, во едниот имаше пет луѓе, а во тој што бев јас бевме четворица.

Што сè имаше вклучено во програмата?                                                                                                                                 

Програмата за еднодневно сафари вклучуваше транспорт од местото каде што бевме сместени до самиот парк и назад со џип којшто е соодветен за тие услови, на којшто кровот му се крева доволно високо за да може сите да застанеме и убаво да гледаме без да ни биде попречен погледот од стакла.

Во цената беше вклучен и ручек којшто се служеше во еден дел од паркот, како ложа во којшто животните немаат пристап. Пред и по ручекот имавме по околу 3 часа возење наоколу низ паркот и секогаш кога ќе забележавме некои животни возачот застануваше и се трудеше да им се доближи колку е можно повеќе доколку се блиску до обележаниот пат.

BeFunky collage 19

Зошто секој треба барем еднаш во животот да оди на сафари?

Сите животни кои ги видов на сафарито ги имам видено во живо и претходно, така што тоа не беше нешто ново за мене.

Истите и многу други имам видено во биопарк во Валенсија од кој исто така сум фасцинирана. Меѓутоа, да се видат овие животни во нивната природна средина е нешто многу поинакво и претставува уникатно искуство.

Со какво искуство се врати назад во Македонија?

Прекрасно искуство, адреналинско доживување и многу убави спомени од блиските средби со тие убави суштества кои немам прилика често да ги гледам.

BeFunky collage 20

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Горан Пандев за татковството: „Присуствував на раѓањето на трите деца, најубаво ми е кога ќе заспием... „Моите три деца се родени во Италија. По нивното раѓање, кај нашите семејства во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg