Славе од Скопје, сопственик на кучето што глуми во првиот македонски хорор филм: „Имав 10 дена да го истренирам пред снимање“

„Го избраа за улога во македонски филм и со помош на лице кое е задолжено за тренирање на кучињата од војска и полиција, го научивме на нови команди за само 10 дена пред снимањето“ – раскажува за CRNOBELO.com Славе од Скопје, сопственик на вучјакот Макс кој глуми во првиот македонски хорор филм.

slave-od-skopje-sopstvenik-na-kucheto-shto-glumi-vo-prviot-makedonski-horor-film-imav-10-dena-da-go-istreniram-pred-snimanje-01.jpg

Макс е редок вид на германски овчар, или народно кажано вучјак. Црниот гремански овчар е за многумина непознат, бидејќи само 7% од сите вучјаци во светот се потполно црни. Повеќето се комбинација на црно со кафеаво.

Макс е мошне активно куче, самоуверен, има голема волја за учење и подготвеност на секаква наредба, лојален и приврзан со луѓето кои го познаваат, одличен чувар на неговата територија, интелигентен и послушен, а токму овие карактеристики го доведоа до улога во македонски филм. 

Во македонскиот хорор филм „Виртуоз“ Макс играл улога на ѓавол. Неговите задачи биле едноставни појавувања кои вклучувале и движења низ просторот.

Филмот се снимаше во декември 2021 во Крушево, под режија на Огнен Шапковски и продуцент Богдан Јончески. Филмот е во продукција на Сити Стар.

Поразговаравме со неговиот сопственик Славе Кочоски (22) од Скопје, кој е студент на Машинскиот факултет и студент на академија за IT мрежи...

Како започна приказната со Макс, од миленик до другар и куче-глумец?

Љубовта и пасијата кон кучиња ми се вроди од многу мал, но бидејќи живеев во стан на 5-ти спрат немав услови да чувам куче дома, поточно моите родители не дозволуваа да го чувам дома.

Па така, ги хранев уличните кучиња пред зграда и тие ми беа миленици. Откако се преселив во друг стан на приземје, се отворија повеќе шанси да чувам куче во дворот пред терасата.

После 10 години откако се вселив и убедување со моите родители успеав да ги убедам да чувам куче во дворот пред терасата.

Во меѓувреме мојот вујко чуваше црн германски овчар (вучјак) и знаев дека ќе има мали кучиња. Договорот беше да се грижам за кучето во целост.

Најпосле ми одобрија, одма се фатив за работа да направам голем бокс со куќарка. Макс се роди на 21-ви ноември 2019 година.

Отсекогаш сакав да имам спремно, истренирано и паметно куче. Уште од многу мала возраст (4 месеци) почнав да го дресирам редовно секој ден.

За дресурата да биде комплетна на 10-месечна возраст го испратив на дресура кај човек кој ги дресирал вучјаците во македонската војска, таму Макс беше 1 месец.

Од таму кога се врати па сè до ден денес, секој ден ги повторуваме командите и се разбира учиме нови команди. Во моментов ги усовршуваме безгласовните команди со раце.

kako-maks-od-kuce-milenik-stana-glumec-vo-prviot-makedonski-horor-film-02.jpg

Каква улога имаше Макс и како се снајде на снимањето?

Токму така на 2 годишна возраст случајно видов на социјалните мрежи дека познат македонски режисер има потреба од куче глумец за македонски краткометражен филм, си реков зошто да не пробаме, бидејќи Mакс е добро истрениран па знаев дека ќе ја совлада улогата која му беше доделена.

После неколку часа ми се јавија од продукцијата и ми рекоа дека Макс е избран па дали би сакал да учествуваме во филмот.

Јас се согласив, мислам дека имавме околу десетина дена за да го истренирам Макс пред да почне снимањето на филмот. Беше многу краток период па затоа следуваше напорна работа.

kako-maks-od-kuce-milenik-stana-glumec-vo-prviot-makedonski-horor-film-01.jpg

Со помош на лице кое е задолжено за тренирање на кучињата од војска и полиција успеавме да го истренираме за рок од 10 дена на неколку команди кои беа потребни за филмот, Макс никогаш претходно не ги знаеше командите.

На снимањето сè одеше во најдобар ред, секако имаше некои потешки сцени кои требаше да се повторат повеќе пати, бидејќи Макс не знаеше што се случува околу него многу луѓе, камери и актери знаеше да се исплаши и да се скрие.

Но на крај сè се заврши супер. Улогата на Макс беше ѓаволот, бидејќи сам по себе личи на црн ѓавол.

kako-maks-od-kuce-milenik-stana-glumec-vo-prviot-makedonski-horor-film-03.jpg

Како започнува дресурата за куче да може да слуша наредби дури и на сет за филм?

Кога станува збор за снимање на сет на филм, сè мора да е тивко бидејќи се снимаат звуците од околината, не смее да има ни најмало шушкање, беше напорно да се истренира Макс да ги слуша и изведува сите команди без да слушне глас од моја страна, туку сето тоа да биде изведено со одредени знаци на рацете.

Сите кучиња се тренираат, за некои треба повеќе време и трпение за други пак помалку, тоа зависи од карактерот на кучето. Милениците не се тренираат со тепање, викање, удирање.

Доколку се посвети доволно време секој миленик ќе слуша, со многу работа и труд сѐ успева. Јас лично Макс го тренирам со храна (награди).

kako-maks-od-kuce-milenik-stana-glumec-vo-prviot-makedonski-horor-film-04.jpg

Која е пораката до сите кои размислуваат за куче миленик, споредено со многу љубов, но и голема грижа и обврски?

Доколку сте заинтересирани за куче или било кој друг миленик најпрво треба да му се обезбедат добри услови за живеење, без разлика за кој миленик се работи.

Многумина деца како и возрасни сакаат да чуваат кучиња, но повеќето не сакаат да се грижат за нив, туку само визуелно да го имаат кучето, а друг да го храни и шета.

Кучињата се најлојалните другари на човекот, не постои куче кое што ќе ве мрази доколку му пружите љубов. Повеќето раси на кучиња се приврзуваат кон еден сопственик.

kako-maks-od-kuce-milenik-stana-glumec-vo-prviot-makedonski-horor-film-05.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Д. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Ирина од Скопје чува сфинкс мачка: „Нала многу сака да се гали и не е дива, идеална храна ѝ е сирово... „Нала е премногу мила и секогаш е расположена за галење. Воопшто не е дива како ...
Марија од Радовиш 10 години е во количка: „Не дозволив тоа да ми е пречка во животот - возам АТВ, ма... „Мобилноста ја изгубив како последица на тешка сообраќајна несреќа. Пред по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg