Марија Димишкова (33), експерт за јавно говорење: „Луѓето повеќе се плашат од јавен настап отколку од пајаци, тремата значи неподготвеност“

Кои се најчестите грешки што ги прават луѓето додека се подготвуваат и кога држат јавен говор?

Примарната грешка што ја прават е недоволната подготовка за јавниот настап. Многу често го потценуваат јавниот настап и се појавуваат некомплетно подготвени, па оттука следуваат и дополнителни пропусти во јавниот говор.

Во однос на таа недоволна подготовка, може да се случи да употребат погрешна терминологија или фрази што не ги разбираат, да имаат неадаптиран говор на тело, да немаат добри поенти во содржината што ја споделуваат, да не се запознаени со говорничкиот кодекс на однесување, да не внимаваат на кодексот на облекување и уште многу други моменти кои ги издаваат дека се несигурни и неподготвени.

marija-dimishkova-33-ekspert-za-javno-govorenje-lugjeto-povekje-se-plashat-od-javen-nastap-otkolku-od-pajaci-tremata-e-rezultat-na-nepodgotvenost-15.jpg

Можеме ли да ја избегнеме тремата со добра подготовка? Како и колку време треба да се подготвиме за да ја избегнеме?

90% од тремата што ја чувствуваме пред јавен настап е резултат на недоволна подготовка. Оттука, тремата и недоволната подготовка се многу тесно поврзани.

Една квалитетна подготовка се состои од интересна и добро подготвена содржина, адаптирана вербална и невербална комуникација.

Кога ја подготвувате содржината, истражете ја добро темата што ќе ја зборувате, соберете што е можно повеќе непознати факти и статистика поврзани со неа, разговарајте ја темата со вашите пријатели и соберете повеќе мислења за неа.

marija-dimishkova-33-ekspert-za-javno-govorenje-lugjeto-povekje-se-plashat-od-javen-nastap-otkolku-od-pajaci-tremata-e-rezultat-na-nepodgotvenost-04.jpg

Осмелете се додека ја подготвувате содржината да излезете од комфор зоната на интернет просторот, читајте стручна литература, биографии на влијателни личности, студии поврзани со конкретната тема.

Откако ќе ја напишете содржината, зборувајте ја на глас, станете свесни за динамиката на зборување, за интонацијата и темпото на презентирање. Потоа, зборувајте пред огледало и вежбајте го говорот на вашето тело.

marija-dimishkova-33-ekspert-za-javno-govorenje-lugjeto-povekje-se-plashat-od-javen-nastap-otkolku-od-pajaci-tremata-e-rezultat-na-nepodgotvenost-02.jpg

Постои ли некоја брза техника за смирување, во случај да имаме многу трема пред почетокот на јавниот говор?

Секоја желба за да се опуштите, да го истакнете вашиот глас, да ја намалите напнатоста, сè започнува од дишењето.

Кога сме под стрес пред почетокот на јавниот настап, се вознемирува телото, се подигнува нивото на адреналин, срцето побрзо чука, дишењето ни е кратко и брзо.

Земете си време за себе пред почетокот на говорот, фокусирајте се на бавно длабоко вдишување и издишување.

На тој начин ќе го смирите дишењето, ќе го опуштите телото и ќе направите дефокус на негативните мисли што многу често ни поминуваат низ глава кога сме вознемирени.

marija-dimishkova-33-ekspert-za-javno-govorenje-lugjeto-povekje-se-plashat-od-javen-nastap-otkolku-od-pajaci-tremata-e-rezultat-na-nepodgotvenost-10.jpg

Зошто некогаш ни се „блокира“ мозокот, особено кога одговараме или полагаме усно, и може ли да се избегне ова?

Недоволната подготовка на материјалот за зборување и вознемиреноста што ја чувствуваме пред некој настап, испит или деловен состанок може да доведат до помала концентрација понекогаш проследена со одредена блокада во комуницирањето.

Колку што посветувате внимание на добра подготовка на материјалот за тоа полагање или усно одговарање, толку посветете време и на себе. 

Погрижете се да имате добар сон непосредно пред полагањето, да се храните и хидрирате доволно, да ја намалите вознемиреноста со помош на серија длабоки дишења.

Ставете го повеќе фокусот на она што треба да го кажете, а помалку на тоа како се чувствувате во моментот.

marija-dimishkova-33-ekspert-za-javno-govorenje-lugjeto-povekje-se-plashat-od-javen-nastap-otkolku-od-pajaci-tremata-e-rezultat-na-nepodgotvenost09.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Еден ден со д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург: „Станувам во 5h, возењето мотоцикл ми е из... „Станувам во 5 часот затоа што сакам денот да почне мирно, а не хаотично. Не ми ...
Весела Христовска (36): „Имав мозочен удар при породувањето, го изгубив говорот на 3 месеци - денес ... „Најтешко ми беше губењето на говорот - афазијата. 3 месеци не можев да каж...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...
Миа Костова за стилот и убавината: „Ботокс ставам двапати годишно, мразам кардио вежби и пешачење“ „Редовно готвам, кај мене дома има ручек 4-5 пати неделно. Јадам домашна храна и...
Антониа Гиговска за новиот албум: „Роберт го замисли целиот проект, круната е за него - Киан ја обож... „Имаше многу интересни моменти на снимањата, па на спотот за „7 дена, 7 ноќи“, с...
Сузана Божинкочева: „По 4 години борба со неплодност и тон ужасни совети, со 3-тото ин-витро добив с... „Уф, не можам ни да ви дадам точна бројка колку инјекции, клексани, апчиња, ваги...

Најчитани неделава