Марија Димишкова (33), експерт за јавно говорење: „Луѓето повеќе се плашат од јавен настап отколку од пајаци, тремата значи неподготвеност“

„Тренинг програмите за јавно говорење се наменети за сите кои сакаат да научат една вештина плус во животот. Ретки се политичарите меѓу клиентите, многу повеќе работам со менаџери за продажба, маркетинг директори, раководни лица на компании, програмери, лекари... Она што особено ме радува последниве две години е зголемениот интерес за тренинг програмите кај средношколците и студентите“, открива за CRNOBELO.com Марија Димишкова која е магистер по односи со јавност, како и основач на првиот Центар за јавно говорење.

marija-dimishkova-33-ekspert-za-javno-govorenje-lugjeto-povekje-se-plashat-od-javen-nastap-otkolku-od-pajaci-tremata-obichno-e-rezultat-na-nepodgotvenost=-1.jpg

Марија Димишкова (33) е основач на првиот Центар за јавно говорење наменет за индивидуални, групни и корпоративни тренинг програми за надминување трема од јавен настап, како и унапредување на презентациските вештини.

Таа е дипломиран новинар, а од 2014-та и магистер по односи со јавноста.

Во 2006 година е избрана за најдобар оратор средношколец на град Скопје – признание од Американската развојна агенција УСАИД.

Во 2009 година, Марија е прогласена за најдобар оратор на Ораторските вечери „Иво Пухан“ на Правниот факултет Јустинијан Први, а истовремено е и прв добитник на специјалната награда „Бранко Ѓорчев“ во Македонија, за најдобар сценски настап.

За себе вели дека најголем успех ѝ е создавањето квалитетни и успешни говорници кои се издвојуваат од другите по своите унапредени говорнички техники и способности.

За CRNOBELO.com, Марија открива нешто повеќе за себе и обуките за јавно говорење:

Кога забележа дека имаш ораторски способности? Колку тоа ти има помогнато во животот?

Талентот за говорење прва го забележа мојата професорка по македонски јазик од средното училиште „Георги Димитров“ во Скопје, Наташа Ацевска, која беше иницијатор да учествувам на натпревар по јавно говорење.

Натпреварот беше дел од средношколскиот проект „Образовно рандеву“, поддржан од Американската агенција за меѓународен развој УСАИД. Учествуваа ученици од сите средни училишта од град Скопје, имавме подготвено говори на различни теми и за првпат зборувавме пред поголема публика.

Мојот говор се издвои како најуспешен, бев прогласена за најдобар оратор и така почна сè.

Образованието подоцна го продолжив на Правниот факултет во Скопје, на додипломски и постдипломски студии по новинарство и односи со јавноста.

Кога ќе погледнам назад, имав многу голема среќа што мојот талент беше препознаен. Затоа и улогата на наставникот во образовниот систем во земјава треба малку повеќе да се вреднува.

Наставникот не е вклучен само во образовната работа со ученикот, туку и во развој на креативниот потенцијал, поттик за квалитетна реализација на потенцијалот на ученикот, со еден збор создавање успешни нови генерации.

marija-dimishkova-33-ekspert-za-javno-govorenje-lugjeto-povekje-se-plashat-od-javen-nastap-otkolku-od-pajaci-tremata-e-rezultat-na-nepodgotvenost-14.jpg

За кого се најчесто наменети обуките кои ги држиш?

Тренинг програмите се наменети за сите кои сакаат да научат една вештина плус во животот, односно да ги унапредат презентациските вештини во своето деловно и лично комуницирање.

Тука спаѓаат лица кои имаат трема од јавен настап, кои настапуваат на радио и телевизиски емисии и кои сакаат да го подобрат своето професионално говорничко влијание.

Ретки се политичарите меѓу клиентите, многу повеќе работам со менаџери за продажба, маркетинг директори, раководни лица на компании, програмери, лекари, медиумски личности, имам клиенти речиси од секоја професија што бара јавно обраќање.

Она што особено ме радува последниве две години е зголемениот интерес за тренинг програмите кај средношколците и студентите.

marija-dimishkova-33-ekspert-za-javno-govorenje-lugjeto-povekje-se-plashat-od-javen-nastap-otkolku-od-pajaci-tremata-e-rezultat-na-nepodgotvenost-03.jpg

Кој дел од обуката е најголем предизвик за луѓето што ги обучуваш?

Клиентите се соочуваат со многу предизвици кога почнуваат да работат на подобрување на презентациските вештини.

Почнувајќи од прифаќањето на фактот дека многу мал процент од тремата што ја чувствуваат е видлива за публиката, преку перцепцијата за своите говорнички капацитети, до свесноста за улогата на гласот во нивното комуницирање.

Но, најголем предизвик е дефинитивно желбата да излезат од комфор зоната, да понудат поинакви креативни содржини и да се издвојат од останатите говорници во деловниот свет.

marija-dimishkova-33-ekspert-za-javno-govorenje-lugjeto-povekje-se-plashat-od-javen-nastap-otkolku-od-pajaci-tremata-e-rezultat-na-nepodgotvenost-05.jpg

Зошто голем број луѓе се плашат од јавно говорење?

Со години, стравот од јавно говорење е прв на листата стравови, пред стравот од смртта и стравот од пајаци.

Искуството ми покажува дека луѓето кои имаат страв од зборување пред публика имаат непријатно искуство во минатото поврзано со некој јавен настап или, едноставно, се соочуваат со негативни мисли поврзани со јавното појавување.

Секоја мисла дека ќе погрешат, дека ќе заборават дел од содржината што треба да ја споделат, дека ќе добијат негативни реакции од публиката, ја намалува самодовербата и влијае на интензивирање на вознемиреноста пред јавниот настап.

marija-dimishkova-33-ekspert-za-javno-govorenje-lugjeto-povekje-se-plashat-od-javen-nastap-otkolku-od-pajaci-tremata-e-rezultat-na-nepodgotvenost-13.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бојан Велевски, стенд-ап комичар: „Сопругата не можам да ја ‘омекнам' со шега кога ми е лута, во Коч... „Тие генерации што израснавме во тоа време, со 'Наше маало', 'Големи и мали', зн...
Дијана (30) од Тетово живее во Германија: „Сите пластични играчки на синот (2) ги заменив со дрвени,... Разговараме со Дијана (30) од Тетово, која живее во Германија со семејството, а ...
Игор Стефановски - Иџе за татковството: „Никогаш не сум бил на родителска, ќерката повеќе личи на ме... „Со синот Олег разговарам отворено за сè и тоа ме радува. Неизбежно е на ти...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Игор Стојанов - Баркли, комичар: „Животот го посветив на изнудување туѓи насмевки“ „Неизмерно сум среќен кога шегата е толку добра, што покрај публиката, ќе ме нас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg