Сузана Божинкочева: „По 4 години борба со неплодност и тон ужасни совети, со 3-тото ин-витро добив син“

„Уф, не можам ни да ви дадам точна бројка колку инјекции, клексани, апчиња, вагиналети имам ставено во моето тело. Илјадници. Во еден период имав толку многу хормони во себе што физиономијата и карактерот ми се сменија тотално“, искрено раскажува Сузана Божинкочева (39), мајка на 18-месечниот Марко.

suzana-bozhinkocheva-po-4-godini-borba-so-neplodnost-i-ton-uzhasni-soveti-so-3-toto-in-vitro-dobiv-sin-01.jpg

Сузана Божинкочева (39) од Скопје, новинар по професија, по 4 години борба со неплодност, го добила синот Марко, кој денес има 18 месеци.

Во тој миг ѝ се исполнил сонот да се реализира како мајка.

Вели дека со сопругот започнале со обиди да станат родители уште пред свадбата во 2019-та година.

Го споделува јавно изодениот и навистина тежок пат, за сите кои минуваат низ истото.

Сузана ја споделува својата приказна за CRNOBELO.com:

Колку време со сопругот се обидувавте да имате деца, пред да помислите дека постои некаков проблем и е време за испитувања?

Со сопругот се обидувавме да имаме дете уште пред нашата свадба (септември 2019-та година).

Првата помисла дека нешто не е во ред ја имавме околу 6 месеци по првичното активно обидување.

За жал, во тој период дојде и КОВИД-19 пандемијата, па сè одеше многу поспоро од очекуваното во однос на медицинските испитувања.

suzana-bozhinkocheva-po-4-godini-borba-so-neplodnost-i-ton-uzhasni-soveti-so-3-toto-in-vitro-dobiv-sin-04.jpg

Какви испитувања направивте и кој беше заклучокот на докторите?

Започнавме со стандардната процедура, што е кај секој кој ќе тргне по овој пат.

Ехо, хормонален статус, спермограм, за подоцна да се прошири листата на испитувања со ХСГ и хистероскопија во 2022-ра година за да отстранам септум на матката кој додатно ги комплицираше работите.

Инаку, септум на матка е вродена анатомска состојба при која внатрешноста на матката е делумно или целосно поделена со тенка преграда (ѕид), наречена септум.

suzana-bozhinkocheva-po-4-godini-borba-so-neplodnost-i-ton-uzhasni-soveti-so-3-toto-in-vitro-dobiv-sin-14.jpg

Откако ти ја поставија дијагнозата, што беше нареден чекор?

Покрај септумот, официјалната дијагноза беше намалена оваријална резерва и веднаш од страна на матичната бевме советувани да побараме помош од специјалисти на асистирана репродукција.

На препорака од матичниот гинеколог се одлучивме за една приватна клиника и за доктор Владимир Трајковски кој ме водеше низ сите преостанати процедури, стимулации и трансфери.

suzana-bozhinkocheva-po-4-godini-borba-so-neplodnost-i-ton-uzhasni-soveti-so-3-toto-in-vitro-dobiv-sin-11.jpg

По колку години неуспешни обиди дојде до асистирано оплодување?

Дојде по 2 неуспешни обиди. Третиот обид се покажа успешен за нас, и вечно ќе го паметам тој датум.

17-ти ноември 2023-та година беше денот на трансферот со кој го добивме син ми.

Тоа беше екстремно врнежлив ноемвриски ден, но сестра ми како да предвиди дека ќе биде среќен за нас. И така и беше.

suzana-bozhinkocheva-po-4-godini-borba-so-neplodnost-i-ton-uzhasni-soveti-so-3-toto-in-vitro-dobiv-sin-02.jpg

Долови ни како изгледа оваа постапка? Колку е емотивен процесот?

Пред започнување на самиот процес на стимулација потребно е собирање на документи и резултати од тестови, анализи и инсеминации (кај нас фондот бараше 3 претходни инсеминации пред да ни одобрат ваучер за ин-витро).

Тоа само по себе е посебна приказна бидејќи голем дел од документите се чекаат долго, голем дел од реагенсите недостасуваа, па мораше да се снаоѓаме на приватно и времето поминато во чекање, прашување, земање упати и резултати е дополнителен товар.

Може да трае и до една цела година. Тоа е екстремно емоционален, финансиски и психолошки товар за толку долг период.

За среќа, имав голема помош од мајка ми, сестра ми, сопругот, но главниот товар го носи самата жена што поминува низ тоа. За жал, така е...

suzana-bozhinkocheva-po-4-godini-borba-so-neplodnost-i-ton-uzhasni-soveti-so-3-toto-in-vitro-dobiv-sin-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...

Најчитани неделава