Сузана Божинкочева: „По 4 години борба со неплодност и тон ужасни совети, со 3-тото ин-витро добив син“

Колку инјекции прими, каква хормонска терапија имаше и како тоа влијаеше врз тебе?

Уф, не можам ни да ви дадам точна бројка колку инјекции, клексани, апчиња, вагиналети имам ставено во моето тело. Илјадници.

Во еден период имав толку многу хормони во себе што физиономијата и карактерот ми се сменија тотално.

Отокот на телото е неминовен, модриците (подливите) од местата за боцкање исто така, а да не зборувам за хормоналните промени во расположението.

Замислете ги класичните ПМС симптоми (иритабилност, плачење, опсесивни мисли), но помножено со 1.000 бидејќи тоа се огромни дози на хормони кои дневно ги внесуваме.

Дури и еве 18 месеци по породувањето, матичната ми рече дека ако кај нормална жена (без поминати ин-витро постапки) времето на враќање во нормала е година-две, кај нас со ин-витро ќе потрае и до 4-5 години сигурно.

suzana-bozhinkocheva-po-4-godini-borba-so-neplodnost-i-ton-uzhasni-soveti-so-3-toto-in-vitro-dobiv-sin-10.jpg

Како изгледа периодот по трансферот на ембриони? Мируваше ли, броеше ли денови, велат дека ова е најтешкиот дел, дали е навистина така?

Да, по трансферот докторите препорачуваат мирување во првите неколку дена, јадење на храна со многу протеини и посебна терапија во наредните 2 седмици, која треба да помогне да се зголемат шансите за успех.

Препорачуваат и смирување на нервите бидејќи и тие имаат удел во исходот на самиот процес.

За некој со анксиозност како мене, тоа беше екстремно тешко, но кога се мора не е тешко, нели?

suzana-bozhinkocheva-po-4-godini-borba-so-neplodnost-i-ton-uzhasni-soveti-so-3-toto-in-vitro-dobiv-sin-13.jpg

Како изгледа борбата со неплодноста?

Мило ми е што сега сè повеќе се зборува за борбата со неплодноста.

Здруженијата како „Здружение До бебе по патот на ИВФ“ навистина многу помагаат да се подигне свеста за овој проблем, но и да се олесни патот на лицата кои сакаат да се реализираат како родители.

Но, колку и да се подобрени работите, чувствувам дека неплодноста, но и самиот ин-Витро процес уште е табу-тема кај нас.

Јас особено, но и моето семејство, се изнаслушавме секакви глупости во тие 4+ години борба.

Илјадници бесполезни „совети“, особено од постарата генерација, и илјадници мислења што јас треба да направам за да имам дете.

Од пиење на ужасни чаеви до одење во манастири. Никој во моето потесно и пошироко семејство не се справувал со ин-Витро постапки, а и моите пријателки, исто така, за среќа, не беа дел од ИВФ процедурите.

Немав со кого да споделам искуство, да прашам, да добијам совет. Затоа сега стојам на располагање на сите околу мене кои ќе решат да одат по овој пат.

Можеби е осамен и полн со пречки, но вреди за тој што не се откажува.

suzana-bozhinkocheva-po-4-godini-borba-so-neplodnost-i-ton-uzhasni-soveti-so-3-toto-in-vitro-dobiv-sin-15.jpg

Од кој обид беше успешна ин-витро постапката? Како изгледаше породувањето?

Успешната ин-витро постапка ја имавме по третиот обид, и еве пак ќе напомнам - боцкањето за мене не заврши со позитивниот тест за бременост.

До половина од бременоста јас повторно морав да се боцкам со хормони, а до породувањето и со клексани.

Точно 10 месеци се боцкав секој ден со клексани, и веќе толку ми стана рутина што дури станав експерт.

За среќа, пак, бременоста ми беше екстремно лесна, без никакви компликации и ја поминав буквално на нозе, шетајќи и уживајќи.

Имав среќа што сестра ми и јас бевме бремени речиси во исто време (децата ни се 3 месеци разлика во возраст), а се породив со царски рез во 38-ма недела.

Закрепнувањето од царскиот беше исто така лесно за мене, но најмногу мака видов со воспалените гради веднаш потоа.

Уф, царскиот рез ми беше буквално песна, но градите ме мачеа дури 3 месеци по породувањето.

suzana-bozhinkocheva-po-4-godini-borba-so-neplodnost-i-ton-uzhasni-soveti-so-3-toto-in-vitro-dobiv-sin-12.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...

Најчитани неделава