Спасе Манев, колекционер на важечки банкноти: „Сакам да ја најдам банкнотата од Северна Кореја, ретко кој собира важечки банкноти“

„Колекционери на стари банкноти постојат многу, но колекционери на сè уште важечки банкноти не сум сретнал во Македонија, иако би сакал, пред сè поради тоа што многу лесно би си помогнале. Ова хоби ми ги одвлекува мислите од секојдневието, а тешко се наоѓаат банкноти од Азија и Африка“ – вели во интервју за CRNOBELO.com, Спасе Манев, колекционер на сè уште важечки банкноти од светот.

spase-manev-kolekcioner-na-vazhechki-banknoti-sakam-da-ja-najdam-banknotata-od-severna-koreja-retko-koj-sobira-vazhechki-banknoti-01.jpg

Спасе Манев (32) од Скопје е лиценциран туристички водич, кој во слободното време е колекционер на сè уште важечки банкноти од светот, полускапоцени камчиња, магнети за фрижидер, карти за играње, итн.

Тој во интервју за CRNOBELO.com зборува повеќе за својата колекција на сè уште важечки банкноти, а и сподели повеќе фотографии од нea.

spase-manev-kolekcioner-na-vazhechki-banknoti-sakam-da-ja-najdam-banknotata-od-severna-koreja-retko-koj-sobira-vazhechki-banknoti-02.jpeg

Погледнете како изгледа импресивната колекција на Спасе, кој во последните 2 години успеал да собере околу 65 отсто од вкупниот број на банкноти од целиот свет и прочитајте кои банкноти на Спасе му се меѓу најдрагите, од кои земји најтешко се доаѓа до банкноти, но и како се чува оваа колекција.

Проследете го интервјуто со Спасе во целост:

Како стана колекционер?

Колекционер на други работи сум многу одамна, но конкретно колекционер на сè уште важечки банкноти сум од јануари 2020-та година.

Љубовта кон туризмот и патувањата ме спои со ова интересно хоби.

Каков тип банкноти собираш и зошто?

Собирам банкноти од светот што се сè уште важечки. Како што патував надвор од Македонија и банкнотите што ми остануваа си ги носев дома како сувенир, па си реков, зошто да не почнам да ги собирам овие што се сè уште важечки. Така почна цела приказна.

spase-manev-kolekcioner-na-vazhechki-banknoti-sakam-da-ja-najdam-banknotata-od-severna-koreja-retko-koj-sobira-vazhechki-banknoti-06.jpeg

Колку банкноти имаш во колекцијата?

Имам собрано нешто помалку од 100 банкноти или околу 65%.

Дали банкнотите ги чуваш од патувања или пак ти ги подаруваат?

Има мал дел што ги имам собрано од моите патувања, но останатите околу 90% ми се од луѓе што сум ги наоѓал по социјалните мрежи и некои банкноти од пријатели и познаници.

Претежно банкнотите ми ги подаруваат и не ми бараат некаков надомест, освен 2-3 банкноти кои си ги платив како чешката круна и шкотската фунта.

spase-manev-kolekcioner-na-vazhechki-banknoti-sakam-da-ja-najdam-banknotata-od-severna-koreja-retko-koj-sobira-vazhechki-banknoti-07.jpeg

Кои ти се највредните парчиња?

Во колекцијата имам различни банкноти и тешко е според мене да се избере највредната, бидејќи сите се убави на свој начин.

Можеби некои како банкнотите од Виетнам, Узбекистан и Гана би можел да кажам дека малку се попривлечни, пред сè поради дизајнот.

Која банкнота ја немаш во колекцијата, а посакуваш да ја имаш?

Би сакал да ја имам банкнотата од Северна Кореја, пред сè поради тоа што не може да се добие лесно.

Сигурно ако ја најдам, ќе ја сместам на првата страна во албумот.

spase-manev-kolekcioner-na-vazhechki-banknoti-sakam-da-ja-najdam-banknotata-od-severna-koreja-retko-koj-sobira-vazhechki-banknoti-09.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Али Риза од Пакистан 8 години живее во Македонија: „Работам во суд, тука платите се подобри отколку ... „Јас ја напуштив својата држава со цел да најдам подобар живот и очигледно тоа г...
Каде е денес Боби Андонов, момчето родено во Австралија, кое ја претставуваше Македонија на Јуниор Е... „Моите родители потекнуваат од мали села околу Струмица. Секогаш бев тажен ...
Деми од Холандија се пресели во Македонија: „Мајка ми е Македонка, татко ми е Србин, а Шабан Шаулиќ ... „Во Холандија сè е поиспланирано и луѓето имаат брз живот. Гледам дека тоа полек...
Биљана Анѓушев 10 години живее во САД: „Отидовме со 13-месечно бебе, тешко најдовме работа со сопруг... „Моето семејство сметаше дека веќе имаме сè што ни треба во Македонија. Мис...
Аспен (26) од Аризона се пресели во Македонија: „Јазикот го научив сама, тука го најдов својот мир“ „Готвам македонски јадења барем трипати неделно, постојано пробувам нови рецепти...
Зорица од Велес живее во Германија: „На почетокот сакав да си ги спакувам куферите за назад - денес ... „Образовниот систем се базира на индивидуален пристап кон секое дете, со ак...

Најчитани неделава