Катерина Ангеловска, тренер за личен развој: „Се преправаме дека животот ни е совршен, а вистината е далеку од тоа – работете на себе“

Од друга страна самодовербата е клучна во секој животен сегмент од нашето постоење. Во мементо кога самодовербата е на ниско ниво, како да се зголеми вербата во себе и да се направат вистинските чекори?

Чинот на верба и доверба во себе е важен аспект на човековото живеење. Зошто свеста за моќта на себе ни овозможува да преминеме од позиција на страв и контрола во позиција на верба и доверба во себе.

За жал системот во кој живееме не нè учи како вистински да се сакаме, и да веруваме во себе и нашите емоции и чувства.

Некако сме оставени да живееме на автопилот и тој не води во животот за жал, и самодовербата честопати ни е ставена под знак прашалник во различни ситуации во животот.

Затоа е тука личниот развој и свесното живеење. Личниот развој е нов универзален поредок на денешницата кој ни овозможува да ја освестиме личната природа и нашите огромни потенцијали кои ги носиме во себе.

А свесното живеење е начин на живот кој ни помага да се фокусираме и да живееме во сегашниот миг, да престанеме да се вознемируваме за минатото или да се грижиме за иднината.

И со целото наше битие да ги искусиме и разбереме нештата кои навистина се важни и кои произлегуваат од нас, а тоа се убавината, љубовта, креативноста, внатрешниот мир, радоста.

И од таму ќе ја доживееме и живееме вербата и довербата во себе на одржлив начин.

katerina angelovska licniot razvoj ni ovozmozuva da ja osvestime licnata priroda i nasite ogromni potencijali koi gi nosime vo sebe 6

Велите дека лесно е да се направат неколку асани во текот на денот, но лесно е и да не се направат. Кои асани најчесто ги практикувате секој ден?

Во зависност од тоа што сакаме да постигнеме и која е нашата намера и цел, толку и „асани“ ќе направиме во текот на денот. Целосно сум свесна што значат и прават јога асаните за моето холистичко здравје и сум секојдневно посветена на нивната пракса.

Доколку сакаме да станеме мајстор во работата, или врвен спортист, актер, режисер, уметник, доктор, да сме здрави и витални, да сме господар на своите мисли и емоции, и слично, тоа се постигнува кога ќе ги усовршиме основите со дисциплинирано повторување на свесно ниво додека не станат дел од нашето битие.

Секоја навика се создава со повторување на мисла или акција. Секој спортист тренира физички и ментално со цел да постигне несвесна способност.

Кога еден музичар ќе отсвири една нота илјадници пати, тој веќе несвесно свири виолина.

Еден час вежбање јога денес не е тешко да се направи, а не е тешко и да не се направи. Но доколку вежбаме ќе имаме здраво и убаво тело.

Доколку сакаме да имаме успех во личните врски, работата, љубовта, здравјето, изгледот, животниот стил, принципот е секогаш ист.

За секое манифестирање ни се потребни време, дисциплина, фокусирана работа и посветеност. Нема друга тајна!

katerina angelovska licniot razvoj ni ovozmozuva da ja osvestime licnata priroda i nasite ogromni potencijali koi gi nosime vo sebe 7 copy

Кои медитации би им ги препорачале на луѓето кои се во постојана потрага по мир и подлабока смисла на своето постоење?

Многу се радувам што и кај нас веќе отворено се зборува за медитацијата како техника која придонесува за значајни подобрувања во секој аспект кај човекот.

Медитацијата се практикува илјадници години, и првично била наменета да им помогне на луѓето во продлабочување на древните и мистични сили на животот.

Денес во западниот свет медитацијата вообичаено се користи за релаксација и намалување на стресот. Таа како техника е вчудовидувачки едноставна и лесна за практикување.

Медитирам долги години, и за време на моите почетоци кога се запознавав со медитацијата како техника, имав потешкотии да си го смирам умот и мислите кои ми доаѓаа.

Не можев да се фокусирам и барав начин како чекор по чекор да дојдам до фаза каде едноставно ќе бидам во состојба на трансценденција.

Водечките медитации ми беа вистински благослов кои ми помогнаа во овој процес. И за сите оние кои се почетници и кои сакаат да навлезат подлабоко во светот на медитацијата, ги препорачувам овие медитации.

Во водечките медитации целиот процес го води трето лице. Таа или тој што ја води медитацијата нè доведува во алфа-состојба на умот.

Вие сте будни и свесни додека слушате, не спиете туку влегувате во релаксирана медитативна состојба.

Овие медитации не се однесуваат на хипнoтерапевтски методи или конвеционални аудиопрограми, туку се синтеза на техники кои вклучуваат медитативна музика, длабока релаксација и водени слики.

Овој начин на медитирање може да помогне чекор по чекор да го смирите сообраќајот на мислите во вашиот ум, да започнете со подлабоко себеспознавање, и да ви даде предзнаење и насока за да продолжите потоа самостојно да медитирате.

Ве повикувам да започнете најпрво со водечките медитации преку кои ќе откриете колку едноставна и трансцендентна е медитацијата.

katerina angelovska licniot razvoj ni ovozmozuva da ja osvestime licnata priroda i nasite ogromni potencijali koi gi nosime vo sebe 4 copy

Многумина сакаат да се посветат на јога, спорт, интелектуална активност да развијат некоја нова вештина, но едноставно не се подготвени да се откажат од комфорот и всадените навики. Како да се најде мотивација и како да се зачекори спрема новите искуства кои на почеток знаат да нè заплашуваат?

Во природата на човекот е постојано да се жали и да бара изговори за сè нешто. Вистината е дека имаме време за сè, но дали ни е приоритет да работиме на себе или сакаме моментални задоволства.

Никогаш не е доцна да почнете да работите на себе и да ги поставите нештата во посакувана насока.

Никој не е млад или стар за да започне нешто ново или да почне од почеток. Сетете се како беше кога го живеевте вашиот живот со полни гради.

Размислете што е тоа што ве прави среќни.

Напишете ги на хартија, и дефинирајте ги областите на кои сакате да се посветите и фокусирајте се на нив.

Започнете да ги учите основите, па за кратко време со редовно повторување ќе се искачите повторно на врвот. Затоа велиме дека сè што е пријатно сега станува непријатно во некое идно време, и она кое не е пријатно сега, станува пријатно утре.

Секој од нас се наоѓал во комфорна зона, и јас сум си ги сакала моменталните задоволства и сиот можен комфор кои тие го даваат. Но со текот на времето научив да си поставувам приоритети и сум ги следела овие принципи на успех.

Дали сте забележале дека кога нешто ќе постигнете сте порасположени, имате повеќе енергија и радост, се чувствувате живо, помотивирани сте и сакате да направите повеќе?

А кога нештата не ви одат, некако сте демотивирани и губите интерес, едноставно знаете да се откажете пред крајот.

Кога имаме сон, кога имаме визија која внатрешно нè исполнува и ни предизвикува радост и задоволство, тогаш лесно донесуваме одлука за промена и тргнуваме во акција.

По акцијата секогаш следува последица, која нè носи во насока на нови мисли и емоции и ни дава надеж и мотивација да продолжиме понатаму. Ни се зголемува самодовербата и се олеснува процесот на создавање.

Истражете што навистина сакате. Дали е тоа чувство на слобода, на среќа, безгрижност, повеќе време со саканите, да ја работите работата која ја сакате, да имате здраво и убаво тело, само истражете.

Поставете ги како приоритет, да бидат вашето зошто, вашата мотивација. А како ќе биде вашата дисциплина, фокус и посветеност и ќе видите како ќе уживате во целиот процес. Дозволете животот да тече низ вас.

katerina angelovska licniot razvoj ni ovozmozuva da ja osvestime licnata priroda i nasite ogromni potencijali koi gi nosime vo sebe 5

Мислам дека тука може да го завршиме разговорот со уште ова прашање: работите ли на нова книга за лична и колективна преобразба?

Голем е копнежот да искреирам нова книга од оваа област, и верувам дека наскоро ќе се манифестира едно убаво дело кое ќе биде придонес за сите нас.

katerina angelovska licniot razvoj ni ovozmozuva da ja osvestime licnata priroda i nasite ogromni potencijali koi gi nosime vo sebe 12 copy

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Ана од Битола: „Партнерот ме запроси на 18 години, сите нè осудија, но чувствата не бираат ниту годи... „Кога партнерот ме побара за жена, имаше премногу негативни коментари, предрасуд...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg